овна препорака е клима уредите да се купуваат во
специјализирани продавници за таа намена.Таму купувачот ќе може да добие стручни совети и предлози и непосредно ќе може да се увери во изгледот, квалитетот и карактеристиките на клима уредите.
Кога се купува клима уред, купувањето преку Webshop, каталог и сл. не е препорачливо.
Kако можеме да бидеме сигурни во квалитетот на клима уредот?
Денес на пазарот се нудат разни трговски имиња на клима уреди и затоа често се поставува прашањето што точно да се одбере. Цената секако е важен услов и истата може многу да влијае при изборот на квалитетен клима уред. Но секако треба да се има во предвид и изреката, а која не е далеку од вистината: производот е толку добар, колку што е добар и неговиот сервис. Секој производ без разлика на тоа колку бил скап, може да се расипе. За да се надминат настанатите проблеми, најважен е експедитивен и
квалитетен сервис. Затоа при купување на клима уред, обавезно од продавачот треба да се информираме дали имаат сопствена сервисна мрежа, со оргинални и сертифицирани резервни делови.
Исто така кога дефинираме што е тоа
квалитетен клима уред, мислиме на можноста, производот во пракса да работи според декларираните карактеристики предвидени од производителот . Затоа при купување на климатизер , многу важно е да се побараат од продавачот следниве технички карактеристики:
- капацитет( ефект) на греење и ладење
- степен на енергетска ефикасност
- ниво на бучавост
Бидејќи овие карактеристики без посебни мерни инструменти не може да се проверат, затоа треба да се бара потврда за веродостојноста на декларираните карактеристики со одредени Европски нормативи. Првите две карактеристики ( капацитет и енергетска ефикасност ) се регулираат според нормативите
EN-14511 и
EN-14825, додека нивото на бучавост се регулира и треба да го задоволува нормативот
EN-60335.
Поедноставно е да се провери дали на секој клима уред, го содржи знакот за
ЕУРОВЕНТ сертификат како потврда на сите декларирани својства.
[DOUBLEPOST=1444340714][/DOUBLEPOST]ova e toa a sto zboruvav pred nekoe vreme bez dobar servis gabe kolku i da e skap uredot nedaj boze znae da se rasipe