Не ми е јасно како можат тие што пред 1 недела го отпуштаа Мурињо сега да се радуваат на победава, а како само ќе им биде ако се вратиме пак на тронот во мај и Мурињо биде првиот кој успеал да се врати после 11 поена негатива.
Очекував и бев убеден во победава. Знаев дека Мурињо максимално ќе ги мотивира и ќе им даде инструкиции како да се победи.
Убаво си кажа Мурињо на пресот, најбитно за да се добие дерби е емоционална контрола.
Е сега убаво е што Арсенал потклекна на тој фактор и ни ја олесна победата, но и без црвениот сигурен бев дека ќе победиме. Речиси цело време се контролираше играта и се гледаше дека играчите имаат желба за победа, додека Арсенал дојде само за да не загуби.
Понашањето на Коста не ми се допаѓа, но кога имало место во премиер лигата за фаци како што се Кантона, Кин, Суарез зошто да нема и за Коста.
За мечот прво ќе почнам од Бегович...
Пишав претходно дека Бегович е голман кој е несигурен кога треба излезе да пресече топка, тоа го покажа уште еднаш денес. Малку фалеше да направи пенал.
За линиско бранење 10/10.
Аспи, Зума перфектни денес, Кехил имаше еден голем пропуст кога промаши цел фудбал, што во претходние мечеви таков киксови редовно ги реализираа противниците, денес имавме среќа.
Бане колку сака нека го форсира Мурињо, не е повеќе спремен за да чува квалитетно добро крило.
Среќа имавме што Санчез е во катастрофална форма и не му играше фудбал денес инаку лошо ни се пишуваше.
Пак имаше неколку киксови ама ете добро поминавме.
Матич и Фабре убаво си ја завршија работата како офанзивно така и дефанзивно.
Оскар најслабиот поединец на натпреварот, до 30 мин го немаше никаде, да не го имаше оној шут ќе заборавев дека игра... После црвениот живна малку ама далеку е од нешто квалитетно.
Педро добар, само мора да проработи малку на шутот имаше неколку изгледни шанси за добар шут ама катастрофални завршници.
Хазард многу подобро се чуваше за разлика од минатата сезона, не сум много задоволен од перформансот бидејќи знам дека може подобро, но светла точка е што се враќа во форма.
Коста ја заврши главната работа денес, настрана што го испровицира Габриел цело време ги мотивираше играчите, бараше топка, втрчуваше во празно и беше константна опасност.
Желен за победа, цело време е шарп што би кажале Англичаните нешто што му фалеше на Торес.
Мислам дека после Дрогба го имаме правиот напаѓач за дерби утакмици.
Убаво е што сврзавме 2 победи по ред, најава дека излегуваме од криза.