Дадилка - Монструм во Македонија

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.880
Поени од реакции
20.512
Da Ve zamolam samo da se drzhite do temata, i da ne odite off topic so navredi i glupi politicki gnasotii.
Blagodaram.[DOUBLEPOST=1441894370][/DOUBLEPOST]Alal da im e samo kako se vozdrzhale, ova neshto na nashi deca da se sluchelo, nema sila na svetov shto ke go sopreshe mazh mi da i skine vrat, i zatoa treba da se vovede sistem za site tie kvazi dadilki, nemozhe sekoj da chuva dete, mu prdnalo na pamet aj dadailka ke si igrame, za da chuvas deca treba da si smiren i pozitiven, a ne krv da ti iskaca pred ochi, greota i zhalno za bebcheto, vo celata situacija toa e nedolzhno, daj boze samo da nema nekoi traumi od seto ova.
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Не мешајте баби и жаби со фамозното „неовластено снимање“....

Како прво, без оглед дали станува збор за прислушуваните разговори, или конкретно за овој случај со дадилкава, тоа што се снимало, не значи дека не може да се земе како релевантен доказ, и покрај тоа да истиот бил „незаконски“ (со што би било причинето Кривично дело - Неовластено снимање и преснимување (парафразирам) ).

Како второ, убаво прочитајте го новиот ЗКП, и КЗ, пред нешто воопшто да кажете.. Она што во суштина е недозволено е да се снима обвинет при преземање на истражни дејствија, испитување на обвинет, а за што постои центар на 6-ти спрат во новава зграда на Обвинителство (предвиден но сеуште неопремен, затоа сеуште одат во Основен 1 за земање изјави). Истото се врши аудио-визуелно, или аудио, или визуелно, за што Обвинителот во рамките на истрагата, и земање изјави од обвинет и сведоци, има целосно отворени раце, според ЗКП. И ПИМ (Посебните Истражни Мерки), според кои ги издава исклучиво Јавниот Обвинител, за кривични дела : „
Член 253
Кривични дела за кои може да се определат посебните истражни мерки Посебните истражни мерки може да се определат, кога постојат основи на сомневање: 1) за кривични дела за кои е пропишана казна затвор од најмалку четири години, а се подготвуваат, во тек е извршување или се извршени од страна на организирана група, банда или друго злосторничко здружение или 2) за кривичните дела убиство од членот 123; грабнување од членот 141; посредување во проституција од членот 191 ставови (1), (3) и (4); прикажување на порнографски материјали на малолетник од членот 193; производство и дистрибуција на детска порнографија од членот 193-а; намамување на обљуба или друго полово дејствие на малолетник кој не наполнил 14 години од членот 193-б; неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од членот 215 ставови (1) и (3); оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем од членот 251 ставови (4) и (6); изнуда од членот 258; уцена од членот 259 став (2); присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природна реткост од членот 265; изнесување, односно извезување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости од членот 266 став (1); отуѓување на културно наследство од особено значење во државната сопственост од членот 266-а; перење пари и други приноси од казниво дело од членот 273 ставови (1), (2) и (3) и од ставови (5), (6), (8) и (12); криумчарење од членот 278 ставови (3) и (5); царинска измама од членот 278-а; злоупотреба на службена положба и овластување од членот 353; проневера во службата од членот 354; измама во службата од членот 355; послужување во службата од членот 356; примање на поткуп од членот 357 ставови (1), (4), (5) и (6); давање на поткуп од членот 358 ставови (1) и (4); противзаконито посредување од членот 359 став (6); незаконито влијание врз сведоци од членот 368-а став (3); злосторничко здружување од членот 394 став (3); терористичка организација од членот 394-а ставови (1), (2) и (3); тероризам од членот 394-б и финансирање тероризам од членот 394-в сите од Кривичниот законик или 3) за кривични дела против државата (Глава XXVIII), кривични дела против човечноста и меѓународното право (Глава XXXIV) од Кривичниот законик.
“ ...
... И кои, меѓу другото, било кој да ги објави откако се снимени, без наредба од Јавен Обвинител, и Без негово знаење и одобрување, претставува КРИВИЧНО ДЕЛО... не за друго туку затоа што тие се сметаат за СТРОГО ДОВЕРЛИВИ, и немаат ист карактер како прислушувани разговори одобрени од УБК, ДБК.. .или причинети преку кривично дело - Неовластено Снимање и преснимување ...

И трето,
и најважно, проблемот зошто можат да се земат да се земат како доказ ваквите прибавени докази, кои популарно сега ги нарекуваме „нелегални“, е проблематика во теоријата на Кривичното т.е. Казненото право, а не на Процесното-Казнено право...
Со други зборови, секој Јавен Обвинител, Судија, Адвокат, или воопшто, кривичар, а особено овие првите двајца, треба да знаат што претставува ОБЈЕКТ НА ЗАШТИТА при одмерување, оценување и одредување на елементи на кривично дело. Што значи дека, треба да знаат дека не може ти да занемариш сторување на кривично дело, само што како доказ за сторување на тоа Кривично дело, ти е понуден доказ, прибавен на нелегален начин. Истоте, значи, во кривично правна смисла, не би биле земени како докази за сторување на одредено кривично дело, ако преку истите се наведува некого да стори Кривично дело, што во суштина само по себе е Кривично дело, казниво според Кривичниот Законик на РМ... Ова се нарекува Паритет при одредување на елементи на кривично дело со одредување на Објект на Заштита... А да не говорам дека кога се определува Објектот на Заштита, не само според Кривичниот Законик, туку и според УСтав на РМ и Меѓународни Конвенции, потпишани од страна на РМ, Живтотот на Човекот има НАЈВИСОКА ВРЕДНОСТ, па потоа се гледа начинот на прибавените докази, дали се тие нелегални или не..
Оттука, еден Јавен Обвинител и Судија, треба и МОРА, ова да го има во предвид кога зема во предвид ваков тип на докази во кривичната постапка, И оттука мора ова децидно, недвосмислено и јасно да го одреди во предлогот за определување на мерка притвор, истражни дејствија, обвинтелене предлог, обвинителен акт, и сл и сл...

ВО нашиве два случаи, овие докази можат да се употребат во кривичната постапка, НО ТОА ГО ДАВА НА ПРЕДЛОГ ЈО, А ГО ПОТВРДУВА СУДИЈА, ИМАЈЌИ ГО ВО ПРЕДВИД ГОРЕ НАПИШАНОТО..

Така да Драги мои @Brutus @Inglourious Basterd и остали... не може за некого судот да биде Власт, а за друг Дадилка...

Но.. бомо видели од целава ситуација.. бомо видели...и без политизирање, туку гледајте реално на ситуацијава...

Ме пизди тоа што сите вие, не само @Brutus и @Inglourious Basterd кога станува збор за вакви случаи, еве на пример дадилкава. .одма нешо се скока... ЗАТВОР ЗАТВОР и сл исл.. ама кога правото и правдата, треба да бидат еднакви.. нешо одма цврц се политизира.. па се заземаат страни..

ебаве лицемерите ебаве.. сите до еден.. нигде ве нема. .само на бомби, грујо и заев се палите...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.352
Поени од реакции
26.354
Така да Драги мои @Brutus @Inglourious Basterd и остали... не може за некого судот да биде Власт, а за друг Дадилка...

Но.. бомо видели од целава ситуација.. бомо видели...и без политизирање, туку гледајте реално на ситуацијава...
Што се вознемири сега, и што си цитирал пасуси за ПИМ? Што врска има снимкава од дадилкава со ПИМ? :confused:
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Што се вознемири сега, и што си цитирал пасуси за ПИМ? Што врска има снимкава од дадилкава со ПИМ? :confused:
Те мрзи да читаш.. знам :) ...

си пишува што зошто и како..... не се однесува само за тебе.. иако како што прочитав.. најмала штета правиш со муабетине погоре.. но знаејќи те.. еден мал restrain...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.352
Поени од реакции
26.354
Те мрзи да читаш.. знам :) ...

си пишува што зошто и како..... не се однесува само за тебе.. иако како што прочитав.. најмала штета правиш со муабетине погоре.. но знаејќи те.. еден мал restrain...
Снимката е од безбедносна камера, што ја поставил сопственикот на објектот. И како таква може без никаков проблем да се внесе како доказ во судска постапка. Стварно не гледам потреба да читам пасуси за ПИМ, кога во случајов работата е многу едноставна.
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Снимката е од безбедносна камера, што ја поставил сопственикот на објектот. И како таква може без никаков проблем да се внесе како доказ во судска постапка. Стварно не гледам потреба да читам пасуси за ПИМ, кога во случајов работата е многу едноставна.
Види чоек... прво.. не е од безбедносна камера.. второ.. таткото поставил камера дома и снимал... што само по себе не смеел да го прави...

А второ...
токму заради тоа што погоре одма почнаа расправии за тоа „доказ е“ - „не е доказ“, вака било онака било.... па знаејќи те тебе и Брутус.. особено Брутус одма каша попара ќе се направи од темава...

Така да, читало му се некому или не, тоа е негова лична работа, исто као што е лична работа, дали има капацитет да го сфати значењето на се ова, или не..
А со тоа и да ги остави малку работите да живнат.. на раат..

поздрав и толку од мене..
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.352
Поени од реакции
26.354
Види чоек... прво.. не е од безбедносна камера.. второ.. таткото поставил камера дома и снимал... што само по себе не смеел да го прави...
Не смеел да го снима сопствениот дом? :D
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Не смеел да го снима сопствениот дом? :D
Не смеел некој да прислушува?:D
Најнакрај, таткото „претпоставувал, имал сомнеж“ во сторување на кривично дело (правно речено). Некој го овластил него да да снима дома, ако он „претпоставува и има сомнеж“ за кривично дело? Шо не пријавил во МВР?:D

Ти реков.. не се ни обидувај да ме наведуваш на паралели... можеме со реторички прашања до утре...

Поздрав од мене и толку..(по втор пат и последен)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.352
Поени од реакции
26.354
Не смеел некој да прислушува?:D

Ти реков.. не се ни обидувај да ме наведуваш на паралели... можеме со реторички прашања до утре...

Поздрав од мене и толку..(по втор пат и последен)
Не, ти си тој (додуша не прв на темава) кој импутира ретардирани паралели. Како на пример, прислушување кое е кривично дело, со снимање на простор кој го поседува што е дозволено.

И јас цело време пробувам да не зборувам за глупата паралела и поставувам конкретни прашања за тоа што е тема. Значи, по кој тоа закон камерата не смеела да биде поставена таму? И пробај да одговориш без да инсистираш на глупи паралели, за кои, ако нашиот правен факултет е сериозна институција, би требало да размисли за повлекување на дипломата.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Дечки, конец на политика муабетите. Банови од тема ќе има.
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Не, ти си тој (додуша не прв на темава) кој импутира ретардирани паралели. Како на пример, прислушување кое е кривично дело, со снимање на простор кој го поседува што е дозволено.

И јас цело време пробувам да не зборувам за глупата паралела и поставувам конкретни прашања за тоа што е тема. Значи, по кој тоа закон камерата не смеела да биде поставена таму? И пробај да одговориш без да инсистираш на глупи паралели, за кои, ако нашиот правен факултет е сериозна институција, би требало да размисли за повлекување на дипломата.
Многу многу ме пизди коа не читате, а се праите паметни...


„Неовластено снимање

Член 152

(1) Тој што неовластено ќе направи фотографски, филмски или видео снимки на друго лице или на неговите лични простории без негова согласност, повредувајќи ја неговата приватност или тој што таквите снимки непосредно ги пренесува на трето лице или му ги покажува или на друг начин му овозможува со нив да се запознае, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

(2) Ако делото од став 1 противзаконито го стори службено лице во вршење на службата, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.

(3) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.

(4) Гонењето за делото од став 1 се презема по приватна тужба.“

Дипломата кај ти е? :D

Дечки, конец на политика муабетите. Банови од тема ќе има.

уживај.. во ред е ;-) .. под контрола ;-)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.352
Поени од реакции
26.354
Многу многу ме пизди коа не читате, а се праите паметни...


„Неовластено снимање

Член 152

(1) Тој што неовластено ќе направи фотографски, филмски или видео снимки на друго лице или на неговите лични простории без негова согласност, повредувајќи ја неговата приватност или тој што таквите снимки непосредно ги пренесува на трето лице или му ги покажува или на друг начин му овозможува со нив да се запознае, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
Да, ама во случајов многу малку треба за снимањето да стане овластено. Една реченица од сопственикот на куќата. Која најверојатно е кажана во полициска станица.
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Да, ама во случајов многу малку треба за снимањето да стане овластено. Една реченица од сопственикот на куќата. Која најверојатно е кажана во полициска станица.
Да ти кажам право, за последново, стварно се мислев дали да ти го пишам, пошо ти пишав погоре.. крај, не ти одговарам, ни тебе ни на било кого... ме фати грев.. најискрено.. уопште не сакав да се замарам, да ти пишам...
... ама коа глеам како се бламираш, па и со ова последново..

ич не ми е жал.. ама ич...

и уште некој компромис најде у реченицата, спонтано.. цццц .. свашта...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.352
Поени од реакции
26.354
Да ти кажам право, за последново, стварно се мислев дали да ти го пишам, пошо ти пишав погоре.. крај, не ти одговарам, ни тебе ни на било кого... ме фати грев.. најискрено.. уопште не сакав да се замарам, да ти пишам...
... ама коа глеам како се бламираш, па и со ова последново..

ич не ми е жал.. ама ич...

и уште некој компромис најде у реченицата, спонтано.. цццц .. свашта...
Сигурно и концептот на приватна сопственост и можноста за поставување безбедносно-надзорни системи во истата ти се непознати.
 
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
не знаејќи ја оставиле камера вклучена и готово. не била скриена и намерно поставена камерата, туку оставена на видно место, само заборавиле да ја исклучат.

а оваа вештерката не знам зошто воопшто ја пуштиле дома. оваа е или за во затвор или за во ментална установа.

Сигурно и концептот на приватна сопственост и можноста за поставување безбедносно-надзорни системи во истата ти се непознати.
за видео надзор вработените мора да бидат претходно известени дека во просториите се врши видео надзор во просториите
 

Kajgana Shop

На врв Bottom