Немири у Шведској, ЗДРАВО!
Масакр во Шведска: Маскиран азилант влегол во училиште на час и почнал да напаѓа деца!
22.10.2015 | 12:27
Извор: Точка
Напаѓачот вооружен со меч влегол во училиште во шведскиот град Тролхетан.
Маскиран маж со меч во раката, влегол во едно училиште во шведскиот град Тролхетан и повредил неколку луѓе.
Четири ученици и едно постаро лице биле повредени при нападот, а непознатиот маж подоцна бил застрелан од локалната полиција.
Тој влегол во училиштето во околу 10 часот по локално време. Тим за кризни ситуации бил формиран набрзо откако се дознало што се случува во училиштето.
Штефан Густафсон, портпарол на полицијата, рекол дека не знае во каква состојба се наоѓаат повредените луѓе.
Најмалку едно лице било тешко повредено, а има повреди на срцето и градниот кош, пренесуваат шведските медиуми.
Иако се појавиле наводи дека напаѓачот бил убиен, тој сепак останал жив откако во него пукале органите за ред.
"Напаѓачот е азилант кој се маскирал, влегол во училиштето и повредил неколку луѓе со нож или меч", рекол Густафсон.
Уредникот на шведскиот весник
DN, на Твитер напишал дека постојат наводи дека едно лице загинало, и дека најмалку уште едно лице се наоѓа во операциона сала.
Во училиштето настанал хаос по трагичниот случај, а учениците и професорите биле видно загрижени и со солзи во очите.
http://tocka.com.mk/1/174612/masakr-vo-svedska-maskiran-azilant-vlegol-vo-uciliste-na-cas-i-pocnal-da-napagja-deca[DOUBLEPOST=1445512611][/DOUBLEPOST]
Зборам за кога ќе заврши војната во Сирија, раселените ќе земат учество во градење на нова инфраструкутра и се што е уништено, а Хомс го земав како пример.
Не ме разбра убаво