Феминизам!

Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.872
Поени од реакции
25.106
Ако мислиш на законските рамки, не гледам законски да има причинител за дискриминација. Ај посочи каде тоа, кој закон, правилник?
Најпресен пример во Македонија, законот за абортус. Ти текнува по кој редослед се донесе? Прво сакаа целосно да го забранат, потоа поради притисок од луѓето и феминистичките организации го дозволија, но затоа пак го направија многу скап и недостапен за сечиј џеб. Знаеш до што доведува ова, нели?

Скокаш од тема на тема па тешко е човек да те следи.
Вакво нешто законски има од кај што главно доаѓаат мигрантите. Домашно насилство има и во т.н. развиени земји. Исто и сечење на женските гениталии и потчинета улога на жената. Кај нас напротив, сечење клиториси и срамни усни на пример немам прочитано да има. Што имаат постигнато феминистичките друштва по овие прашања, макар во членките на ЕУ?
Не скокам од тема на тема, туку самиот поим опфаќа многу работи кои мислам дека има потреба да се објаснат.
Темата е општо за феминизам, а не за феминизмот во Македонија, па поради тоа и ги спомнав обрежувањата.
Секоја феминистичка организација дејствува локално и се занимава со проблемите со кои е соочена на таа територија. Исклучок се оние кои имаат средства и можат да си дозволат да делуваат и глобално. Во најмала рака ќе ги информираат луѓето за неправдата која се извршува во тој дел од светот и/или ќе ги поддржат и инспирираат тамошните жени за да се побунат.
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Дали е во ред да се отстрани пресумпција на невиност за сексуално малтретирање и силување?

Бидејќи фем организациите се борат за тоа. Во американски факултети можеш да бидеш одговорен за силување на збор на обвинувачот, нормално санкцијата следува ако немаш никаков доказ за да се расчисти обвинувањето.

Во Британија се случи таква измена. Товарот на докажувањето во целост паѓа на обвинетиот, ако нема ништо, тогаш ќе лежи во затвор, само на збор на лицето кое го обвинува.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.740
Поени од реакции
12.184
Најпресен пример во Македонија, законот за абортус. Ти текнува по кој редослед се донесе? .
имаше проблеми, но сега не гледам проблем со законот. Кој член според тебе е спорен? И за колку е зголемена цената на абортус во државни установи во Македонија? Се што најдов е некои памфлети на Хера чии забелешки се без основа. Патем еве ги законските права на жената родилка кои воглавно се почитуваат. Од околу 8700 родилки годишно, само до 2% искористиле надоместок од ФЗО во случај работодавецот да не им го продолжи договорот за работа.
Секоја феминистичка организација дејствува локално и се занимава со проблемите со кои е соочена на таа територија. Исклучок се оние кои имаат средства и можат да си дозволат да делуваат и глобално.
ок, дали и кога сте ги посетиле школите последен пат за да ги едуцирате идните жени и мајки? За нивните права, за заштита од бременост, сексуална едукација итн...
Кој друг закон е дискриминирачки кон жената и конкретно кој дел од тој закон?
Темата е општо за феминизам, а не за феминизмот во Македонија, па поради тоа и ги спомнав обрежувањата.
токму затоа и јас го споменав истото. Обрежување, колење на жената постои преќутно во Франција, Британија, Германија, Шведска...и легално во земјите од каде доаѓаат мигрантите. Во Македонија такво нешто нема.
 
Последно уредено:
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.238
Поени од реакции
6.932
зошто неправдата ја гледате во законот за абортус кога денес во 21ви век секој од 1во одделение да не речам веќе,знае за контрацептивни средства ?? значи дај малце одговорност,не испијани се залуфај се после законот ти е крив,законот да не те затрудна случајно
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.872
Поени од реакции
25.106
имаше проблеми, но сега не гледам проблем со законот. Кој член според тебе е спорен? И за колку е зголемена цената на абортус во државни установи во Македонија? Се што најдов е некои памфлети на Хера.
Побара да ти посочам проблем, тоа и го направив. Последен пат(тогаш, пред повеќе од четири години) бев информирана дека е околу 10 000 денари. Законот за абортус одеше во пакет со пропагандата за трето дете, каде жената ја гледаа како машина за раѓање деца(еве, ти посочувам уште еден пример за диксриминација).

ок, дали и кога сте ги посетиле школите последен пат за да ги едуцирате идните жени и мајки? За нивните права, за заштита од бременост, сексуална едукација итн...
Кој друг закон е дискриминирачки кон жената и конкретно кој дел од тој закон?
токму затоа и јас го споменав истото. Обрежување, колење на жената постои преќутно во Франција, Британија, Германија, Шведска...и легално во земјите од каде доаѓаат мигрантите. Во Македонија такво нешто нема.
Имам чувство дека ме сметаш за припадничка на некоја од овие организации. Сега ќе ти разјаснам нешто, ниту сум член на феминистичка организација, ниту сум феминистка. Сѐ што правам на темава е изнесување на ставови и пренесување на моето познавање во оваа област. Упорно си се фатил за законите, а јас како нефеминистка* немам интерес од закоснки регулативи, односно да се молам на држава да ми даде права кои веќе ми припаѓаат. И пак си се фатил како слеп за стап за Македонија! Темава е за феминизмот во светот воопшто.
Како и да е, ќе те удостојам со одговор, школи можеби не сум посетила, но непрекинато работам на тоа да им помогнам на жените да се еманципираат, и на луѓето воопшто.


*прочитај зошто не се сметам себеси за феминистка[DOUBLEPOST=1443784047][/DOUBLEPOST]
зошто неправдата ја гледате во законот за абортус кога денес во 21ви век секој од 1во одделение да не речам веќе,знае за контрацептивни средства ?? значи дај малце одговорност,не испијани се залуфај се после законот ти е крив,законот да не те затрудна случајно
Не постои заштита која е 100% сигурна. Без разлика на причината за бременост, државата не смее да се меша во репродуктивните права на жената.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.740
Поени од реакции
12.184
Побара да ти посочам проблем, тоа и го направив.
Но кој член конкретно од тој закон и на кој начин ги крати правата на жената, тоа те прашувам.
Последен пат(тогаш, пред повеќе од четири години) бев информирана дека е околу 10 000 денари.
се мислам дека е помалку од половина од оваа сума ама некој ова треба да го потврди. Инаку порано мислам беше бесплатен колку што се сеќавам.
Законот за абортус одеше во пакет со пропагандата за трето дете, каде жената ја гледаа како машина за раѓање деца(еве, ти посочувам уште еден пример за диксриминација).
тоа што ти го гледаш така, не значи дека е така. Ние на овие глупости дома се смеевме. Зависи како ги перцепираш нештата.
Башка што тоа е кампања и парична поддршка, а не облигација за трето дете.
Упорно си се фатил за законите, а јас како нефеминистка* немам интерес од закоснки регулативи, односно да се молам на држава да ми даде права кои веќе ми припаѓаат.
ти самата го посочи уредувањето како главна причина за сите маки на жената. Еве
Меѓу другото, пред неколку поста го посочивме и причинителот на дискриминација и опресија врз двата пола, а тоа е денешното општествено уредување, и затоа е потребна борба за социјална правда. Што не е јасно?
Затоа те замолив да посочиш ми каде во законите (член тој и тој) или каде во институциите на власта (шалтер тој и тој, молба таа и таа)......жената е дискриминирана или одбиена оти е жена.
Имам чувство дека ме сметаш за припадничка на некоја од овие организации. Сега ќе ти разјаснам нешто, ниту сум член на феминистичка организација, ниту сум феминистка.
ок ама ти збориш и се претставуваш како да си дел од тие организации. Во ред, дали во тој случај си запозната дали феминистичките друштва делуваат во школите, од најрана возраст, во домовите, на тв со постојани емисии, меѓу луѓето...и тн.Ако не, зошто не и зошто постојат затоа што се смета дека абортусот е најчеста контрацепција кај младите[DOUBLEPOST=1443785582][/DOUBLEPOST]
Без разлика на причината за бременост, државата не смее да се меша во репродуктивните права на жената.
Тие права и се дадени од државата, од бога, од природата...или самата смета дека ги има? А што со должностите, одговорноста во тој репродуктивен односно животен циклус?
 
Последно уредено:
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
ок, дали и кога сте ги посетиле школите последен пат за да ги едуцирате идните жени и мајки? За нивните права, за заштита од бременост, сексуална едукација итн...
.
У кои школи да одиме? У оние каде учителките ги носат децата у црква за првиот училиштен ден? Каде децата уште у забаваче ги учат песнички како да се крстат?
 
Т

Триптико

Гостин
@Agda Beata погрешен виновник посочуваш. Не се мажите проблемот, туку самите жени (генерално гледано). Нема што мажите или државата или некој друг да ви дава некакви права. Барем во МК, секаде пишува: граѓаните, лицето, странката... Не пишува мажите, жените. Државата не ти крати права преку закони. Се фати за абортус. Може ќе изгледа безобразно, ама жената природно Е машина за раѓање. Не е на норма, па да мора да роди 5-10-20 деца, ама ај да ја погледнеме другата страна. Жената одлучува (или треба/мора само таа) дали ќе роди или не. Ако одиме по оваа логика, за бременост се потребни двајца, дали директно или (жена и сперма) индиректно. Заеби логика: Мое е телото јас кажувам! На една држава, па и на планетава, ѝ се потребни млади луѓе. Од кој сакаш аспект ќе го разгледуваме ова. Најважен е продолжување на видот. Што ќе се случи, сите жени на светов да речат: Не раѓаме!. Кој се родил, се родил и за некое време човекот ќе исчезне како вид, нели? Екстремно, ама изводливо. Плус, ќе наидат на огромен отпор сите феминистички организации по ова прашање од ЖЕНИ КОИ САКААТ, НО НЕ МОЖАТ ДА ЗАБРЕМЕНАТ по разни основи. Како ќе и објасниш на таква жена дека телото е нејзино и може да изводи, кога таа не може да роди дури и да сака? Ова знаеш како му доаѓа... Роди се, заврши со образование (неважен е степенот), омажи се, роди дете/деца, разведи се и удри бригу на весеље. Ти текнува? Природно е маж и жена да создаваат потомство. Се друго е правење курац и пол и вртење на главата на друга страна. За крај, во МК жената не е со скратени права, навредувана, понижувана или како сакаш кажи го колку што некои сакаат да прикажат дека е.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Ме интересира, да ве прашам нешо сите шо дискутирате на темава.
Дали мислите дека тоа што е социјално неприфатливо да шљакнеш жена, го прави светот по мирен?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.740
Поени од реакции
12.184
У кои школи да одиме? У оние каде учителките ги носат децата у црква за првиот училиштен ден? Каде децата уште у забаваче ги учат песнички како да се крстат?
Колку што знам, освен неколку школи, другите не функционираат вака.
А доколку имате желба, може да одите и во муслимански школи, кај што нема клети ѓаури. Е таму обидете се да им продадете права на жена, абортус и феминизам, Вешала на пример, Долна Бањица, Танушевци.... Гледаш, имате избор и права.
 
Последно уредено:
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.872
Поени од реакции
25.106
Но кој член конкретно од тој закон и на кој начин ги крати правата на жената, тоа те прашувам.

Значи за џабе потенцирав дека не сум заинтересирана за законските регулативи.
Како и да е, поставуваш прашање на кое одговор е една цела студија со која јас не се занимавам. Еве, нека ти биде... Покрај законот за прекинување на бременост и законот за породилно отсуство, постои и законот за минимална плата, односно под минимална плата.

Закон за минимална плата во РМ
Член 14
Висината на минималната плата, освен за одделите производство на облека и производтво на кожа и слични производи од кожа(каде претежно работат жени) за 2014 година, изнесува 8 800 денари во нето износ, а за 2015 година изнесува 9 590 денари во нето износ.


ти самата го посочи уредувањето како главна причина за сите маки на жената.
Не си ме разбрал, во цитатот кој ми го постави зборувам за дискриминација и опресија на двата пола, а главна причина за опресијата врз жените не е општественото уредување, туку размислувањето на луѓето воопшто.

ок ама ти збориш и се претставуваш како да си дел од тие организации. Во ред, дали во тој случај си запозната дали феминистичките друштва делуваат во школите, од најрана возраст, во домовите, на тв со постојани емисии, меѓу луѓето...и тн.Ако не, зошто не и зошто постојат затоа што се смета дека абортусот е најчеста контрацепција кај младите[DOUBLEPOST=1443785582][/DOUBLEPOST]Тие права и се дадени од државата, од бога, од природата...или самата смета дека ги има? А што со должностите, одговорноста во тој репродуктивен односно животен циклус?
Не сум се претставила никаде, а зборувам со таков жар затоа што ме иритира било каква неправда.

Да, феминистичките движења делуваат во школите, во домовите, на телевизија, меѓу луѓето... За ефикасноста на делувањето е дискутабилно, затоа што не можеш сосила да го еманципираш народот, народот треба сам да се еманципира. Тоа е исто како јас да те прашам сега зошто постојат фанатици кои се партиски обоени, и покрај фактот дека се делува и против оваа појава.

Токму на тоа и се работи кога е во прашање абортусот, одговорноста во секој поглед. Но и покрај ова, несакана бременост настанува дури и кога се користи заштита.


@Agda Beata погрешен виновник посочуваш. Не се мажите проблемот, туку самите жени (генерално гледано). Нема што мажите или државата или некој друг да ви дава некакви права. Барем во МК, секаде пишува: граѓаните, лицето, странката... Не пишува мажите, жените. Државата не ти крати права преку закони. Се фати за абортус. Може ќе изгледа безобразно, ама жената природно Е машина за раѓање. Не е на норма, па да мора да роди 5-10-20 деца, ама ај да ја погледнеме другата страна. Жената одлучува (или треба/мора само таа) дали ќе роди или не. Ако одиме по оваа логика, за бременост се потребни двајца, дали директно или (жена и сперма) индиректно. Заеби логика: Мое е телото јас кажувам! На една држава, па и на планетава, ѝ се потребни млади луѓе. Од кој сакаш аспект ќе го разгледуваме ова. Најважен е продолжување на видот. Што ќе се случи, сите жени на светов да речат: Не раѓаме!. Кој се родил, се родил и за некое време човекот ќе исчезне како вид, нели? Екстремно, ама изводливо. Плус, ќе наидат на огромен отпор сите феминистички организации по ова прашање од ЖЕНИ КОИ САКААТ, НО НЕ МОЖАТ ДА ЗАБРЕМЕНАТ по разни основи. Како ќе и објасниш на таква жена дека телото е нејзино и може да изводи, кога таа не може да роди дури и да сака? Ова знаеш како му доаѓа... Роди се, заврши со образование (неважен е степенот), омажи се, роди дете/деца, разведи се и удри бригу на весеље. Ти текнува? Природно е маж и жена да создаваат потомство. Се друго е правење курац и пол и вртење на главата на друга страна. За крај, во МК жената не е со скратени права, навредувана, понижувана или како сакаш кажи го колку што некои сакаат да прикажат дека е.
"I never expect men to give us liberty. No, women, we are not worth it until we take it."

- Voltairine de Cleyre

Ме интересира, да ве прашам нешо сите шо дискутирате на темава.
Дали мислите дека тоа што е социјално неприфатливо да шљакнеш жена, го прави светот по мирен?
Јас мислам дека треба да се стремиме кон тоа никој никого да не шљака и реално никој нема право да шљака некого. Ама кога веќе има шљакање, нека биде барем поради добра причина. :)
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.740
Поени од реакции
12.184
Значи за џабе потенцирав дека не сум заинтересирана за законските регулативи.
Како и да е, поставуваш прашање на кое одговор е една цела студија со која јас не се занимавам. Еве, нека ти биде... Покрај законот за прекинување на бременост и законот за породилно отсуство, постои и законот за минимална плата, односно под минимална плата.

Закон за минимална плата во РМ
Член 14
Висината на минималната плата, освен за одделите производство на облека и производтво на кожа и слични производи од кожа(каде претежно работат жени) за 2014 година, изнесува 8 800 денари во нето износ, а за 2015 година изнесува 9 590 денари во нето износ.
Тоа што некоја гранка е нископродуктивна или мора да работи по лон системи (економија, веројатно знаеш зошто челикот има една, штавена кожа друга, памук друга цена). Во иста фирма, исти позиции, вештини итн, жената е исто платена ко мажите.
Инаку ти како жена можеш да одбереш и друга работа освен текстилна индустрија. По закон никој не ти брани, ете одбери работа во рударско окно, утовар на дрва, што знам нешто поплатено, а во сличен ранг на квалификации. Дали наместо продавачка се имаш пријавено за кршење бетонски плочи на пример? Тие се многу поплатени од продавачките.
Не си ме разбрал, во цитатот кој ми го постави зборувам за дискриминација и опресија на двата пола, а главна причина за опресијата врз жените не е општественото уредување, туку размислувањето на луѓето воопшто.
ок, тогаш ти ова не го поставуваш од аспект на темава туку од аспект на друга тема, анархија можеби. Ако е тоа, тие фантазии не ме интересираат, овде темата е права на жената. А за жал, досега не видов дека жената нешто нема права.[DOUBLEPOST=1443792610][/DOUBLEPOST]
Токму на тоа и се работи кога е во прашање абортусот, одговорноста во секој поглед. Но и покрај ова, несакана бременост настанува дури и кога се користи заштита.
хехе, "настанува" велиш. Знаеш ли дека процените за број абортуси се негде колку и број на раѓања? Околу 8000. Главно омладинките. Епа сеа, дека немале права девојките, жените на тоа поле, тешко...Значи ни абортус ни семејно насилство, не моеш да генерализираш. Чак што више, размисли во ова време на избор, кој е голем дел виновен за такво насилство.
 
Последно уредено:
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.872
Поени од реакции
25.106
Тоа што некоја гранка е нископродуктивна или мора да работи по лон системи (економија, веројатно знаеш зошто челикот има една, штавена кожа друга, памук друга цена). Во иста фирма, исти позиции, вештини итн, жената е исто платена ко мажите.
Инаку ти како жена можеш да одбереш и друга работа освен текстилна индустрија. По закон никој не ти брани, ете одбери работа во рударско окно, утовар на дрва, што знам нешто поплатено, а во сличен ранг на квалификации. Дали наместо продавачка се имаш пријавено за кршење бетонски плочи на пример? Тие се многу поплатени од продавачките.
Мене можеш, но дали ќе имаш лице овие прашања да им ги поставиш на намачени жени од 50+ години?

хехе, "настанува" велиш. Знаеш ли дека процените за број абортуси се негде колку и број на раѓања? Околу 8000. Главно омладинките. Епа сеа, дека немале права девојките, жените на тоа поле, тешко...Значи ни абортус ни семејно насилство, не моеш да генерализираш. Чак што више, размисли во ова време на избор, кој е голем дел виновен за такво насилство.
Проблем е што пробуваат насекаде низ светот да го ускратат тоа право на абортус.
Сакаш да кажеш дека жените се виновни затоа што се тепани? Свашта!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.740
Поени од реакции
12.184
Мене можеш, но дали ќе имаш лице овие прашања да им ги поставиш на намачени жени од 50+ години?
Сеа со ваков муабет, ништо не правиме. Као, ај оди кажи им ги правата на рударите или железничарите кои не земале пола година плата, а мкнат цел ден.
Жената има право на избор на работа, како и мажот. Мажите и жените во иста фирма земаат исто плата, зависно од вештини, умешност, интелигенција. Дотолку, во иста фирма жените ги обавуваат главно полесните административни работи, а често се поплатени. Не знам што не ти е јасно тука.
Проблем е што пробуваат насекаде низ светот да го ускратат тоа право на абортус.
Сакаш да кажеш дека жените се виновни затоа што се тепани? Свашта!
Не сфаќаш или...ок,. Дали денеска девојките сами ги бираат партнерите? Дали се со нив со месеци и месеци па и години заеднички живот, одмори, одј јутра до сутра sleeping, eating, fucking, arguing...да или не? Зборам за нормални девојки, не за планински или религиозни екстреми.
Дали имаат избор и право на избор или не?
 
Последно уредено:
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.872
Поени од реакции
25.106
Сеа со ваков муабет, ништо не правиме. Као, ај оди кажи им ги правата на рударите или железничарите кои не земале пола година плата, а мкнат цел ден.
Жената има право на избор на работа, како и мажот. Мажите и жените во иста фирма земаат исто плата, зависно од вештини, умешност, интелигенција. Дотолку, во иста фирма жените ги обавуваат главно полесните административни работи, а често се поплатени. Не знам што не ти е јасно тука.
Тоа можеби е така во Македонија. Сега ќе ти кажам како е во Шведска. Жените работат иста работа како и мажите, од шофери, до рудари... Знаеш дека според закон жените земаат помала плата за истото работно место, без разлика кое е? Затоа ти напоменав дека темава не е само за ситуацијата во Македонија, тука зборуваме воопшто како е.

Не сфаќаш или...ок,. Дали денеска девојките сами ги бираат партнерите? Дали се со нив со месеци и месеци па и години заеднички живот, одмори, одј јутра до сутра...да или не? Или немрднати од дома се запознаваат преку стројници и се земаат за 1 ден? Зборам за нормални девојки, не за планински или религиозни екстреми.
Разбирам и јас размислував и сеуште размислувам овака. Ама знаеш, после разговор со неколку жени кои се/биле жртви на семејно насилство, не си давам толкава слобода да осудувам.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: DL5

Kajgana Shop

На врв Bottom