Емисиите на македонските телевизии некогаш и сега

  • Креатор на темата Креатор на темата DACIA
  • Време на започнување Време на започнување
Многу ми е криво за МТВ, имаше многу поквалитетна програма порано, даваа убави емисии (1000 прашања, 1000 одговори; Пулсирања и Пулси квиз со Анета Андонова ако се сеќавате; Тајните на хемијата),имаше квизови, летна и зимска програма, многу беа интересни дебатите меѓу средношколци со една водителка Мимица,даваа и некои добри филмови и американски серии, а сега МТВ т.е. МРТ е најочајна телевизија, катастрофа емисии и оскудна програмска содржина, не ја ни гледам оти и нема ни што да се гледа, а воопшто за македонските телевизии - содржините што ги нудат се повеќето преземени од српски телевизии или се копии на српски емисии- мизерија! Се на се - од македонските тв канали вришти само македонски простотилак,во музчките рубрики се прави илузија за некаква македонска музичка естрада која и не постои оти единствено Каролина остана нешто квалитетно и нешто што трае подолго време, сите други се очајни и безвредни, а емисии за наука и технологија или едукација - тоа е научна фантастика! Навалете на Discovery, National Geographic и други странски канали ако сакате нешто ново, од македонското нема фајде! :(
 
На Анета Андова ми текнува, знам едно време водеше и една емсија Шик се викаше, исто и на таа со средношколците ми текнува.

А додека читав ова ми текна на една емисија некаде пред да се смени МРТВ се викаше Биди Така и ја даваа секоја сабота. Емисијата беше за млади со музика и на таа емисија ги слушнав Пеперминт со таа песната за девојката со точакот и онаа од шпицата на емисијана на Жаре. Паметам во емсијата спонзори им беа Acid Weаr:icon_lol:.

МРТВ имаше и емисија за хип хоп која одеше еднаш месечно, со интервјуа, спотови и друго.
 
а да, да, ми текнува на емисијата, поточно Урбан шик се викаше, а btw водителката Анета по диплома била електроинженер, додека беше пред камери не ми паѓаше на памет дека такво нешто има завршено ( жива математика е ФЕИТ колку што знам), дека обично водителите се со правен, новинарство, филолошки....многу имав респект за неа, и многу интересен оригинален глас имаше се сеќавам,ама одамна ја нема на малите екрани и веќе ја заборавивме....
 
Можеби ова не е соодветно за во темава ама лето на МТВ со Тропска Горештина и Ник Слотер не е лето.

Тогаш можеби ни беше преку глава од секое лето репризирање на серијата но бар беше нешто за гледање. Денес ова лето МРТ емитува ефтини и досадни серии.
 
ordy.jpg

Памти некој како се викаше детската научна серија со ова чудово, Виленка ја викаа. Француска е иначе.
 
https://en.wikipedia.org/wiki/Mīmu_Iro_Iro_Yume_no_Tabi

изгледа не е француска. кај нас изгледа ја имаат надсинхронизирано француската верзија.

кај нас мислам само првата сезона цело време ја вртеа, а серијата има 3 сезони
http://www.imdb.com/title/tt0101226/?ref_=fn_al_tt_1
 
МТВ, а и другите национални телевизии кои имаат доста стаж имаат или треба да имаат, релативно богати архиви со нешто постар, но квалитетен тв материјал.

Има куп серии за деца, документарци, постари одлични филмови, разно-разни емисии кои без проблем можат да се репризираат, на неколку години.

Не се само Бушава азбука и Македонски народни приказни, Мечето Ушко и Опстанок. Што е со Трст виа Скопје, Втората смена, Волшебното самарче, Белото циганче, Солунски патрдии, Булки крај шините, Македонија може, Случки од животот, Тврдокорни и уште многу други. Списокот без проблем може да се продолжи, и ако се додаде она од странска продукција емитувано порано, тој ќе биде навистина голем.

Не е баш се` од тоа којзнае што, ама изборот е толку голем што нема штета ако ги прикажат уште еднаш.

Кога почнуваше со емитување покојната А1 (или тоа беше Канал 5?) започна, колку што се сеќавам, со Црна Змија, Ѕвездени патеки и со Симпсонови, а тука некаде хронолошки се вртеа и Ало ало, Бени Хил, Твин Пикс, Досиејата Х... Сега мораме ги трпиме ретардирано синхронизираните аги и бегови и нивните анами.
 
Штета што Дарко Мијалковски ја згасна Супер Ѕвезда емисијата. Можеби беше копија на Бранко коцкица ама си беше ептен добра. Паметам Дарко децата ги носеше во фабрики, игротеки, културни центри.. а првите сезони на А1 он одеше кај деца дома и му ја покажуваа нивната соба :D

Спомнав А1 па ми текна на едно детско шоу во кој спонзор беше Хуба Буба мастиките и деца се натпреваруваа кој поголем балон ќе направи од мастиката. Мислам дека и тука водител беше Дарко кој им ги мереше балоните со метро :icon_lol:
 
којзнае дали архивата на мтв сеуште постои. дали материјалите се чувани во правилни услови.
нели ќе ја дигитализираа цела архива, па каде се да пуштат нешто од тоа, да видиме што направиле со дигитализирањето.
 
Мене посебно интересен ми беше квизот КЛУЧ ( не ми текнува на водителот како се викаше ) ама беше со интересни прашања, знам имаа гости секогаш, деца играа со смислена кореографија на песна, увек ко си доаѓав од школо го гледав.
И КРСТОЗБОР на МТВ, пред некоја година нели имаше некој обид повторно да го вратат, ама запре мислам после некое време.
Не знам дали се сеќавате и на Ајде да се обложиме со Живкица, после имаше една слична забавна емисија мислам дека се викаше Моите ноти, парови погодуваа песни само со пуштање на нотите.
Топки со Филе ( ова брат ми стално гледаше ):boksix: се сеќавам и на Салон хармони, и на Погрешно време со бате Жиле :ROFLMAO:
И ЅВОН беше една од најгледаните во тоа време. Колку само беше едукативно и се сеќавам дека во секоја емисија добиваа ептен многу писма од деца, неколку метри долги, со исполепени слики, песни или колективно од училиштата им праќаа. И јас тогаш направив, ама не собрав храброст да го пратам :pipi:
Ми текнува и на Големи и мали, Светот има осум страни, и на Наше маало кое го репризираа по сто пати и по сто пати го гледав :ROFLMAO:
Се сеќавате на Супер бинго со Игор, ама и Искра кога беше вклучена, кога влечеа недобитни ливчиња, па Искра ненајавено ќе им тропне на врата ..... :pos:
Сеа сме за греотка...:tapp:
 
https://en.wikipedia.org/wiki/Mīmu_Iro_Iro_Yume_no_Tabi

изгледа не е француска. кај нас изгледа ја имаат надсинхронизирано француската верзија.

кај нас мислам само првата сезона цело време ја вртеа, а серијата има 3 сезони
http://www.imdb.com/title/tt0101226/?ref_=fn_al_tt_1
Затоа она ми личеше како да има нешто “јапонско“ во него. Фала многу (y) Да не прашувам дали има нешто од ова на YT со превод а? :icon_mrgr:
 
Многу често МТВ знае да распалат со добри европски филмови, меѓу нив е и овој холандски филм. Некој може го има гледано, многу добра комедија
 
којзнае дали архивата на мтв сеуште постои. дали материјалите се чувани во правилни услови.
нели ќе ја дигитализираа цела архива, па каде се да пуштат нешто од тоа, да видиме што направиле со дигитализирањето.
Имаат нешто зачувано , на сајтот на МРТ има неколку серии и емисии , а пред неколј месец на МРТ 1 и МРТ собранискиот пуштаа Тврдокорни и eдна емисија Кога меракот пее плус секоја недела на МРТ 1 во 10 часот има по две епизоди Погрешно време.
 
ordy.jpg

Памти некој како се викаше детската научна серија со ова чудово, Виленка ја викаа. Француска е иначе.
Имаше наслов Видео енциклопедија, ја обожавав емисијата како помал додека се емитуваше на МРТ, а гласот за Виленка мислам го позајмуваше Соња Јаќовска Самарџиева, ако не се лажам;)[DOUBLEPOST=1442328227][/DOUBLEPOST]
Мене посебно интересен ми беше квизот КЛУЧ ( не ми текнува на водителот како се викаше ) ама беше со интересни прашања, знам имаа гости секогаш, деца играа со смислена кореографија на песна, увек ко си доаѓав од школо го гледав.
И КРСТОЗБОР на МТВ, пред некоја година нели имаше некој обид повторно да го вратат, ама запре мислам после некое време.
Не знам дали се сеќавате и на Ајде да се обложиме со Живкица, после имаше една слична забавна емисија мислам дека се викаше Моите ноти, парови погодуваа песни само со пуштање на нотите.
Топки со Филе ( ова брат ми стално гледаше ):boksix: се сеќавам и на Салон хармони, и на Погрешно време со бате Жиле :ROFLMAO:
И ЅВОН беше една од најгледаните во тоа време. Колку само беше едукативно и се сеќавам дека во секоја емисија добиваа ептен многу писма од деца, неколку метри долги, со исполепени слики, песни или колективно од училиштата им праќаа. И јас тогаш направив, ама не собрав храброст да го пратам :pipi:
Ми текнува и на Големи и мали, Светот има осум страни, и на Наше маало кое го репризираа по сто пати и по сто пати го гледав :ROFLMAO:
Се сеќавате на Супер бинго со Игор, ама и Искра кога беше вклучена, кога влечеа недобитни ливчиња, па Искра ненајавено ќе им тропне на врата ..... :pos:
Сеа сме за греотка...:tapp:
И јас се сеќавам на квизот "Клуч", водител беше еден познат глумец што го имаше и во новоснимените Народни приказни (не ми текнува како се викаше) интересен беше, отвараа различни полиња, многу имаше прашања од наука, од хемија и сл., и онака беше јако како отклучуваа врати со одговорите, така некако го памтам, ама одамна беше...
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom