VOLK2234
еврофоб и хомоскептик
- Член од
- 16 септември 2008
- Мислења
- 5.517
- Поени од реакции
- 4.387
Allah is big, but the Russian bombs aren't small either..
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Голанската висорамнина е територија на Сирија.Израел пронајде огромни количини на нафта на Голанската висорамнина
https://www.rt.com/business/317906-oil-golan-heights-israel/
Да не се чуди некој за Израел/ИСИС ова она![]()
Јас наједноставно правам споредба помеѓу неполни 9 месеци бомбардирање на Либија, соборување на владата на Моамер Гадафи и негово масакрирање, со повеќе од 1 година наводно бомбардирање на цели на ИСИЛ/ИСИС/ИД во Сирија и непостоечки резултати од таквото бомбардирање.
Навистина смешно тврдење,ја уништија Либија ја уништија Сирија ( дури и да тепа Асад ќе биде претседател на пустина од државата нема останато ништо ) го уништија Ирак,Јемен.Ја превземаа Украина,префрлаат војска во Балтикот,направија бази по цела централна Африка .Што треба ,да направат да изедат жив човек за да не бидат "слаби".Наспрема сегашниве Буш може нобелова награда да му дадат.
И Америка има граници колку може да бутка без другите да реагираат.Зошто не можеа јавно да објават војна поради тоа што низ ОН никогаш немаше да помине ( не дека им е навистина гајле ) и Русија префрли бродови во Сирија.Ги создадоа ИСИС кој ќе им бидат оправдување за се што ќе прават и ќе го привлекува вниманието на себе додека во меѓувреме вооружуваа банди на сите страни кои би се бореле против Асад,
Русите се што направија е да го искористат чудовиштето што они го создадоа во нивна цел.Скоро две години го перат мозокот на сите со ИСИС и сега плачат зошто не знаат како да си го спасат миленичето без да бидат откриени.
Поздрав од Москва, првин излезе оваа информација
Путин: Донесете ми го лидерот на ИСИС, жив или мртов!
Арапските медиуми пишуваат дека Путин побарал командантите на ИСИС да му бидат донесени, и дека не е важно дали живи или мртви. Доколку успеат да ги донесат живи, ќе им се суди во Русија. Во случај Абу Бакр Ал-Багдади или некој друг од челниците на терористичката група да починат во акција, Путин го бара неговото тело како доказ дека тој терорист е навистина мртов.
На руските генерали задолжени за воената операција во Сирија им е наредено што порано да започнат со голема потрага за важните членови на Исламска држава. На листата на „најбараните“ се најде и калифот Абу Бакр ал-Багдади, за кого се претпоставува дека се крие во градот Раку.
Причината поради која Путин сака со свои очи да ги види лидерите на ИСИС, или нивните тела, е за да не се случи истата ситуација како со Бин Ладен, чија смрт според Путин сé уште е мистерија.
Официјалниот портпарол на руското Министерство за одбрана, генерал Игор Конашенков, рекол дека руските воздухопловни сили ќе напаѓаат директно на упориштата на терористичката организација и нивниот гравен град Раку, истакнувајќи дека приоритет на руските сили е уништувањето и освојувањето на нивните бази.
Конашенков напоменал и дека не се исклучени можностите за десанти на тој град, поради ликвидација на терористите.
Во меѓувреме, додека руските авиони продолжуваат со жестоките воздушни удари, сириската војска потпомогната од Хезболах покрена копнена офанзива на градовите Талбис и Растан, во провинцијата Хомс. Исто така, го продолжија напредокот кон древниот град Палмира.
Мислев дека е само заплашување, но како потврда на горе наведеното е ова:
http://www.express.co.uk/news/world...utin-Spetsnaz-Syria-special-forces-airstrikes
http://www.mirror.co.uk/news/world-news/putin-sent-feared-spetsnaz-special-6579970
http://www.dailymail.co.uk/news/art...lt-wipe-rebels-fighting-Syrian-President.html
Путин ги праќа Спецназ во Сирија.
Рускиот претседател Владимир Путин наводно одлучил да ја прати во Сирија елитната единица на армијата - Спецназ, која ќе има задача да се пресмета со екстремистите од ИСИС. Информацијата ја објавија неколку британски медиуми, а засега нема потврда за тоа од Москва.
Припадниците на Спецназ важат за едни од најнемилосрдните и најефективните војници во светот, кои поминуваат макотрпни тренинзи и тестирања за да се приклучат кон единицата.
„Екстремно се агресивни и врвно се подготвени. Тие се таму за да исчистат што ќе остане по воздушните напади, за да одат на тајни мисии против бунтовниците и на крајот целосно да ги уништат“ - вели воен извор за Mirror. Според истиот извор, нивната мисија ќе биде под било какви услови да уништат секој што му се заканува на Асад.
Покрај елитните единици, медиумите пишуваат и дека Сирија ќе прати 150.000 војници кои ќе се борат против џихадистите. Според руските информации, од стартот на нападите, досега успеале да уништат 50 стратешки објекти на Исламската држава.
Повеќе се страшни Спецназ одколку од SU-34, фоките се мали деца во споредба со нив.
Без милост, без жалење.
Кога ќе ми текне на вежбите кои ги правеа пред мисијата, не знам зошто сум изненаден зошто уште тогаш Спецназ учествуваа.
Да допрецизирам, за пасивно и слабо однесување на нивната администрација првенствено мислев на политиката кон блискиот исток кој некако падна во сенка и некои работи им излегоа од контрола на САД. Од друга страна тоа што го направија со Украина и со нафтената цена на Русија беше силна тупаница. Некако на ова поле многу чекаат и долго калкулираат за разлика од Буш кој што тексашки дејствуваше.
Исто кај нив е сменета ситуацијата во последните години. После Авганистан и Ирак многу е потешко да се продаде војна и копнена инвазија со сопствени трупи на американскиот електорат. А во овој случај уште е потешко од причина што треба да се борат против човекот кој се бори против радикалните исламисти.
Има повеќе можни причини зошто подолго време беа пасивни во Сирија.
Русија од друга страна после ударот со нафтената цена и Украина мораше да ги протегне шепите да покаже дека уште е жива и е некој фактор.
Плус Асад им е традиционален сојузник уште од советско време кога шеф беше таткото на Башар.
Уште еден плус, со ова русите сакаат да пратат порака дека не се паднати на ниво на регионална сила која што има влијание само во бившите советски републики, со оглед на тоа дека Европа за нив уште пред 20 години е завршена приказна.
Покрај тоа ова е одбрана на својата сфера на влијание од страна на Русите. Е сега ако се префрлат со дејствија во Ирак тоа е веќе сериозен удар за САД и нивната политика на Блискиот Исток.
или америте или израелците ги слушаатСпоред генералштабот на Руската Армија, постои веројатност да има крт кој пренесува информации околу акциите во Сирија.
Имено Руската армија неколку пати ги откажувала бомбардирањата само поради тоа што трупите на ИСИС навремено ги напуштале базите пред да се случат нападите,иако авионите веќе биле во воздух. Ова го соопштува началникот на главното оперативно оделение на Генералштабот на воените сили на Руската федерација, Андреј Картаполов.
https://russian.rt.com/article/121964
или америте или израелците ги слушаат
@Iceman.
Се врти една шега по рускиве воени форуми.
Имено бил запрашан еден од пилотите, како ги разликувате умерените теророисти од припадниците на ИСИС, и како постапувате со нив.
Овој им одоговорил ИСИС ги бомбардираме со конвенционални бомби, додека пак умерените ги бомбардираме со помодерни бомби.
И овој го запрашал, какви се тие помодерни бомби?
Епа помодерните бомби не се со толку силни бои обоени,им возвратил пилотот.
Незнам колку е точно, вака нешто звучела телефонска беседа со еден од пилотите во Сирија.
Btw цело лето беше активна Руската армија, имаа вежби со Кинезите повеќе пати.
Роденденска порака до претседателот олигарх, монарх Владими Владимирович Путин.
From Russia with Love
Хахаха го блокираа цело крајбрежје на Сирија. Бум, изнендување од Вова за роденден.
Уште малце од вселена ќе почнаат да гаѓаат
Стрелано било од овој ракетен систем.
Калибр
Еве го и видеото.
Резултат од првиот ден од офанзивата на САА.
![]()
Гледам Сириската Армија оди од југ кон север.
За да тотално ја отсечат логистичката поддршка на терористите, ќе треба да ја запечатат прво Турската граница, затоа што ку.вата Ердоган ги пика ИСИС од тоа место.
А којзнае колку терористи на ИСИС има во Турција.
Истото се случува и на границата со Израел.
Се со ред, прво локалните "умерени" исламистички ѓубриња во западна и централна Сирија, па потоа границите на север и на југ, и на крај исламистичките ѓубриња ИСИЛ/ИСИС/ИД на исток.
Не може лесно и едноставно во период од само неколку недели да се поврати територија изгубена во период од 4 ипол години.