Конфликтот во Сирија

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Се со ред, прво локалните "умерени" исламистички ѓубриња во западна и централна Сирија, па потоа границите на север и на југ, и на крај исламистичките ѓубриња ИСИЛ/ИСИС/ИД на исток.

Не може лесно и едноставно во период од само неколку недели да се поврати територија изгубена во период од 4 ипол години.
Се сложувам, но друго ми беше муабетот.
Ќе биде густо на границата со Турција, тука има висок ризик за провокации од страна на Турците и НАТО, а Америка тоа го чека.
Како што напредуваат Русите, постојат десетици варијанти како би можела да се одвива целава ситуација.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.931
Поени од реакции
12.319
Само за места со висока концентрација на непријателски трупи, добро би дошло за збришување на тие Тојотите на ИСИЛ/ИСИС/ИД од лицето на земјата.

Се сложувам, но друго ми беше муабетот.
Ќе биде густо на границата со Турција, тука има висок ризик за провокации од страна на Турците и НАТО, а Америка тоа го чека.
Како што напредуваат Русите, постојат десетици варијанти како би можела да се одвива целава ситуација.
Кога ќе ја запечатат границата со Турција, Реџо веднаш ќе излезе со обвинувања дека границата е запечатена за да се спречи бегството на милионите бегалци кои бегаат не од "умерените" исламистички ѓубриња, не од исламистичките миленици ИСИЛ/ИСИС/ИД на Реџо, туку од злосторничкиот диктатор Башар ал Асад, па можеби дури и ќе бараат помош од НАТО и ЕУ за интервенција во Сирија поради хуманитарна криза, исто како што САД, НАТО и ЕУ направија во Либија.

Но ако Русија го зголеми своето присуство во Сирија со текот на напредувањето против исламистичките ѓубриња, можеби западњаците ќе мораат да размислат барем 2 пати пред да направат некоја глупост, исто како што Владимир Путин успеа да ги убеди во 2013 година да размислат 2 пати пред да почнат со бомбардирање на Сирија, по што и самиот Дејвид Камерон не успеа да издејствува парламентарно мнозинство во британскиот Парламент за да ја бомбардира Сирија.
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.261
Поени од реакции
15.366
ДОБРО, ЌЕ ИНТЕРВЕНИРАМЕ. ПРАТЕТЕ ГО СОЛЕЈМАНИ“

Како ирански генерал во Москва ги планирал сириските напади

На состанок во Москва во јули, еден од главните ирански генерали ја размотал мапата на Сирија за да му објасни на својот руски домаќин како серијата порази на претседателот Башар ал-Асад би можело да се претворат во победа - со помош на Русија, пишува Ројтерс.



Посетата на генерал-мајорот Касем Солејмани на Москва беше првиот чекор во планирањето на руската воена интервенција што ја преобликува сириската војна и скова нов иранско-руски сојуз за поддршка на Асад.

Додека руските воени авиони ги бомбардираат бунтовниците одозгора, доаѓањето на иранските специјални сили за копнени операции го заокружува неколкумесечното планирање меѓу двата најважни сојузници на Асад, мотивирано од паниката поради брзиот напредок на бунтовниците.

Солејмани е командант на Кудс-силите, елитни екстериторијални специјални сили на иранската Револуционерна гарда, и му одговара директно на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи.

Регионални извори велат дека тој веќе ги надгледува копнените операции против бунтовниците во Сирија и дека сега се наоѓа во центарот на планирањето на новата офанзива поддржана од Русија и Иран.

Повод за неговата средба во Москва било влошувањето на ситуацијата во Сирија, каде што напредокот на бунтовниците кон брегот претставуваше опасност за срцето на алавитската секта на Асад, каде што Русија ја има својата единствена медитеранска поморска база во Тартус.



„Солејмани ја стави мапата на Сирија на маса. Русите беа многу вознемирени, сметаа дека работите рапидно се влошуваат и дека постои вистинска опасност за режимот. Иранците ги уверија дека сè уште постои можност за враќање на иницијативата“, рече висок регионален претставник. „Во тоа време, улогата на Солејмани беше да ги увери дека не сме ги загубиле сите карти.“



„Пратете го Солејмани“

Тројца високи функционери од регионот велат дека на патувањето на Солејмани во јули му претходеле руско-ирански контакти на високо ниво, од кои произлегол политички договор за потребата да се впумпа нова поддршка за Асад, чии загуби се зголемуваа.

Нивното планирање на интервенцијата почнало неколку месеци порано. Тоа значи дека Техеран и Москва разговарале за начините да го поддржат Асад со употреба на сила дури и додека западните функционери го опишуваа она за што веруваа дека е нова флексибилност во ставот на Москва за иднината на сирискиот претседател.

Пред последниве потези, Иран воено му помогна на Асад со мобилизирање на шиитските милиции да се борат рамо до рамо со сириската армија и со праќање на иранските офицери од Револуционерната гарда како советници. Голем број од нив беа убиени.

Русија, сојузник на Дамаск од Студената војна, ѝ даваше оружје на сириската армија и го штитеше Дамаск од западните дипломатски обиди да се санкционира Асад во Обединетите нации.

Одлуката за заеднички иранско-руски воени напори во Сирија беше донесена на состанокот меѓу министерот за надворешни работи на Русија и Хаменеи пред неколку месеци, изјави висок претставник на една земја во регионот, познавач на безбедносните прашања.

„Солејмани, назначен од Хаменеи да ја води иранската страна на операцијата, отпатува во Москва на разговори околу деталите. Неколку пати од тогаш тој отпатува и во Сирија“, рече официјалното лице.

Руската влада соопшти дека нејзината воена интервенција во Сирија е резултат на формално барање од Асад, кој самиот во јули ги изложил проблемите на сириската војска, велејќи дека се соочува со недостиг од луѓе.

Хаменеи во Москва испратил и висок функционер за да се сретне со претседателот Владимир Путин, рече друг висок регионален претставник. „Путин му рекол: 'Добро, ќе интервенираме. Пратете го Касем Солејмани'. Тој отиде да ја објасни мапата на операциите.“



Жител на Дамаск

Во досега најголемото распоредување ирански сили, извори за Ројтерс минатата недела рекоа дека од крајот на септември стотици војници пристигнале во Сирија за да учествуваат во големата копнена офанзива планирана во западниот и северозападниот дел.

Околу 3.000 борци од либанската група Хезболах, поддржана од Иран, исто така се мобилизирани за борба, заедно со војниците на сириската армија, изјави висок регионален извор.

Тој рече и дека воената интервенција во Сирија е утврдена со договор меѓу Москва и Техеран во кој се вели дека руските воздушни напади ќе ја поддржат копнената операција на иранските, сириските и либанските Хезболах-сили.



Договорот содржи и обезбедување на пософистицирано руско оружје за сириската армија, како и воспоставување соби за заеднички операции, кои ќе ги здружат овие сојузници, заедно со владата на Ирак, која е во сојуз и со Иран и со САД.

Една од операциските соби е во Дамаск, другата е во Багдад.


„Солејмани е речиси жител на Дамаск, или, да речеме, често оди таму и може да го начекате помеѓу средбите со претседателот Асад и посетите во командата на операциите како и секој друг војник“, рече еден од регионалните функционери.

Министерот за надворешни работи на Сирија во понеделникот рече дека руските воздушни напади биле планирани со месеци.
http://www.mkd.mk/svet/analizi/kako-iranski-general-vo-moskva-gi-planiral-siriskite-napadi
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.147
Поени од реакции
22.703
Полека дечки не се возбудувајте. Ова е само првиот ден, никој не знае што ќе донесе наредниот. Премногу е рано за славење за обетте страни.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.931
Поени од реакции
12.319
Полека дечки не се возбудувајте. Ова е само првиот ден, никој не знае што ќе донесе наредниот. Премногу е рано за славење за обетте страни.
Затоа убаво спомнав во пост #2084, се со ред.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Ти слободно нарекувај го мешање баби и жаби.

Јас наједноставно правам споредба помеѓу неполни 9 месеци бомбардирање на Либија, соборување на владата на Моамер Гадафи и негово масакрирање, со повеќе од 1 година наводно бомбардирање на цели на ИСИЛ/ИСИС/ИД во Сирија и непостоечки резултати од таквото бомбардирање.
Премногу лаишки и пребрзани работи.Авиациja и удари по воздух не може да реши ваков проблем. Без копнена операциja...нема решение.
Ке даваме оценки после неколко месеци.
 
Последно уредено:

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
toa ti e argumentot? premnogu laicki? isis tvoj i drugarcinjata od amerika gi pleskaat na veliko i ova go kazuvas poradi toa sto ni sam ne sakas da veruvas vo toa sto se slucuva na teren.
Моj ИД :D Боже, ела си прибери вересиите.
Држам си ги дома. Аjде посериозно.
Верувам само во тоа што ке се деси после година после почнуване на операциjава.
Запамти што ти кажувам - тежко Сириja да ja видиме во териториjaта што беше.
Нема да ме изненади да гледаме окупациони зони како Германиja беше поделена после ВСВ.
Джинот е пуштен от бутилката и тежко некоj да го врати вака лесно.
Разбирам жилбадата се палите, еве Русиja показа мок, но решение на проблемот нема.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.931
Поени од реакции
12.319
Премногу лаишки и пребрзани работи.Авиациja и удари по воздух не може да реши ваков проблем. Без копнена операциja...нема решение.
Ке даваме оценки после неколко месеци.
Е па веќе има копнени операции кои ги спроведува сириската војска, исто како што и исламистичките ѓубриња во Либија спроведуваа копнени операции против Моамер Гадафи, кого го соборија и го масакрираа со поддршка на воената авијација на САД, Велика Британија, Германија, пардон, НАТО, кои ги извршуваа своите воздушни напади од териториите на Италија и Франција.

Со поддршка на руската воена авијација, сириската војска ќе си го направи своето од гледна точка на копнени операции.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Е па веќе има копнени операции кои ги спроведува сириската војска, исто како што и исламистичките ѓубриња во Либија спроведуваа копнени операции против Моамер Гадафи, кого го соборија и го масакрираа.

Со поддршка на руската воена авијација, сириската војска ќе си го направи своето од гледна точка на копнени операции.
Сомневам се дека сириjската армиja е во состоjба да изведе полноцена операциja или ако успее, ке биде изклучително теко и ке стаса до некакво ниво,нема да може да контролира цела Сириja во старите граници.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.931
Поени од реакции
12.319
Сомневам се дека сириjската армиja е во состоjба да изведе полноцена операциja или ако успее, ке биде изклучително теко и ке стаса до некакво ниво,нема да може да контролира цела Сириja во старите граници.
Тоа е веќе твое лично мислење, убаво кажа, ќе видиме за неколку месеци како ќе се развива ситуацијата.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Сомневам се дека сириjската армиja е во состоjба да изведе полноцена операциja или ако успее, ке биде изклучително теко и ке стаса до некакво ниво,нема да може да контролира цела Сириja во старите граници.
70-80% од преостаната популација е веќе под контрола на Сириската власт.Тоа што го контролираат бунтовниците и Исис се пустината и некој помали градови.Единствените поголеми градови кои ги контролираат се Идлиб и Рака .Се зависи во моментов од тоа дали оваа нова офанзива првин во чистењето на регионот помеѓу Хомс и Хама а потоа и да го заземат Идлиб.Ако успеат и во двете цели војната ќе заврши за неколку месеци.Али тоа е едно огромно ако.
 
Член од
1 мај 2015
Мислења
477
Поени од реакции
657
Pesadijata e karalica na vojnata, dodeka ne zgazne vojnicka cizma ne moze da se proglasi pobeda ova e delumen uspeh, moe mislenje e deka Putin pred se ke nema da dozvoli poraz ili povlejuvanje od pricina sto premnogu daleku otide. Dokolku dozivee poraz ili nesto slicno na toa, mnogu ke mu bide tesko da ja zadrzi pozicijata vo Risija, gledam deka Amerika naviva i e za toa da zapocnat rusite kopnena ofanziva, zatoa sto mislat deka ove e vojnata vo Avganistan koja sto ja izgubija sovetite a po toa vlegoa vo golema kriza i mislat deka na ovoj nacin ke se oslobodat od Putin, no zaboravaat na nekolku fakti, teritorijata e druga, drugi se vreminjata i drugi se okolnostite.
Tokmu poradi ova narednive denovi dokolku zapocne kopnenata ofanziva, ocekuvajte, a so toa ke bideme svedoci na pekol prireden od strana na Rusija, vo koja ke bide vklucena mornaticata, kopnena vojska so artilerija i voeno vozduhplovstvo,bas denes gi gledav vezbite koi gi sproveduvaat denovive Rusite na novnite poligoni koi se napraveni da bidat slicni kako terenot vo Sirija, ne ja isklucuvam moznosta da ima ispaluvanje raketi od Rusija koi ke bombardiraat vo Sirija. Toa denes mornaricata sto go pravese e edna mini vezba.
Za vojska ne e problem ima mnogu platenici.
Mislam deka kopnenata ofanziva ke odi mnogu lesno, i ne e slucajno sto Ruskiot general izjavi deka od 3 do 4 meseci ke trae misijata, toa ne e kazano tuku taka, nesto sto bi gi usporilo toa bi bilo megunarodniot faktor dokolku vidat deka im odi lesno, a ke odi.

Inaku takvi konsultacii kako sto ima pogore napisano kako so iranskiot general, Rusija ostvari takvi sredbi skoro so site, no ete da ne bidat rusite pametni generalot e pretstaven kako glaven strateg i vrhoven komandant vo senaka na rusija. Kolku za informacija ruskoto i izraelskoto ministerstvo se vo postojan kontakt, i za site akcii se informirani pred vreme, kako i za urbanata legenda deka ruskiot general vletal vo amerikanskata ambasada i im rekol povlekuvajte se za 1 cas ili ke bide kraj sveta, toa se gluposti, Putin i Lavrov pred ovaa misija ostvarija sredbi so so site faktori i bea zapoznaeni i informirani, taka da mnogu e vmesana propagandata sto e tocno vremeto ke kaze.
 
Последно уредено:

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Гледиште на Канадски патриот за случувањата во Сирија

 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.438
Поени од реакции
18.413
Мое мислење е дека Русија влезе во оваа војна за да го осигура својот дел. Границите на Блискиот исток ќе се менуваат. Тоа ќе биде болен процес што ќе трае со години, но сега започнува.

Путин само сака нова држава во која алавитите, шиитите и христијаните ќе имаат мнозинство и по можност што поголема територија од моменталната што ја има Сирија, да ја има под споствено влијание.

Сунитите ќе ги напикаат најверојатно во нова држава Левант или како и да се вика, со територии од Сирија и Ирак.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom