Што бара бебе во јавност? Па дали си нормален со прашањево?

Знаеш ли колку контроли и прегледи се прават на бебе? Знаеш ли дека при секое земање крв/вакцина медицинските лица велат одма да се стави на цицка за да не зајде од плачење па дури и при самото боцкање велат да се дои? Знаеш ли дека бебе кое е на ексклузивно доење не знае за саат за јадење? Јаде кога сака и колку сака. И да го надоиш пред излегување во јавност (лекар,парк,кафич....) може пак за 15 мин да побара цицка. Не за да цица туку за сигурност дека мајка му е со него а и пошто се му е ново цица од страв.
Читам многу мислења каде велат дека доење во јавност е грозно нешто. Мене ми се гади па ко ќе видам некоја фуфа со сендвич у рака како шета од бутик во бутик и си јаде внатре без срам. Или па ко ќе видам некој цреп со сладолед у рака/пица/сендвич влегол да плати сметка за телефон/комуналии

Очигледно доење во јавност им е гадно на оние кои немаат дете и не знаат што значи доење на бебе кое не јаде ништо друго освен мајчино млеко.Бебето не знае да каже дали и кога ќе биде гладно па да испланираш изнесување во јавност за да не се гадат дрклиња,манијаци и фуфици.
Моето 4 месечно бебе е само на доење, никако не сака да фати шише со измолзено млеко. Вода се нема напиено исто и чај/сок. Според оние згрозени од доење и јас дојам во јавност од каприц или од желба да им ги покажам цицките на дрклиња и манијаци? Или треба да не му дадам на бебето да цица па да вришти, плаче и заоѓа за да не ви се гади?Гадно ви е да гледате цицки на доилка а не ви е гадно да глеате цицки на фуфи. Вие знаете да се настрвите за одредени работи и да шетате по улица со храна и да лапате ко да не сте виделе а едно душиче од бебе ви е гад да го гледате како јаде и срамота е што мајката го дои во јавност

Или можеби е подобро мајката да му дава вештачко млеко кога е во јавност за да не ви се повраќа. Сум го доела бебчето 5 пати во јавност од кои 4 пати било при земање крв/вакцина и еднаш во кафич. Секогаш од дома излегуваме најадени но тоа душиче си бара да цицне. Кога и да сум го доела тоа било покриено со ќебенце. Во кафич дури и покриено со ќебенце сум го доела во затскриен дел.
Кога ќе бидете родители и ќе сфатите што значи глад на бебе и сигурност ко ќе ја фати цицката тогаш може да дискутираме а до тогаш подзамислете се околу постов и прашајте ги вашите мајки како ве израснале. Кога пред 10 години и кусур доење во јавност не беше баук тема и не се грозеле дрклиња.