Дали ми треба интернационална возачка дозвола за надвор од државата или не?
Зависи за каде... Република Македонија има договор со некои држави за признавање на возачките дозволи...Конкретно :
Министерството за внатрешни работи информира дека со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните, склучени се договори за реципрочно признавање на возачките дозволи со Италија, Шпанија, Албанија, Србија и Црна Гора.
-Освен тоа врз основа на Виенска конвенција за патен сообраќај (1968 година) меѓусебно признавање на возачките дозволи има и со Бугарија, Хрватска, Словенија, Романија, Унгарија, Кралство Белгија како и со Австрија (Б категорија). Во тек се и договори за признавање на возачките дозволи со Косово, Турција и Германија, соопштуваат од МВР. ( статија објавена на порталиве на 23 Јули 2015 )
А во тек биле преговори за признавање и со Косово, Турција и Германија ... Значи за по Балкан-ов ти ја признаваат секаде, освен во Босна, Косово и Гејлада ... Мене на косовска граница ми имаат побарано меѓународна и тоа ми се има случено само тогаш и само таму ...