V O L K S W A G E N

  • Креатор на темата Креатор на темата Volkswagen
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво, ми треба совет за Vw Golf 1.6i бензин/плин 2007 год. со 150000км поминато. Дали е добар моделот дали вреди за 5200е да се земи?
 
Во последниве години Фолксваген далеку заостанува од Тојота, како во продажбите така и во приходите. Финансиите на тојота се далеку поголеми од на фолксваген а со тоа и ресурсот за развивање на нови мотори. Фолксваген веќе една деценија оди со стара технологија, додека тојота вади во последно време далеку подобри и поквалитетни мотори.
Вожњата на голф е нула у споредба со королата.

Колку паметно ова звучи од временски период од 2-3 месеци :)
 
Здраво, ми треба совет за Vw Golf 1.6i бензин/плин 2007 год. со 150000км поминато. Дали е добар моделот дали вреди за 5200е да се земи?
Јас за тие пари би возел Мерцедес а не голф...
 
Се согласувам за тие пари има многу повеке... Поготово од Бугарија одлични понуди...
Не само од Бугарија туку и од тука. Германија, Словенија како и да е за тие пари се има голем избор ама јас секогаш се чудам зошто луѓето некои фрлаат толку многу пари на голф кога за истите пари има многу други автомобили кои се далеку подобри од голф.
 
15 години стар Мерцедес?
И да е 15 год има поголема опрема плус не можеш да споредиш мерцедес со голф, мерцедес е висока класа и плус тоа тој мерцедес ќе извози милион км а голфот колку 500,000?
 
И да е 15 год има поголема опрема плус не можеш да споредиш мерцедес со голф, мерцедес е висока класа и плус тоа тој мерцедес ќе извози милион км а голфот колку 500,000?

А еве ако тој Мерцедес го купуваш и почне едно по едно да откажува?Даj ми еден доказ дека тој Мерцедес ќе изврти милион КМ,еден само,немора повеќе..На нова кола гаранција не се дава,не па на половен Мерцедес..Никако да разберете,на ПОЛОВНА кола немаш апсолутно никаква гаранција..Купи нов Мерцедес од салон,па после пишувај..
 
Последно уредено:
Се согласувам за тие пари има многу повеке... Поготово од Бугарија одлични понуди...
Иди купи од бугарска,па кажи тука што си направил.Ние купивме цитроенче ц3 пред 4-5 години за цена по колку што идат сега,ама ништо немаше негово,се беше туѓо...склопувано праено,од италија го донел демек од ваму од таму,уште 1000 евра фрливме на него...внатре корнеше на повраќаници,па у тие 1000 евра беа и навлаки нови...така да никад више од таму кола.Или њемачка или од тука,трето не.
 
Јас за тие пари би возел Мерцедес а не голф...
Не ги сакам мерцедесите (иако се класа подобри од голф ако не и две) имам мерак за кратка кола, посебно голф, затоа прашував дали вреди да се земи 5ка за тие пари, а мерцедес BMW или ауди старо 15 год ни под разно не планирам да земам.
 
Си разгледал Алфа 147-ица?Кога веќе спомна кратки коли.
 
А да те прашам пошо не су запознаен со Алфа, како одат со трошок за гориво?
Јас ќе ти кажам зошто за Алфите знам точно.

Најпогодени алфи ти се:

156 - 1.9 tdi
147 - 1.9
159 - 2.4
166 - 2.4

Алфа 147 градска троши 6.5 - 7.0

Алфа 156 градска троши 7.5 - 8.0

Најдобра варијанта за потрошна и делови тие Алфа 147 има делови многу не се расипуваат лесно и плус стварно на изглед е топ количе за млад човек е 5ка.[DOUBLEPOST=1443269476][/DOUBLEPOST]
А еве ако тој Мерцедес го купуваш и почне едно по едно да откажува?Даj ми еден доказ дека тој Мерцедес ќе изврти милион КМ,еден само,немора повеќе..На нова кола гаранција не се дава,не па на половен Мерцедес..Никако да разберете,на ПОЛОВНА кола немаш апсолутно никаква гаранција..Купи нов Мерцедес од салон,па после пишувај..
Секој 2-3 мерцедес во Скопје кои ги вртат таксистите имаат +650,000 км а ни тропаат ниту пак се расипуваат често. Прави со повеќе таксити и со приватни луѓе плус овие што ги продаваат ќе ти кажат дека моторите се издржливи плус не се расипуваат често ко останатите коли може малку им се поскапи ама пример кај голфот ќе смениш три пати нешто кај мерцедес еднаш и пак си во ќар. Без разлика што се постари тие мерцедеси можат да извозат секако над 850,000 км. За џабе не се правени за висока класа на луѓе. А голфот е за средна класа.

Така да пример ќе ти кажам во Старо водно има мерцедес кој има над 1 милион км од 85 год. А веќе 24 год е на такси.
 
Последно уредено:
Не ги сакам мерцедесите (иако се класа подобри од голф ако не и две) имам мерак за кратка кола, посебно голф, затоа прашував дали вреди да се земи 5ка за тие пари, а мерцедес BMW или ауди старо 15 год ни под разно не планирам да земам.
5000 евра за 8 години стар Голф е фер цена. Само гледај 1.9 ТДИ да најдеш за тие пари.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom