Од случката со заушките, опишана во линкот на Lurtz, видовме каков е ефектот на лошите вакцини. Цели генерации кои се вакцинирале со тие вакцини, заболеле од заушки, тие по нив и тие пред нив, не. (грубо гледано) Го памтиме тоа, не беше толку далеку.
Сега имаме повторно таква случка со вакцините кои ги споменав јас. Увезени од Бугарија, на рефус, не во шишенца. Кој си знаеше (докторите, функционерите и остала "елита"), си плати 50 евра и у Грчка си ги вакцинираа децата, со таа вакцина (не знам за што беше).
Сега (од оваа година), одкоа пукна брука и обична раја како мене дозна за ова, увезоа нови од некоја западноевропска земја вакцини за тоа (шестовалентни се сега) и нема потреба да се иде у Грчка за тоа вакцинирање. Али тие обични луѓе што си ги вакцинираа своите деца со таа рефусот вакцина, им преостанува само да се надеваат дека иднината нема да им сервира лошо изненадување.
Од примериве се гледа дека власта (било која) ја боли апсолутно курац, за тоа со што ќе ви ги пунат вените, али задолжително ќе добиете казна ако не се вакцинирате.
(првиот пример со заушките е од времето на СДСМ чинам, а вториот од ова време на реформирано здравство)