@Baratel Можеш и сам да си направиш приближно точна пресметка за загубите бидејки си го греел претходно просторот. Многу работи се непознати за некоја точна пресметка за твоите загуби од тоа каков е каминот(искористеност), со какви дрва е ложено, колку часа дневно е ложено итн.
Накратко кубиците дрва ги претвараш во топлинска енергија, зимаш процент од неа како реална предадена енергија од печката во просторот и тоа го делиш со број на денови и часови во кој си ја искористил таа некоја реална топлинска енергија но за најладниот период од зимата.
Рече си трошел 8м3 (претпоставувам за цела зима)
1м3 бука=2500 Kw/h топлинска моќ (ова е за идеално 15%влажни дрва, сушени преку лето....реално дали имаат и 2000Kwh све зависи од квалитетот на дрвото.....за дабoт е мислам 1800KWh)
8(м3)x2500=20.000 Kwh вкупнa теоретска топлинска моќ на располагање
Искористеноста на ова вкупна топлинска моќ односно предадена т.моќ од печката во просторот кај обичните (без секундарно согорување) печки/камини тука поискусните со овој вид греење ја зимаат 30-50% , све друго од тие теоретски 20000Kw иде со димот низ оџакт па у небо.
Пример ако земеме да печката има 40% искористеност, од 20000 тоа се 8000 Kwh реална вкупна т.моќ што печката би ја предала во просторот како топлина.
Со претпоставка дека пола од оваа вкупна топлинска моќ т.е 4000 си ги потрошил во најладните 2 месеци дек/јануари (тоа го знаеш самиот како си трошел) подели го 4000 на број на денови*часови ложење ке добиеш колку енергија ти било потребно на час во тие 2 најстудени месец
За 15часа дневно греење си трошел 4000/(60*15)=4.5Kw т.енергија/час
Ако си греел просечно 10часа тогаш 4000/(60*10)=6.7KW
Ова ти е одприлика поресметка колкави загуби на час имаш во најладните месеци со идеално квалитетни букови дрва (2500кw) и просечно квалитетна печка/камин земена со 40% искористеност.
Последнава зима и небеше толку ладна па и тие 8м3 што ги наведе прашање е колку се реална потрошувачка за сезона и колку м3 дрва би трошел во поладна зима. Најдобро ако знаеш колку трошиш дневно дрва во килограми ама во најладнните денови и тоа ти се максимални губитоци за просторот, зошто има и податоци по килограм кое дрво колку т.енергија има пример за 1[kg] бука или даб.