Македонски звучи подобро (Финале)

  • Креатор на темата Креатор на темата .Sky.
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Локација
На Венера
Веб-сајт
www.facebook.com
:oeoeoe::jeeee::oeoeoe:

Прво и основно голема благодарност до сите кои беа дел од Македонски звучи подобро и за екипата која исто така се потруди околу него:

@Crazy in Love
@ЏинЏер
@BiG_kIsS
@.Sky.
@Zlatikevichius
@Forrest Gump
@turvior




Кругот не е тркалезен. Се глеаме на крајот од тунелот во стилот на Forrest Gump така да ова е крајот и финалето.

Започнавме на 24 август 2013 со 1,024 песни од кои 512 дуели, цели две години и некој месец траеше Македонски звучи подобро со некои мали измени.

Песна која отпадна а имаше најмногу гласови е Ареа - Сите мои слики со вкупно 88 гласови, а отпадна во дуелот со Пере - Лебедот бел со разлика од само 1 глас. Имаше многу мислења дека во Финалето ќе биде Ареа но ете на крајот не испадна така. На мое лично изненадување а верувам и на некои други членови во финалето се најде песната на Тоше и Синтезис - Ој девојче што искрено многу ме изненади. :D




Финален дуел

Пере - Лебедот бел


vs

Тоше Проески и Синтезис - Ој девојче



Да не должам многу, се што треба да направите е да го впишете името на песната за која гласате во вашето мислење. Секако е добродојдено по некоја критика било добра или лоша во врска со песните кои отпаднаа.
:oeoeoe: :oeoeoe:


Повелете со вашите гласови и уште нешто да откриеме кој беше ваш најголем фаворит? :D

гласањето ќе трае 1 месец до 21,11,2015 год.
 
Пере - Лебедот бел

Jaс скоро почнав да ја следам темава, па можам само да пишам коментар за последните неколку круга.
Тоа што ми бодеше очи е што имаше групација која гласаше само според тоа кој е изведувач на песната притоа не земајки во предвид никаков друг квалитет (текст, музика, трајност итн.) Многу пати не го дадов својот глас, затоа што едноставно песните кои беа во дуелите не беа по мој вкус.
Мое лично мислење е дека е добар изборот на двете песни кои се најдоа во финале.
 
Песнава од Пере ми е тежок медиокритет. Никогаш не сум ја сметал за нешто посебно, туку онака нешто апла пролазно. Ама што знам јас, турбо-фолкер сум ебате...

Мојот глас оди кај Тошка и иако имаше и подобри негови, сепак воопшто нема да биде чудно песнава да биде прогласена за најдобра македонска песна бидејќи сепак е прилично несекојдневна и специфична. И мислам дека е сосема нормално, логично и потребно најдобриот пејач кој оваа држава го видела и некогаш ќе види, да победи на избор за најдобра македонска песна.

Тоше и Синтезис - Ој девојче
 
Ова е доказ дека на форумов ги имаме најдобрите и најголемите познавачи на музиката на овие простори.
Алал да им е на сите што придонеле Пере Нокаут и Ој девојче девојче да бидат гласани за најдобри македонски песни, макар и на форум.

(y)

Ја за Тоше гласам.
 
Она што пиша Рики.

Лебедот бел ми оди на нерви. Не знам дали е до пеачот само или цел пакет.

Тоше Проески и Синтезис - Ој девојче
 
Браво за Скај и Џинџер што го истераа овој проект до крај, но за жал, одамна сѐ отиде у 3пм со гласањето, па така многумина се откажаа од изборот, некои порано, други (како мене) подоцна. Самиот факт што никој од нас не го очекуваше и посакуваше баш овој финален дуел, покажува колку беше нереален изборот и колку незаслужен е пласманот на било која од двете песни во финалето. Јас дигнав раце одамна од гласање, па така повторно нема да почестам никоја од овие две песни со мојот глас. Која и да победи - незаслужено е!
 
Ај од почеток. :D #xexe

За сеа не гласам, може ќе размислам дали да гласам. :D
Некако и двете ми се бош песни... фини се, али шо знам... Тоше има многу подобри.
 
Гледам ме пингале со стар ник, ама глем и финале :D До пола негде и нешто фазла ја теравме работата и замре после сето. Мило ми е што ете до крај се истера работата од изборот, благодарение на најупорните.

Пошто не гласав од продолжувањето на темата до ден денес, нема да гласам ни сега оти не е фер спрема оние кои гласале и придонеле токму овие песни да се најдат во финалето. А шо се однесува до песниве нема да должам и мн коментирам, само ќе кажам дека лебедот бел ми е смешки невидени од песна, па за во финале..........апла :D
Тошката го почитувам како вокал и претпоставував од самиот почеток дека ќе има некој рок-Тоше Проески дуел во финале, пример Аранџеле/Анастасија-Тоше Проески. Ама нели голем дел од членовите тие роќерите дигнаа раце и затоа е вака како што е :D

Гласајте си, која и да ја изберите ќе го почитувам вашиот избор.
 
Мојот глас оди кај Тошка и иако имаше и подобри негови, сепак воопшто нема да биде чудно песнава да биде прогласена за најдобра македонска песна бидејќи сепак е прилично несекојдневна и специфична. И мислам дека е сосема нормално, логично и потребно најдобриот пејач кој оваа држава го видела и некогаш ќе види, да победи на избор за најдобра македонска песна.

Тоше и Синтезис - Ој девојче
Повеќе немам да дополнам, мојот глас оди кај Тоше&Синтезис.
 
Последно уредено:
Песнава од Пере ми е тежок медиокритет. Никогаш не сум ја сметал за нешто посебно, туку онака нешто апла пролазно. Ама што знам јас, турбо-фолкер сум ебате...

Мојот глас оди кај Тошка и иако имаше и подобри негови, сепак воопшто нема да биде чудно песнава да биде прогласена за најдобра македонска песна бидејќи сепак е прилично несекојдневна и специфична. И мислам дека е сосема нормално, логично и потребно најдобриот пејач кој оваа држава го видела и некогаш ќе види, да победи на избор за најдобра македонска песна.

Тоше и Синтезис - Ој девојче
И јас го делам истото мислење со Рики и гласам за Ој девојче. Ако од овие 2 песни, треба една да ја претставува Македонија, секако ќе биде оваа. Типична македонска народна песна и одличен препев од Тоше и Синтезис кои се патем автентични, несекојдневни со предобар вокал.
Нокаут и Пере ги обожавам, али лебедот бел ми е далеку од една од најомилените песни од нив.
Секако има доста подобри песни од овие двете во финалево, но не победува секогаш најдобриот. (y)
 
Еее..., еве полека доаѓа и крајот на натпреваров. Приказ на многу Македонски песни, дел од нив ги знаев, дел од нив за прв пат ги слушнав и научив, благодарение на натпреваров. Јас памтам дека почнав активно да гласам и да учествувам во форумскиот избор за најдобра песна после некој месец од почетокот на Македонски звучи подобро, што значи дека нешто помалку од две години сум на темава/натпреваров. Па можам да кажам дека освен тоа што слушнавме за прв пат некои Македонски песни, исто така и времето ни помина низ добра дружба. Големо Браво за оној на кој му текна да отвори ваква тема, но и големо браво за сите оние кои броеја гласови и поставуваа нови дуели(y)

Што се однесува до песните кои учествуваа, имаше многу добри, но мој фаворит (ако може така да се каже) беше Ареа со Сите мои слики, но ете не влезе во финале. Што се однесува до Пере/Нокаут со Лебедот бел, да бидам искрен, очекував да влезе во финале, зошто во секој круг/дуел кога песната учествуваше, песната и победуваше. За песната Ој девојче од Тоше и Синтезис, не очекував да влезе, иако е добра песна, зошто некако почнав да ја приметувам дека учествува во последново време (читај последниве неколку месеци).

Лебедот бел ми е Ок песна, која кога излезе многу ја слушав. Ој девојче е страшно добро изведена и е хит песна која сите ја знаеме. Па мојот глас го давам на песната која многу ја слушав, која многу ја пеев и која до ден денес ми е доста интересна, а и има добра изведба, а тоа е песната................




1. Ој девојче





:)
 
Пере - Лебедот бел, зошто ме потсеќа на некои убави времиња и кога и да ја слушам буди некои чувства, кои што ги нема додека ја слушам ој девојче.

Пере - Лебедот бел

Пере - Лебедот бел

ПОЛНЕЊЕ ГЛАСАЧКИ КУТИИ!!!!!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom