Вмешаноста на црквата некогаш и сега

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
Сакаш да кажеш дека не сум принуден да плаќам ТВ претплата?...
Или намерно ми извртуваш зборови или уште сега си станал сенилен.Јас не говорам за претплата ниту за радиодифузна,ниту за кабловска.Јас само ти укажувам дека има избор.Ако сакам гледам спорт,некој сака турски серии,некој гледа порничи,некој слуша музика.
 
Воопшто не го спорам правото на слободен избор: лично, речиси и да не гледам ТВ и се‘ помалку имам потреба од истата. Проблемот е практичен: зашто да плаќам за јавен сервис, кој не го користам и кој е појќе штетен а никако и корисен?
 
Плус, нема потреба од основни верски школи, затоа што за луѓе/деца од таа возраст, улогата на воспитувачи ја имаат пред се‘ родителите, а запишувањето во „средно„ или факултет од верските области, веќе е лична одлука од поодраснати особи..
Зошто тогаш МПЦ константно се обидува да навлезе во основните школи ако улогата на воспитување ја има друг. Доколку црквата има желба, а родителите имаат потреба од веронаука и молитви, МПЦ нека отвори основни школи, нека ги запишува таму децата. Нема никаква потреба, ниту е законски во редовни училишта верски и политички да се делува. Воспитна улога има родителот и воспитнообразовната установа која е легално регистрирана за тоа. МПЦ, СПЦ, ИВЗ,... не се регистрирани ниту се овластени и обучени да воспитуваат деца.
 
Последно уредено:
Практикувањето на верата во училиштата може да се уреди на верска основа, каде припаднците на различни вериоисповести би посетувале предавања согласно нивната верска припадност.
А атеистите што ќе прават? Празен час? :icon_lol::icon_lol:
 
А атеистите што ќе прават? Празен час? :icon_lol::icon_lol:
Нив целта им е сите да ги направат верници од мали нозе.После два-триесет години нема да имаат проблем со посетеноста на храмовите,никој нема да протестира за цената на крштевките,венчавките и погребите.Ќе имаат и потенцијални монаси и монахињи помеѓу тие деца,така да и манастирите ќе бидат полни,ама пак тие ќе бидат како личности празни во своите умови.Нема да ја имаат таа благосостојба која ние ја живеевме како деца,кои се образувавме да бидеме,лекари,инжињери,правници.
 
Световните закони зад себе ја имаат државната присила за нивно почитување-во спротивно, следи кзна, а скроз е небитно дали законот е правичен или не е. Верските закони ја имаат слободната волја за нивно почитување, без присила, туку како личен избор и одлука.

„Класичната„ секојдневна ситуација би била истата како и денешната: верните го претпочитаат Законот Божји, а севтовните закони ги почитуваат се‘ додека истите не се во спротивност со Законот Божји.
Во врска со болдот, токму таков прмер ти дадов! Имаш три производи што сакаш да ги купуиш, три каси и три касиерки со различна вероисповед. Едната одбива да ти го наплати едниот, другата другиот, третатат третиот. Како ќе функционира едно општество, ако секој произволно прифаќа и одбива да следи она што му одговара т.е. што не му одговара?
На погрешно прашање, се дава погрешен одговор.

Живееме во Свет и во време, односно во општества кои насилно се создаваат како повеќе верски и повеќе национални, со однапред смислена цел. Истите тие мрачни сили, кои тоа го чинат, носат световни закони, со кои сакаат да воспостават каков-таков ред во така уредените компилациски оштества, така да законите, наместо да бидат морално-етични и правични, стануваат само рационални и прагмтаски облокувани. Согласно таквите закони, такви се и луѓето и општествата-прост прагматизам, без смисла и без цел.
Погрешни прашања и погрешни одговори се твоја специјалност и домен, сеуште нема објаснување како би изгледало практично општество без оваа „зла" и „мрачна" секуларност.
Кој насилно создавал повеќе верски и национални општества?[DOUBLEPOST=1441902377][/DOUBLEPOST]
Надвор од Вистината, постои лагата. Одамна е познато кој е нејзиниот татко, кој со Христа Бога нема ништо заедничко.
Не сум знаел дека си станал татко, интересно.[DOUBLEPOST=1441902834][/DOUBLEPOST]
Не мешај баби и жаби: какви библиски, какви шеријатски...

Која црна индоктринација бе човек: дај седни пред ТВ, погледни што се‘ се пушта по ТВ станиците, што се‘ се печати по весниците и спсианијата, што се‘ е достапно на „Инетрнет„ и сето тоа на сите (!!!) им е достапно и ти ми велиш дека Црквата индоктринирала?

А што прават телевизиите, „образуваат„?...
Ти мешаш баби и жаби. Телевизиите се обврзани пред почетокот на секоја програма да соопштат за која возрасна група е наменета програмата и да нагласат дали е потребен надзор од родител или старател.
Што се однесува до интернетот, слична е работата, си постојат известувања и соопштувања за содржините, а постојат и опции одредени сајтови за возрасни да бидат кодирани или ограничени со пасворди.
 
Последно уредено:
од кого организирана и во кои простории?
Деца на часови по веронаука во Бигорски и во Рајчица

На вероучителот Драги Анастасовски ова му е втора летна школа што ја организира. Смета дека во државата сѐ повеќе владее духовната сиромаштија и има многу луѓе што ја загубиле волјата за живот.
Токму тоа и била идејата на оваа детска школа, духовно да ги закрепне луѓето и нивните поколенија.

- Во Битола редовно држиме предавања за веронаука. Нашите слушатели доаѓаат доброволно.
Организираме и приредби и концерти. На часовите гледаме и филмови. Сакаме на различен начин да го приближиме православието до обичниот човек - истакна учителот Анастасовски.

Вели дека часовите ги посетуваат различни профили луѓе. Има и такви што живеат во семејства каде што се почитува верата, но и такви што ретко одат во црква.

- Родителите сами посакаа нивните деца да посетат манастир каде што живеат монаси, односно каде што има жива заедница и тие да се изградат во морално здрави личности - додава вероучителот Анастасовски.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=721399402&id=9&setIzdanie=22917
одговори конкретно што и како. Ова е нормална појава, не е "пример" или "случаи".
Одговорив.
Точно за ова зборувам, родители со деца во црква- слобода на верисповед.
Еве пак ќе те прашам каде е проблемот родителите си ги однесле самоиницијативно децата во црква за првиот училишен ден, каде е проблемот?
 
Деца на часови по веронаука во Бигорски и во Рајчица

На вероучителот Драги Анастасовски ова му е втора летна школа што ја организира. Смета дека во државата сѐ повеќе владее духовната сиромаштија и има многу луѓе што ја загубиле волјата за живот.
Токму тоа и била идејата на оваа детска школа, духовно да ги закрепне луѓето и нивните поколенија.

- Во Битола редовно држиме предавања за веронаука. Нашите слушатели доаѓаат доброволно.
Организираме и приредби и концерти. На часовите гледаме и филмови. Сакаме на различен начин да го приближиме православието до обичниот човек - истакна учителот Анастасовски.

Вели дека часовите ги посетуваат различни профили луѓе. Има и такви што живеат во семејства каде што се почитува верата, но и такви што ретко одат во црква.

- Родителите сами посакаа нивните деца да посетат манастир каде што живеат монаси, односно каде што има жива заедница и тие да се изградат во морално здрави личности - додава вероучителот Анастасовски.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=721399402&id=9&setIzdanie=22917

Одговорив.

Еве пак ќе те прашам каде е проблемот родителите си ги однесле самоиницијативно децата во црква за првиот училишен ден, каде е проблемот?
проблемот е шо сакам детето мое да гледа в црква новио филм со Авенџер и Терминатор и да слуша песни од Моторхед. Црквата служи ли за потреби на народ и да пушта музика и филмој за секого или само нив шо му е по ќеиф како комунистите шо правеа??
 
МПЦ нема никаква улога во било кој сегмент на Вашиот живот ако Вие изберете да нема.

Ваше е само да ги научите Вашите најблиски пријатели и почесни членови на Вашето семејство, кои ете се православни христијани, да си го чуваат тоа верување за себе и нема Вам да ви солат памет за верувањата и „божјите закони“, како што Вие ќе си чувате Вашето само за Вас.

Како што кажа @MIKI1 : тој својата вера си ја практикува и на работа и воопшто око не му трепнува, но сигурно не ги заморува колегите со христијанска етика и философирања.
Терајте си и Вие со Вашето - некому разликите му годат, некому не.

И ова од пред некој ден, со децата по цркви, како коленичат: само обична реклама како и во најзапуштените места, ете, децата многу си ја сакаат религијата, ја разбираат и веруваат во верата на нивните дедовци па ете по цркви одат.

Едноставно зошто не оставете да заминат во заборав туку постојано ги рекламирате сите вие тие стари учења од минатиот еон? Не гледате дека бараат начин да се зборува и зборува за „Црквата“, за „Вистината“... ?
Едноставно: тишина и гледајте што се ќе создадат за да опстојат.

Реално, бесцелно кревате прашина тука.
Црквата нема никаква моќ ако поединецот не и даде самоволно таква моќ врз својот Храм! ;)

Ping: @Ipsissimus ,@SuBZerO ,@Frater Barrabbas , @Lurtz , @Let 3 ,@Изгрев
 
Која дволичност е тоа што Претседателот на државата кој е избран да биде претседател на сите граѓани јавно ја манифестира својата религиска определеност,која е навредлива за сите други верски заедници.
А што да прае,
1.да ја крие својта верска припадност? ама тогаш треба да ја крие и сексуалната припадност за да не се чуствуваат хомосексуалците дискриминирани? потоа националната...
2.да биде атеист?
3.пантеист?
4.секташ?
 
И Тито беше католик по традиција,или масон како некој што го зборуваат тоа сега,но никогаш тоа јавно не го потврдуваше со своето однесување.Ама пак затоа тој беше почитуван дури од сите народи и малцински групи во тогашната држава.
 
Тука е проблемот релација држава-јавност-религија. Остатоци од против-религиозно обштество.Дури и секуларизмот ни е комунистички(криво разбран):toe:
 
Деца на часови по веронаука во Бигорски и во Рајчица

На вероучителот Драги
тоа значи веронаука во организација на некоја хуманитарна организација, во простории на манастир. Нигде не видов да е организирано од државна институција за да го претставуваш како пример за факултативен предмет.
Тука е проблемот релација држава-јавност-религија. Остатоци од против-религиозно обштество.Дури и секуларизмот ни е комунистички(криво разбран):toe:
ти како го разбираш поимот секуларност?
 
МПЦ нема никаква улога во било кој сегмент на Вашиот живот ако Вие изберете да нема.

Ауууу чо‘ек, ова мора да е мисла од Телемитската премудрост...:pos:

Или поинаку кажано: луѓе, баталете МПЦ, дојте кај нас у Редот...:sneaky:[DOUBLEPOST=1441909320][/DOUBLEPOST]
Во врска со болдот, токму таков прмер ти дадов! Имаш три производи што сакаш да ги купуиш, три каси и три касиерки со различна вероисповед. Едната одбива да ти го наплати едниот, другата другиот, третатат третиот. Како ќе функционира едно општество, ако секој произволно прифаќа и одбива да следи она што му одговара т.е. што не му одговара?

Што е ‘воа? Пак прашања „а ла хабардов центар„?...:icon_lol:

Еве ја мојата реалност: во периодите од еднодневните и повеќедневните постои, просто кажано, не купувам мрсна храна, иако продавниците се полни и ја нудат истата. Немам никаков проблем со касиерките и ниту една од нив не ми замерува што не купувам „свинско„ во пост.[DOUBLEPOST=1441909395][/DOUBLEPOST]
Погрешни прашања и погрешни одговори се твоја специјалност и домен,

...а јас се‘ уште не паметам дека си дал еден саглам одговор на моите прашања.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom