Во едно интервју, Груевски изјави дека нема пречка или проблем ако некој домашен инвеститор сака да инвестира во некоја слободна економска зона, но, дека потребно е инвестирање на прилично висока цена (за наши услови) и тоа да биде современа технологија. Со тоа, домашните инвеститори би имале исти можности како и странските. Прашање е која домашна компанија би вложила повеќе милиони евра и би вработила неколку стотини работници.
Постојат доста такви фирми, само не сме ни ние добро информирани по логика странецот секогаш е подобар.Која е таа толку посебна технологија?Па овие странциве не работат делови за НАСА.90% од фирмите со стара опрема и машини или заминаа во историја или променаа цел систем на производство.
Дај им ги условите како на Ван Хол (од ‘инвестицијата‘ од 30 милиони - 17 милиони испаднаа субвенции од РМ) и ЏК на Руен, на Санос, MCI, Koлска, на 3-4 фирми за резервни делови шо испаднаа од фабриката на Застава во Охрид, погоните на МЗТ, а сега се во живуркање.Па ќе видиме ситуација.
Дел услови:
- Концесија на 99 години
- Бесплатен приклучок кон комуналии
- Бесплатен приклучок кон енергетски извор (струја, гас)
- Бесплатен приклучок кон сообраќајна врска (пат, пруга)
Ослободувања од давачки
за период од 10 години:
- ДДВ (0% во технолошка зона)
- Данок на добивка (0% во технолошка зона / 10% надвор)
- Персонален данок (0% во технолошка зона / 10% надвор)
- Царина за суровини (0% во ТЗ / 0-15% надвор, зависно од фирмата)
- Царина за опрема (0% во ТЗ / 5-20% зависно од фирмата)
Па секој посериозен газда би напредувал со вакви услови.
Зошто Алкалоид дел производство префрлија настрана, некои производи им носат турски, некои босански бар код.Дали тие не се сериозна компанија со сериозна технологија?
Оваа сегашна практика е само ставање во неповолна ситуација на домашните фирми и креирање уште помала конкурентност.Зошто постојат фирми (не голем дел, ама постојат и такви) кај шо не е 8500 почетна плата туку барем 12000
(и ова е минимално), а платени и за прекувремено.Дознав пред некое време, во еден домашен маркет да ти земале по 15000+,со слободни, со платени прекувремени.Маркет еј!
И тие фирми можат да успеат без државни субвенции, а на некои странци им даваме колонијалистички статус - ‘со наши пари‘

.