важи ли или не важи овој закон
Неовластено снимање
Член 152
(1)Тој што неовластено ќе направи фотографски, филмски или видео снимки на друго лице или на неговите лични простории без негова согласност, повредувајќи ја неговата приватност или тој што таквите снимки непосредно ги пренесува на трето лице или му ги покажува или на друг начин му овозможува со нив да се запознае, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
Погрешно го подвлекуваш членот, вака треба да го подвлечиш:
Неовластено снимање
Член 152
(1)Тој што неовластено ќе направи фотографски, филмски или видео снимки
на друго лице или на неговите лични простории без негова согласност, повредувајќи ја неговата приватност или тој што таквите снимки непосредно ги пренесува на трето лице или му ги покажува или на друг начин му овозможува со нив да се запознае, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
Или со други зборови кажано, говориме за личните простории на лицето кое било снимано, а не на снимателот, а во овој случај ситуацијата е поинаква - снимањето е извршено во лични простори на снимателот, што го прави снимањето во целост овластено и легално.
Директор на банка не става приватно камери, ангажира агенции со државна лиценца за надзор и обезбедување
А на тие агенции им треба судски налог за обезбедување на објекти од јавен интерес, или доволна им е само дозволата ?
Истото важи и за приватниот имот на индивидуални физички лица, под свој покрив имаат право на свои правила.
Контролорот кој врши видео надзор е должен да истакне известување. Известувањето мора да биде јасно, видливо и истакнато на начин што им овозможува на субјектите на лични податоци да се запознаат со вршењето на видео надзорот.
едно е закон, друго е правда. убијци и секакви монструми се ивлекле само поради некои ситни пропусти.
Точно, мора да има истакнато известување, бидејќи станува збор за објект од јавен интерес, односно за објект во кој е дозволено непречено движење на луѓе.
Но туѓиот приватен дом подлегнува под правила поставени и донесени исклучиво од страна на приватниот сопственик на домот.
Приватниот сопственик на домот не е обврзан да поставува известување дека објектот е под видео надзор, а особено не ако поставува видео надзор поради сомнеж дека се врши криминална активност во неговиот дом.