Сириец одговорил на најчестите прашања: Зошто не се бори за својата земја, каде се жените и децата?
15.09.2015 | 13:30
Извор: Точка
Милад е 29-годишен забар кој побегнал од Сирија во Лондон минатата година. На Фејсбук одговарал на прашањата кои многумина ги поставуваат, како на пример зошто бегалците не останат да се борат во војната, зошто има толку мажи во колоните и каде се жените и децата. "CNN" ги издвоил најинтересните одговори.
Запрашан зошто како млад маж не останал во Сирија, да се бори и да се обиде да изгради подобра иднина, Милад одоговорил:
Војната ја уништува целата држава
"Тоа не е едноставна работа кога бомби ви летаат над глава, кога слушате пукање и кога не можете да пронајдете работа и пари за живот. Мислам, војната уништува сè во државата. Се борите, се борите и борите, и потоа сакате да си одите. Чекате две или три години и ништо не се променило. Како да го поднесете тоа?", се запрашал тој.
Овој бегалец не е во Европа за да ужива во бенефициите.
"Секако, ми недостасува домот, нема место како што е дома. Доколку условите се подобрат, многу Сиријци, не само јас, ќе се вратат во Сирија".
На прашањето зошто Сиријците не одат во богатиот Дубаи, нема одговор, бидејќи не станува збор за нивен избор.
"Прашајте ги владите во Арапскиот залив. Немам одговор. Многу Сиријци повеќе би сакале да одат во арапските земји бидејќи тоа се развиени земји, имаат пари и се зборува арапски. Но, тие ни ги затворија вратите. Треба да ги прашате нив".
Мажите не сакаат да се борат за или против Асад
Многумина тврдат дека колоните со бегалци се полни со мажи, додека жени и деца има помалку.
"Има многу жени и деца бегалци, но на мажите им е полесно да ја напуштат Сирија. Покрај тоа, жените и децата не ги регрутираат во војска. Мажите не сакаат да се борат за или против режимот на Асад".
На прашањето каков човек може да го остави семејството во воена зона, Милад исто така има одговор.
"Не е лесно да се одлучиш да го напуштиш домот и работата. Јас сум млад. Немам куќа и имам време да барам друга работа и место за живот. Но, мојот татко, на пример, кој има 60 години, не може да се одлучи да остави сè. Си замина по две години, не кога и јас, туку откако сфати дека ништо не е променето и дека сè оди на полошо".
Остатокот од прашањата и неговите одговори можете да ги прочитате
ТУКА.
http://tocka.com.mk/1/170606/siriec-odgovoril-na-najcestite-prasanja-zosto-ne-se-bori-za-svojata-zemja-kade-se-zenite-i-decata[DOUBLEPOST=1442322362][/DOUBLEPOST]
Во право си. Не знам зошто ние, како држава која географски припаѓа на Полинезискиот архипелаг, би се интересирале што се случува во некоја си таму Европа што се наоѓа на другиот крај на светот и со која немаме ништо заедничко.
Изгледа ти не ме разбра убаво. Ај да ти појаснам, на твојата иронична реплика
Ние не можеме да ја ја избегнеме оваа ситуација бидејќи сме крстопат на оваа ситуација, и нормално дека мораме да бидеме информирани што се случува таму, од типот дали ќе се затвараат границите на Западните земји и колку тоа штетно ќе се одрази на нашата држава. Нас не треба да не интересира што им прават имигрантите на домородците во тие држави, дали ги напаѓаат и ги ограбуваат, дали ги претепуваат, си има институции за тоа, кај нас имаме такви случаеви со качачките банди во Западна Македонија и Скопје, затоа треба ние да гледаме за нас, и како да го решаваме проблемот, а они нека му ја мислат за кај нив. До пред некоја година не ни знаееја дека има држава Македонија на Балканот и какви проблеми си има на верски и етнички план, а сега кога им дојде јајцето на задникот, сега сме најпопуларни кај тие истите, дури и подршка од Европјаните (најгласни Британците) со тоа видеото кога мигрантите ја одбиваат помошта од полицијата бидејќи има црвен крст на неа и кога беше првиот инцидент кога беше нападната полицијата и кога интервенираа со шок бомби. СНН сакаше да ја изврти ситуацијата како сме биле ние брутални, но ниту Европјаните веќе не паѓаат на таа манипулација, туку и даваа подршка на македонската полиција како се справила со мигрантите.