Производство на буковка

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
.....вргањот во Македонија се бере по планини или се одгледува, пацер сум за тоа па прашувам;) дали оние погорни цени кина-македонија се должат на тоа што кинески се нудат зилион тони ,а македонски само 50 ???
Се бери од планина.. Врганот не може да се култивира затоа уште има пари во таа работа за нас македонците.. Странците инаку ќе му го имаа најдено крајот.. откуп може да биде од 10 денари па до 1000+ денари зависно од условите на пазарот.Најдобра конјутура пазарна за берачите е кога нема никаде во Европа а кај нас има мнгоу и извоз на свежа. Тогаш цената е висока и количината е голема.. Немало таква година веќе некое време. Преку муабети имам слушано за повеќето покрупни преработници на шумски печурки во Македонија.
Можеш ли да ми кажеш колку е цената на рујницата сега оти сега кај нас е со многу ниска цена, патем и ја немаше три години па незнам колку се движи цената?
Рујница до 4 цм 50-80, од 4 до 6 цм т.е втора класа 30-50 ден, на трета класа над 6 цм е 10 ден откуп..Црвлива не се купува..
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.175
Поени од реакции
3.422
Рујница до 4 цм 50-80, од 4 до 6 цм т.е втора класа 30-50 ден, на трета класа над 6 цм е 10 ден откуп..Црвлива не се купува..
Почекав неколку дена да видам како се движи цената, па сега ќе пишам.

Кај нас на падините на Осогово газдите си прават што сакат,
прва калса до 6 см 40 денари, втора класа 20 денари, така беше неколку дена и просекот на печурките се движеше околу 31,5-32 денари.

Потоа ја спуштија на 40 со 10 денари, просекот беше 23-24 денари.

НО едниот откупувач го сопре откупот (со изговор дека имал премногу) на неколку дена, па другиот откупувач откупуваше како сака 20 со 10, на тие што му носеа претходно 30 со 10, но подоцна несакаше да ги зима крупните( над 6 см).

Сега цената е 30 со 10, ама не сакаат да зимаат покрупни и скршени, со други зборови си прават што си сакаат.

Јас за 6 дена набрав околу 250 кг со просечна цена од 25,5 денари и веке неколку дена не одам оти премногу гледаат да ме искористат.

Сега дали би сакал да направиш споредба на просечните цени што ги откупувате таму ( веројатно соодносот на количините е тој), па да направиме математика колку нашите газди се во профит споредбено со Македонија (од нас берачите).???

Заборавив да пишам дека последнот ден што го идев на берење ми го урна просекот, првата ми ја наплати 20 денари (до 6 см) и 10 денари, просекот беше 16 денари. Работата беше дај ги по колку сакам или фрли ги, откопувачката ги пребираше те закршени биле, те имало иглички, позеленеле, што ќе им правела, вака, онака, ми идеше да и ги треснам од глава.
Еден човек кога му кажала колку ќе земе, ги земал и сите ги згазил пред неа (ама тој е пензионер и си има пари, па многу го гајле за пари) и јас после оваа што ми го направи не одам веќе.!
 
Последно уредено:

Цените се скоро секаде исти.. И тука падна рујницата.. Дури и претерано се удира на квалитет.. Крш, многу префаќана т.е озелената не се зема.. земаме само на ептем стални и сигруни берачи оти квалитетот е сериозен проблем..Да ти препорачам нешто за крупните ако имаш фрижидери.. Да набериш крупна и нецрвлива и да ја направиш коцка и да ја смрзниш. Ќе земиш некој динар и за неа кој ќе заврши сезоната.
 
Член од
17 декември 2014
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво на сите.Планирам да започнам со производство и продажба на буковка во моја сопствена гаража и сето ова да оди преку регистрирана фирма.Дали може некој да ми каже дали морам да имам регистрирано деловен објект и да плаќам индустриска струја и вода или може да си биде преку струјата што си оди за домакинството?Фала :)
 
Член од
19 декември 2009
Мислења
132
Поени од реакции
38

И да и не
 
Член од
17 декември 2014
Мислења
2
Поени од реакции
0
Фала Ване.Дали можеш ако знаеш да ми кажеш кога да а кога не?Фала однапред
 
InStealth

Лабаво лавабо
Член од
10 февруари 2015
Мислења
221
Поени од реакции
560
Каде може да се купи квалитетен мицелиум ?
 
Член од
12 декември 2009
Мислења
161
Поени од реакции
69
Сакам да земам да одгледувам буковка за домашно користење некои препоруки од дека да набавам за почеток вреки спремни со мицелиум, па ако ми успее би пробал и сам да си подготвуем. Мицелиумот од дека може да се купи и по која цена оди ???
 
Член од
27 септември 2015
Мислења
16
Поени од реакции
11
se prasuvam zosto vo makedonija ne se napravi edno zdruzenie vo koe ke bide organizirano berenje na tartufi a vo edno so toa i pecurki samo treba site sto se zainteresirani za berenje tartufi da se zdruzat i plasmanot i se okolu berenjeto na tartufot pa i do treniranjeto na kucinjata za pronaogjanje na nego da se pravi zaedno kako edno golemo zdruzenie na tartufari vo makedonija so site potrebni dokumenti za toa, profitot e ogromen cenite znaeme deka se dobri za kilo tartufi e od 30 evra pa nagore za crniot koj ima najmala cena,beliot tartuf za kilo e i do 1000 evra, onie so pogolema tezina na pr ako 1 tartuf e nad 700 grama tie vredat nekolku stotina iljada evra.[DOUBLEPOST=1443341602][/DOUBLEPOST]ako ima zainteresirani za bernje na tartufi pisete
 
Последно уредено:

Keljav

baram zena - test kujna
Член од
8 март 2009
Мислења
1.372
Поени од реакции
310

top ideja. Brakjata od Tetovo pravat milioni od toa. Kasnis druze. Niv zdruzenija ne im trebaat. Poznavam 5 koi vekje imaat po nekolku miliona iskesirano.
 
Член од
27 септември 2015
Мислења
16
Поени од реакции
11
top ideja. Brakjata od Tetovo pravat milioni od toa. Kasnis druze. Niv zdruzenija ne im trebaat. Poznavam 5 koi vekje imaat po nekolku miliona iskesirano.
da imam slusnato deka vo tetovo se bere tartuf i bas seriozno imaat vlezeno vo toa,so kupuvanje na kucinja koj dosta vredat slusnav za nekoj 15 000 evra ima zemeno kuce koj e istrenirano za tartufi,zatoa mislam so dobar tim moze da se vleze vo taa rab so mnogu pomalce kako na pr zaednicka dresura zaednicki plasman i tn sto mislam deka e mn polesno samo treba kako i vo sekoja rab lugje od doverba.
 
Член од
19 декември 2009
Мислења
132
Поени од реакции
38
Ако се знаеше нешто за тартуфите во Македонија, мислам дека тешко дека ке пројдеше а тоа да не го знаеше проф. Караделев. Друго, ке се очекуваше и негов богатење. Во постојани контакти сум со него и немам добиена некоја посигурна информација за комерцијален тартуф на нашите простори. Кучиња може да се донесат од Словенија, Хрватска, во Белград ги има, ама 15.000 ? Нее.
Некој напиша дека заработката кај буковката е 10-30 ден од произведен килограм. Тоа е точно доколку се произведувачот купува готов субстрат. АБЕ на секој му ја кажувам таа вистина(па уште и ако ја дополнам со тоа дека ако ја даде на дистрибутер ке оде јабана) и пак купуваат готови вреки. Затоа и јас почнав да нудам готови вреки. Па не се некои други попаметни(или ја поглуп).
Jimy..фала
071 239 710 за мицелиум и готов (компост) за буковка, шиитаке, Кing oyster, јудино уво, Херициум,....[DOUBLEPOST=1446252841][/DOUBLEPOST]Јорданчо:.. како кога ефтина кога скапа. П ако си ќутеш ке плаќаш како дома а кога ке ти дојдат од Евн ке продужеш скапа. Така на мене ми направија.. АКо си од Кочанско дој ке ти објаснам пак... 071 239 710. Преку викенд сум секогаш у Кочани. преку раб. денови во Струмица
 
Член од
20 септември 2016
Мислења
475
Поени од реакции
732
Na Ovce Pole pocnaa so gradenje na neso za pecurki mislam za pecurkarnik,rabb ne odi se si e u mesto .-.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom