Најекономично греење и ладење

Член од
18 август 2015
Мислења
213
Поени од реакции
420
Здраво на сите! Ми треба совет околу избор за клима уред За загревање на соба од стан во Гостивар (најниските температури стигаат до -17 но траат една до две недели). Станува збор за дневна соба со кујна со димензии 28м2 или 5,6х5х2,7. Собата гледа на запад, од таа стр има пвц прозор од околу 4м2 и фасада со 5цм стиропор, од север има фасада но нема стиропор. Соседните простории од исток и југ се грејат, станпвите над и под мене не се грејат. Минатите две години се греев со панел од 3,5kw и сметките за јануари и февруари беа околу7000ден. Останатите месеци помалку бев дома па проаѓав со околу3500ден. Е од годинава ќе сме со мало бебе и сакам во дневна да ставам клима, а ходникот да го загревам со панелот.
Во фирмите што се бават со греење ми предлагаат клима 3,5kw. Гледав Toshiba ras-b13n3kv2-e1 51500ден ,http://energija.com.mk/?page_id=385, Daikin 40000den, http://www.termosistem.com.mk/klima-ured-inverter-daikin/ а во опција се Хитачи, Самсунг 37000ден http://technomarket.mk/products/09128154/samsung-ar-12fsfpkgm
Ве молам какво е искуството со споменатите брендови...
Би ти препорачал клима уред - инвертер од јапонските брендови Митсубиши, Фуџитсу, Даикин.. Се друго е мачка во вреќа. Иако за жал сме никаков пазар за клими од наведените брендови. Превисоки цени, никакви информации за цени на одредени модели, манипулирање со цени во однос на тоа дали одредена цена се однесува за уред со јачина од 2 kw или 3.5 кw итн. Се надевам дека сето ова ќе се промени, имајќи ја во предвид се повеќе развиената свест за енергетска ефикасност и придобивките од затоплување со клима уреди-инвертери.
 
Член од
14 септември 2015
Мислења
9
Поени од реакции
1
@Baratel Можеш и сам да си направиш приближно точна пресметка за загубите бидејки си го греел претходно просторот. Многу работи се непознати за некоја точна пресметка за твоите загуби од тоа каков е каминот(искористеност), со какви дрва е ложено, колку часа дневно е ложено итн.
Накратко кубиците дрва ги претвараш во топлинска енергија, зимаш процент од неа како реална предадена енергија од печката во просторот и тоа го делиш со број на денови и часови во кој си ја искористил таа некоја реална топлинска енергија но за најладниот период од зимата.
Рече си трошел 8м3 (претпоставувам за цела зима)

1м3 бука=2500 Kw/h топлинска моќ (ова е за идеално 15%влажни дрва, сушени преку лето....реално дали имаат и 2000Kwh све зависи од квалитетот на дрвото.....за дабoт е мислам 1800KWh)

8(м3)x2500=20.000 Kwh вкупнa теоретска топлинска моќ на располагање

Искористеноста на ова вкупна топлинска моќ односно предадена т.моќ од печката во просторот кај обичните (без секундарно согорување) печки/камини тука поискусните со овој вид греење ја зимаат 30-50% , све друго од тие теоретски 20000Kw иде со димот низ оџакт па у небо.
Пример ако земеме да печката има 40% искористеност, од 20000 тоа се 8000 Kwh реална вкупна т.моќ што печката би ја предала во просторот како топлина.

Со претпоставка дека пола од оваа вкупна топлинска моќ т.е 4000 си ги потрошил во најладните 2 месеци дек/јануари (тоа го знаеш самиот како си трошел) подели го 4000 на број на денови*часови ложење ке добиеш колку енергија ти било потребно на час во тие 2 најстудени месец
За 15часа дневно греење си трошел 4000/(60*15)=4.5Kw т.енергија/час
Ако си греел просечно 10часа тогаш 4000/(60*10)=6.7KW

Ова ти е одприлика поресметка колкави загуби на час имаш во најладните месеци со идеално квалитетни букови дрва (2500кw) и просечно квалитетна печка/камин земена со 40% искористеност.
Последнава зима и небеше толку ладна па и тие 8м3 што ги наведе прашање е колку се реална потрошувачка за сезона и колку м3 дрва би трошел во поладна зима. Најдобро ако знаеш колку трошиш дневно дрва во килограми ама во најладнните денови и тоа ти се максимални губитоци за просторот, зошто има и податоци по килограм кое дрво колку т.енергија има пример за 1[kg] бука или даб.
Здраво Стрелец. најпрвин да ти честитам за новата клима, со здравје да се служиш. И јас го гледав тој модел за мене, но 5 kW за моите 45 m2, но цената е 109 200 ден. , така да се одлучив за 6,3 kW Diamond од (MHI) кој е 104 200 денари. Внимателно го разгледав твоето елаборирање за мојата ситуација и искрено ти благодарам за тоа. Климата уште не сум ја купил, така да ако имаш причина да ме разубедиш да не ја купувам, пиши :)[DOUBLEPOST=1443001235][/DOUBLEPOST]
Sigurno deka ke te zgree.
Strelec spomna sega brgu edna Fujitsu 18-ka od okolu 70.000den. Moze i taa da te zgree.
Eden kolega prosloto zimo stavi klima vo kukata (vo koja zivee 15-20 godini). Zema Vivax 18-ka GEEI, znaci najslabiot model proslata sezona, za 40000 den. Dnevnata so kujnata vika deka mu e okolu 45-50 m2.
Komentarot mu e deka prosloto zimo mu bilo najtoplo doma od site izminati godini a najeftino pominal. Ima i parno na drva, no vika i so parnoto ne mu bilo tolku prijatno kako so klimata.
А има изолација на просторијата или не? Јас немам изолација, а прозорците се дрвени, словенечки со капаци.
 
Последно уредено:
Член од
24 септември 2013
Мислења
344
Поени од реакции
317
А има изолација на просторијата или не? Јас немам изолација, а прозорците се дрвени, словенечки со капаци.
Za izolacija zborese deka staval na krovot, sto-kako ne mi teknuva sega na muabetite (koi inace gi pravevme dosta zimoto). Na zidovi nema, obicna fasada kako sto gi pravele na vremeto pred 20-tina godini. Prozori sigurno se drveni, pak neznam kakvi tocno.[DOUBLEPOST=1443007060][/DOUBLEPOST]
Здраво Стрелец. најпрвин да ти честитам за новата клима, со здравје да се служиш. И јас го гледав тој модел за мене, но 5 kW за моите 45 m2, но цената е 109 200 ден. , така да се одлучив за 6,3 kW Diamond од (MHI) кој е 104 200 денари. Внимателно го разгледав твоето елаборирање за мојата ситуација и искрено ти благодарам за тоа. Климата уште не сум ја купил, така да ако имаш причина да ме разубедиш да не ја купувам, пиши :)
Sega go najdov postot za Fujitsu, tocno nad ti da pises.
Eve ti pricina za razubeduvanje od Mitsubishito, bi trebalo da gi razgledas Fujitsu-ata, duri i 24-kata so 8 do 10,6 kw e 82000.
22000 den. e golema razlika, a Fujitsu izgleda e pojaka od taa sto si ja gledal.
Најјаката 5.5ка за греење што ја имам приметено на темава e Fujitsu a ја постираше @moongoses на 384 страна a помина незабележано. Веднаш паѓа во очи онаа моќност од 9.1KW на греење со номинална од 6.3KW.
По еуровент на греење има Pdesignh = 5.90 ....машала :)
По она што барав на нет точниот модел треба да биде составен од ASYG18LFCA како внатрешна и AOYG18LFC надворешна единица а не како што е тука на флаеров напишано.
За неа Еуровентот потврдува дека се работи за моќна клима која на -7 дава цели 5.2KW na -15 4.81KW.
Митсубиши Хеви SRC50ZM-S/SRK50ZM-S на -7 дава 4.16KW или цел киловат помалку.


Еве некој модел на Даикин за 33000
http://marketkonekt.com/makedonija/aparati-za-domakjinstvo/uredi-klimatizacija/klima-ured-daikin-inverter-ftxb-c-35c/5uf.htm
Може да е овој овде http://www.daikin.it/products/index.jsp?set=FTXB-C / RXB-C
 
Последно уредено:
Член од
22 септември 2015
Мислења
17
Поени од реакции
39
A oznakite gi imas ili samo ceni imas[DOUBLEPOST=1442956843][/DOUBLEPOST]
E toa bea dobrite stari vreminja ke gi barame ovie klimi, GEEI bese Change ako ne se lazam, taa sto ja imav 65m2 gree gajle nema[DOUBLEPOST=1442957474][/DOUBLEPOST]
Ке ти треба јака 3.5ка а заради доста снежни денови за гостивар би ти препорачал нешто со греачи да си земеш да не ти прави дефрости честово снежни денови. Зависи и каде ке ја монтираш дали ке ја врне или не. Значи или Митсубиши FH35VE за 60000 или Хансол 12ка за 50000, евентуално Даикинот иако незнам за кој модел, другите што ги наведе не би ти ги препорачал за Гостиварска зима.
Во право си за снегот, тука сигурно еден месец сме под снег, без 50цм снег ретко поминуваме. Инаку климата нема да е дирекно изложена на снег ама секако ќе ја фаќа малку. Даикин моделот што ми го понудија е https://www.cooltechairconditioning.com/daikin-ftx35jv-rx35jv-3-5kw-12-000btu-wall-mounted-low-inverter-system
 
Член од
18 август 2015
Мислења
213
Поени од реакции
420
Во право си за снегот, тука сигурно еден месец сме под снег, без 50цм снег ретко поминуваме. Инаку климата нема да е дирекно изложена на снег ама секако ќе ја фаќа малку. Даикин моделот што ми го понудија е https://www.cooltechairconditioning.com/daikin-ftx35jv-rx35jv-3-5kw-12-000btu-wall-mounted-low-inverter-system
Што и да одбереш од наведените јапонски брендови нема да згрешиш, но при тоа сепак треба да ја имаш предвид површината на просторијата која ќе ја загреваш, особено дали таа има излолација или не, дали соседните станови, над и под се греат или не, надворешни ѕидови, стаклнеи површини, дали прозорците се добро дихтувани или не и сл. Сето ова влијае на во вистинскиот избор на капацитетот на уредот. Воедно од искуство би сакал да ти предочам ПОСЕБНО да обрнеш внимание на монтажата на уредот, што според мое скромно искуство ( на форумот има и поискусни и попотковани учесници), има влијание на правилно и ефективно функционирање на уредот ( има секакви приучени инсталатери кои воопшто не ни помислуваат да запазат основни правила на струката и препораките на производителот на уредот кој се монтира) Во тој контекст сакам да ти предочам дека при монтажата да инсистираш на следните минимални елементи:
1. Должината на инсталацијата да не биде помала од 3 м.
2. Инсталацијата ( двете бакарни цевки ) посебно да се изолираат.
3. Да се вакумира системот, иако ќе ти кажат дека за тоа нема потреба.
4. Да се ставам антивибрациони гумени подлошки на надворешанта единица, иако исто такак ќе ти кажат дека нема потреба.
5. Правилно да се процени местото каде ќе се монтира внатрешанта единица ( да не дува право на лицата кои се наоѓаат во просторијата ) и сл.
Се надевам дека поискусните на овој форум ова ќе го дополнат, а од што, сите идни корисници на клима уреди-инвертери ќе имаат корист, со што ќе се оневозможи неправилна монтажа на уредите, а со тоа постоење на голема можност уредот да не функционира правилно.
 
Член од
22 септември 2015
Мислења
17
Поени од реакции
39
Благодарам на советите, верувајте дека се многу се добредојдени со оглед на тоа дека немам искуство со греење се клима
 
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.654
Поени од реакции
7.498
Во право си за снегот, тука сигурно еден месец сме под снег, без 50цм снег ретко поминуваме. Инаку климата нема да е дирекно изложена на снег ама секако ќе ја фаќа малку. Даикин моделот што ми го понудија е https://www.cooltechairconditioning.com/daikin-ftx35jv-rx35jv-3-5kw-12-000btu-wall-mounted-low-inverter-system
Taa klima treba da e ova tuka, RX35J3V1B nadvoresna i FTX35J2V1B vnatresna...iako podobro da si prasas tocna oznaka na nadvoresna/vnatresna edinica da ne iskoci citame podatoci za pogresna klima. Za tvoite 28m2 so stanovi sto se great nad/pod tebe, stiropor 5cm i PVC prozor bi trebalo da zavrsi rabota vo 90% od zimata. Na -7 dava 2.5Kw a na -15 2Kw sto mozebi ke bide malku vo najladnoto no takvi denovi se malku a imas i panelka da pomogne vo tie denovi od -15 ili pod toa. Nemoj da svatis deka nema da te zgree zaradi namalen kapacitet, samo podolgo ke i treba da zagre a so toa i poveke struja ke potrosi vo tie denovi. Koga ke e poladno i nema da ja gasis voopsto.
Za da ne dogrevas ni na -15 so 3.5ka ke ti treba ili 3.5ka klima so twin-rotary kompresor, ili 5.5ka a od 3.5kite sto gi ima kaj nas znam samo dve i ti gi navedov, Mitsa FH35Ve i Hansolot 12ka so Sanyo kompresor.
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Какво затоплување би му препорачале на наш сограѓанин од Куманово кој вели:
„Немаме пари да купиме дрва, а на струја не можеме, ние немаме ниту парно, ниту ништо. Немаме ниту пари да платиме струја. Така, кучешки. Минатата зима собиравме гранки по долови, каде ќе најдеме, па под черги. Под јорган. На електричен шпорет готвиме, ама сега немаме да платиме, два пати ни ја исклучуваа, сега добивме опомена дека пак ќе ни ја исклучат. Сметките ни се по три илјади денари, а месечни примања осум илјади денари“,
http://www.makdenes.org/content/article/27262825.html
 
Член од
22 септември 2015
Мислења
17
Поени од реакции
39
Taa klima treba da e ova tuka, RX35J3V1B nadvoresna i FTX35J2V1B vnatresna...iako podobro da si prasas tocna oznaka na nadvoresna/vnatresna edinica da ne iskoci citame podatoci za pogresna klima. Za tvoite 28m2 so stanovi sto se great nad/pod tebe, stiropor 5cm i PVC prozor bi trebalo da zavrsi rabota vo 90% od zimata. Na -7 dava 2.5Kw a na -15 2Kw sto mozebi ke bide malku vo najladnoto no takvi denovi se malku a imas i panelka da pomogne vo tie denovi od -15 ili pod toa. Nemoj da svatis deka nema da te zgree zaradi namalen kapacitet, samo podolgo ke i treba da zagre a so toa i poveke struja ke potrosi vo tie denovi. Koga ke e poladno i nema da ja gasis voopsto.
Za da ne dogrevas ni na -15 so 3.5ka ke ti treba ili 3.5ka klima so twin-rotary kompresor, ili 5.5ka a od 3.5kite sto gi ima kaj nas znam samo dve i ti gi navedov, Mitsa FH35Ve i Hansolot 12ka so Sanyo kompresor.
Становите над/под мене НЕ се грјат - соседите се во странство па според тоа ќе ми трбаат овие што ми ги предложи или можеби да размислам за 5-ка. Уште да ме упатиш каде да ги побарам ептен ќе ми завршиш работа
 
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.654
Поени од реакции
7.498
Здраво Стрелец. најпрвин да ти честитам за новата клима, со здравје да се служиш. И јас го гледав тој модел за мене, но 5 kW за моите 45 m2, но цената е 109 200 ден. , така да се одлучив за 6,3 kW Diamond од (MHI) кој е 104 200 денари. Внимателно го разгледав твоето елаборирање за мојата ситуација и искрено ти благодарам за тоа. Климата уште не сум ја купил, така да ако имаш причина да ме разубедиш да не ја купувам, пиши :)
Ке ти одговорам као и @ogledaloogledalo што ти напиша, Fujitsu 18ката ти е доволна и ке те кошта 500евра поефтино ако тоа ти значи нешто . Прво ке заштедеш, второ ти како се спремаш за поларни зими кои нема да се случат, тебе можеби ке ти требаат 7W na -15(-20) ама на +5 или -2 што е просек 80-90% од зимата ке ти треба 4-5КW и шо ке праи 24кава со 7Kw, пали гаси ке ти прави. Ако на -20 климава што си ја одбрал загрее за 30мин, 5.5ка ке загре за 45 или 1час, не ке смрзнеш за 20мин, малце појше ке потроши заради подолга работа на макс на тие температури ама па многу ке ти заштеди во поголемиот дел од зимата. Знаеш и самиот колку денови во зиимата се под -10 а колку месеци се со над -5температура.
Еве од информаци што имам собрано за Fujitsu ASYG18LFCA/AOYG18LFC. Верувам дека точно овој модел е тој за 70000 наведен во флаерот на хидросет, тое секако да се провери треба.
Сервис мануал и разни детални упатства за климата има на сајтов
Таму сите информации ке ги најдете освен марката/моделот на компресорот, ама сум го нашол и тоа :)
Еве и како го најдов компресорот, во овој пдф (AOYG 18 LFC outdoor parts list) компресорот е обележан на сликата под број 25(Compressor Assy 9313279011). Значи Part Number на компресорот е 9313279011 и по гуглање на тој број се доаѓа до компресорот кој е марка Sanyo model C-6RVN93H0T а тоа и на сликите може да го видите. Fujitsu си го нарачува а свои клими од Sanyo и си го води под своја шифра 808 903 80 која нас ништо не ни кажува ама ете добро е да се знае за некој што можеби и ке ја земе климава да има информации.
Sanyo компресорите знаат сите дека се едни од најдобрите и се вградуваат во појаки машини.
Compressor Product Number 9313279011.png Compressor Sanyo 18LFC Fujitsu.jpg
 
Последно уредено:
Член од
15 април 2012
Мислења
37
Поени од реакции
64
врска немам со темава.. ги испрочитав твоиве размислувања... и сеа... иако неам врска, некако ми звучи логично тоа шо кажуваш... Си викам, ако Стрелец ја купил таа FH35VE за себе, тогаш сигурно има некоја логика, не е луксузирање.. Ја имам нешо као слична квадратура... И сеа индиректно, и покрај тоа шо ова го надминува мојов стандард решив и ја да ја купувам.. Ова ти кажувам ако веке не си вработен во Енерго систем и си правиш самореклама... тогаш да си бараш процент пошо купопродажбава ке биде на твоја сугестија. Колку кошта за монтажа? (кај мене би била едноставна монтажата)
 
Член од
23 јуни 2014
Мислења
241
Поени од реакции
131
Проблемот е што сум на втор и трет кат од куќа и немам каде да го ставам котелот,затоа барам камин кој би го ставил во дневна соба.
Греам куќа со камин од тимст RK1 rez, 10+14 kw. Куќата е 100 м2, со изолација надворешна 8 цм демит. Годишно трошам по 8 м3 дрва, набавени јули-август. Внатрешна температура одржувам околу 22 степени. До сега сме многу задоволни
 
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.654
Поени од реакции
7.498
врска немам со темава.. ги испрочитав твоиве размислувања... и сеа... иако неам врска, некако ми звучи логично тоа шо кажуваш... Си викам, ако Стрелец ја купил таа FH35VE за себе, тогаш сигурно има некоја логика, не е луксузирање.. Ја имам нешо као слична квадратура... И сеа индиректно, и покрај тоа шо ова го надминува мојов стандард решив и ја да ја купувам.. Ова ти кажувам ако веке не си вработен во Енерго систем и си правиш самореклама... тогаш да си бараш процент пошо купопродажбава ке биде на твоја сугестија. Колку кошта за монтажа? (кај мене би била едноставна монтажата)
Ако ова се однесуваше на мене и ке барам процент :)
Да си прочитал све (па и она околу проблемите со гаранцијата а и монтажата) ке ти беше јасно дали сум таму вработен. Монтажата е по твој избор и на твој ризик, така им е смислено, мојата беше 60евра, а од нив ке добиеш понуда да ти ја монтира фирма која не вакумира иако и во климата ке добиеш печатен Instaltion Manual во кој фино пишува дека треба вакумирање од најмалку 15мин. Што ке чека монтер 15мин ко е марка климата и може да намонтира уште една за тие 15мин :)
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
20
Поени од реакции
6
Здраво!
Би замолил за мислење или препорака. Гледам има многу спремни момци на темава.
Ми треба ефтин инвертер (500 евра +/- со монтажа) за догревање на соба од 20 квадрати.
Ваши мислења, искуства и линк ако имате нешто да препорачате.
Благодарам однапред.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom