И уште не ми е јасна вистинската дефиницја за тоа, злопамтило.
Јас си го разбирам, како човек кој што на секое лошо што му е направено, намерно или ненамерно, враќа со лошо, уште полошо...или како човек којшто не простува никогаш, и секогаш е спремен да возврати на ударот.
Кога сме кај тоа дали сум злопамтило, ни јас самата не знам, ама сепак мислам дека не сум. Секогаш простувам, скоро за ништо не се лутам, но кога ќе ми направат нешто, лошо и неубаво, да ме навредат, е тоа не го заборавам, иако не возвраќам, простувам, но не заборавам, ме повредува и и‘ да сакам, не можам.
И сега, злопамтило ли сум?