Неовластено снимање
Член 152
(1)Тој што неовластено ќе направи фотографски, филмски или видео снимки на друго лице или на неговите лични простории без негова согласност, повредувајќи ја неговата приватност или тој што таквите снимки непосредно ги пренесува на трето лице или му ги покажува или на друг начин му овозможува со нив да се запознае, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
Видео снимката е снимена на приватниот имот на личноста која го извршила снимањето, а под свој покрив сопственикот има право да снима што сака и колку сака, без притоа да му треба согласност од тие кои се снимени.
Банките не бараат судска дозвола за поставување на камери во нивните експозитури и не бараат дозвола од посетителите на банката - бидејќи не сите посетители се нивни клиенти, односно резиденти, некои се дојдени само за да платат сметка или да уплатат пари на нечија трансакциска сметка, односно се нерезиденти - но сепак подлегнуваат на истите правила и услови за престој во деловниот простор на банката, вклучувајќи го и правото на банката да врши 24/7 видео надзор над деловниот простор.
Истото важи и за физичките лица, имаат право да вршат видео надзор врз својот приватен имот, без разлика кој ќе се најде под камерата, во спротивно, низ судовите би фрчеле тужби за незаконски нарушена приватност.
Во овој конкретен случај, видео надзорот е извршен во личните простории на снимателот, а не на сниманиот, а на снимателот воопшто не му е потребна дозвола или судски налог за да врши видео надзор врз сопствениот приватен имот.
Можеби ваков доказ не би бил прифатен од Јавното Обвинителство бидејќи не е издејствуван со судски налог, но на крајот на краиштата, тука не станува збор за јавен судски предмет, туку за приватен судски предмет, поради што за приватна тужба е повеќе од прифатлив доказ.
Е сега, кои партиски пулени ги познава таканаречената дадилка, е сосема друга приказна, но веродостојноста и релевантноста на доказот е повеќе од јасна и сигурна.