Да, совозачот треба да има најмалку 25 години, и да не спаѓа во групата на „возач почетник“, односно да има најмалку 2 години возачко искуство.
Останатото е:
Возач почетник е секој оној кој што нема наполнето 2 години од земањето на возачката дозвола, и секој кој што сеуште нема наполнето 21 година.
Единствен случај во кој што треба да чекаш 3 години за да не спаѓаш во категоријата „возач почетник“ е доколку положиш на 18 години, бидејќи по закон треба да имаш најмалку 21 година за да не си возач почетник, така да тоа е единствен случај во кој што се чека 3 години, во сите други случаи се чека по 2 години за да не спаѓаш во почетниците.
Исто така од 23 ч. до 5 ч. наутро несмее да се вози сам, односно несмее да се вози без придружба која што треба има најмалку 25 години, и не треба да спаѓа во категоријата возач почетник (односно има најмалку 2 години возачка дозвола).
И исто така, несмее во ниеден случај да се вози автомобил појак од 100 коња - односно пресметано во киловати, тоа е 75 киловати.