Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Како за инат само нашата група има предавање во петок периодот 16 до 19 часот, баш кога имаме автобуски линии за да си одиме дома тие што сме од страна. Има ли шанса да се реагира до некој да ни сменат распоредот барем за петок? Како било лани/полани? Имаше ли промени/префрлувања?
 
Нов си ти, не знаеш.
Чекај, ова е v2 распоред
Оди прво v1, v2, v3, v4, v5, v6, v7, v8, v9, v9.1, konecen, konecen.v2, konecen.v3, konecen.v4

Е кога ќе излезе тој konecen.v4 размислувај за корегирање.

А и слободно на предавање може да одиш во друга група.
 
Значи можам да одам на предавања од прва група а сепак да си бидам четврта? А нема нешто како список за кој која група е?
 
Значи можам да одам на предавања од прва група а сепак да си бидам четврта? А нема нешто како список за кој која група е?

Може, слободно.

Знаат од време на време да пуштат список на предавање, присутните да се потпишат. Демек на крај ако ти фалат поен-два за повисока оценка, да ти ги поклонат затоа што си бил редовен на предавање.
Уште еден минус можеби ќе биде што нема да ги запознаеш твоите професори и асистенти.
 
Еве и јас сакам да сменам група од 4-та на 1-ва на ПЕТ затоа што не ми одговара распоредот на часовите и нема да можам да си идам во Петок дома а и цимерот е во 1-ва група. Прочитав на страната на ФИНКИ „НАПОМЕНА: Промена на група е дозволена само доколку постои преклопување со друг предмет (изборен или предмет од друга студиска година). Молба за промена се доставува во студентски прашања.“ ама не сфаќам баш добро, распоредот на часови на 4-та и 1-ва група е различен, дали можам да се префрлам?
Тоа преклопување значи следново. Ако некој студент од втора година, има презапишано Структурно Програмирање и е во прва група, па предавањата по СП му се поклопуваат со Мрежи (предмет од 3 семестар), тогаш тој може да се префрли во некоја друга група (2,3,4) која има СП во друг термин, со цел да може да присуствува на двете предавања.
Преместувањето од една во друга група (најверојатно) не е дозволено (барем мислам дека не беше кога јас бев прва, пред 3 години). Тоа е така бидејќи групите кои постојат во моментов се креирани со приближно иста бројка на ученици, а ако се овозможи префрлање ќе настане мешаница, некои групи ќе пораснат, некои ќе се намалат, па ќе има гужви на предавање ( не дека сега нема да има ), итн...
Се на се, како што ви кажаа, може да одите на предавања и аудиториски кај професори и асистенти кои не се од вашата група. Можеби е малце тешко ако на почеток не познавате никого, но тоа ќе ве охрабри што побрзо да се запознаете со нови луѓе :D
 
дечки мислења за марија михова по дискретна математика и александра поповска митровиќ по калкулус 1?
 
дечки мислења за марија михова по дискретна математика и александра поповска митровиќ по калкулус 1?
Marija Mihova mnogu loso predava, baraj drug prof za DM obavezno, a za K1 ako predava Vesna Dimitrova najdobro e kaj nea da slusas, ama i da ne ja staile godinava mislam deka site profesorki se podednakvo dobri :)
 
Има негде онлајн слајдовите да се најдат што предаваат професориве или тешко?
Само на MIT тоа хаха
 
а можам само еден професор да сменам а да останам во истата група? дека другите професори ми изгледаат супер за калкулус 1 е александра митровик и ми изгледа како опуштена професорка вака кул
 
а можам само еден професор да сменам а да останам во истата група? дека другите професори ми изгледаат супер за калкулус 1 е александра митровик и ми изгледа како опуштена професорка вака кул

Мoже
Сaмo нa тoј предмет ќе oдиш сo другa групa (кoјa ти ќе јa избереш)
 
Колеги може да ми кажете некој збор за овие 2 предмета:
Моделирање и симулација и вовед во препознавање облици
 
Би можел некој да ми ја каже разликата помеѓу аудиториски и лабараториски вежби ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom