Вмешаноста на црквата некогаш и сега

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
Ставро,

практикувањето на верата се учи од мали нозе, не во геријатрија. Ете, тоа го бараат децата на своја 7-8 годишна возраст по црковните храмови. Моето прво влегување во црква беше на претшколска возраст и се‘ уште го паметам.

Ти, што паметиш?
:tapp: Па се гледа по тебе дека завршиле добра работа, испран мозок со доживотна гаранција.
Дете од пресколшка возраст незнае ни врвки да си врзе како што треба а не да има доволен интелектуален капацитет да разбира, одлучува, рассудува, носи одлуки и слично, кога се во прашање нешта од религиозна природа.
 
Значи и ова е слобода на вероисповед:
не треба да им се лутиме. И што шутираат глави ко топки, и што се мачкаат со крв од неверници...верска толеранција де.
А во државните институции е забранета? Со кој закон?[DOUBLEPOST=1441825941][/DOUBLEPOST]

„Набадаш„ произволности.

Верните се истите луѓе кои се ем дел од Црквата, ем дел од општетвото. Кој ќе им забрани да ја изразуваат својата верска припадност само во изолирани простори?
По устав Мики, по устав. По член 19. Школо не е за молитва. Туку не одговоривте ни ти ни Изгрев што во овој случај (а не е случај туку е нормална ситуација):
Дали дете/родител припадник на друга вера мора да присуствува на молитва или ќе повика свој свештеник во друга просторија? Што ако родителот/детето е атеист или едноставно не го занима вера или едностано не сака детето да го однесе на молитва
 
:tapp: Па се гледа по тебе дека завршиле добра работа, испран мозок со доживотна гаранција.
.

Сакаш да кажеш дека твојот мозок се‘ уште е валкан и не испран? Па добро, ш‘о прајте таму у тоа Телемата? Не се миете?[DOUBLEPOST=1441826435][/DOUBLEPOST]
Дете од пресколшка возраст незнае ни врвки да си врзе како што треба а не да има доволен интелектуален капацитет да разбира, одлучува, рассудува, носи одлуки и слично, кога се во прашање нешта од религиозна природа.

Дали детето знае или не, тоа е појќе негова лична вродена способност. Во Црквата, возраста не е пресудна за практикување на верата, а родителите кои и самите се верници, должни се да ги почуваат своите деца во духот од верата, а не во духот од Светов.

Народски кажано: теле се учи, вол не.
 
слобода на вероисповед по устав е загарантирана вон државните институции. Најчесто во верски храмови.
Делимично точно,верата е личностна и како таква во личноста присуствува без разлика дали е во или вон верски објект соодветната личност.
школото е под ингеренции на директорот и персоналот, а тие под општината и МОН. Не може ни тие ни родителите да одлучуваат и работат што ќе им текне. Општината и МОН се институции каде ниедна вера не треба и не смее да се меша по устав и закони.По световни закони.
Родителите самоиницијативно одлучле, што има сега училиштето.
Веронаука како факултативен предмет е дозволена(слава Богу), сведоци бевме за летната школа во бигорски.
Мали деца, тоа е втор проблем, не и најмал. Третиот е неднаквост, подвоеност. Дали дете/родител припадник на друга вера мора да присуствува на молитва или ќе повика свој свештеник во друга просторија? Што ако родителот/детето е атеист или едноставно не го занима вера
Кој бил приморан во случајов?
На оние што им одговараа шпекулациите и дезинформациите дежурните плукачи, па подобно на случајот со јогата кога беше искривена изјавата (n)
 
.
По устав Мики, по устав. По член 19. Школо не е за молитва. Туку не одговоривте ни ти ни Изгрев што во овој случај (а не е случај туку е нормална ситуација):

Lurtz,

многу си ми наивен бе чо‘ек.

Денешните т.н. демократски устави не се ништо друго до обично препишување на уставот од САД, кој е типичен протестантски запис па сите држави, кои сакаат да се прикажат за ѓоа демократски, кретенски го препишуваат членот кој вели дека државата и Црквата требало да бидат одвоени. Во традиционално православните држави, такво нешто не постои.

Скапанава Македонија е идиотски пример за таква папагалштина, оти со таквиот идиотизам, испаѓа дека еден и ист лик, кој себе си се исповеда за верник, треба да биде верник само дома или само во Црква, а штом излезе од дома, треба да биде атеист...:icon_lol:
 
Сакаш да кажеш дека твојот мозок се‘ уште е валкан и не испран? Па добро, ш‘о прајте таму у тоа Телемата? Не се миете?[DOUBLEPOST=1441826435][/DOUBLEPOST]

Дали детето знае или не, тоа е појќе негова лична вродена способност. Во Црквата, возраста не е пресудна за практикување на верата, а родителите кои и самите се верници, должни се да ги почуваат своите деца во духот од верата, а не во духот од Светов.

Народски кажано: теле се учи, вол не.
Во црквата ваша може и снегот лански да биде пресуден, ваш проблем, овде зборуваме за нешта кои имаат врска со здравиот разум, не со телиња и волови.
Да индоктринираш деца од пресколшка возраст за рајови, пеколи, за гревови....да ги убедуваш дека се грешни родени и дека треба да се каат е процес кој си има име - индоктринација, перење мозок народски.
не треба да им се лутиме. И што шутираат глави ко топки, и што се мачкаат со крв од неверници...верска толеранција де.
Точно, се што треба е да се повикаат дека си ги воспитуваат децата на верска основа и тоа ќе им биде доволно оправдување со кое ќе можат да игнорираат закони, устав, држави. Најсвеж пример за тоа е американката што одбиваше да издава дозволи за брак на хомосексуалци бидејќи тоа ги прекршувало нејзините верски чувства, а тоа што таа самата била четири пати разведувана не се важи.
Замисли ситуација, одиш во маркет да си купиш сланина, риба, кондоми и слично. Одиш на првата слободна каса, ама касиерката е од католичка вероисповест и не ти ги наплатува кондомите, одиш на наредната каса, а таму касиерката е муслиманка и не ти ја наплатува сланината, одиш на следната каса а таму имаш веганка и не ти ја наплатува рибата.
 
Lurtz,

многу си ми наивен бе чо‘ек.

Денешните т.н. демократски устави не се ништо друго до обично препишување на уставот од САД, кој е типичен протестантски запис па сите држави, кои сакаат да се прикажат за ѓоа демократски, кретенски го препишуваат членот кој вели дека државата и Црквата требало да бидат одвоени. Во традиционално православните држави, такво нешто не постои.

Скапанава Македонија е идиотски пример за таква папагалштина, оти со таквиот идиотизам, испаѓа дека еден и ист лик, кој себе си се исповеда за верник, треба да биде верник само дома или само во Црква, а штом излезе од дома, треба да биде атеист...:icon_lol:
ај ти објасни ми две работи пошто сум наивен. Прво по кој закон училиште смее да воведе молитва во своите простории, дали ги знаеш дејноста, статутот на државните училишта за кои збориме Уставот каде се регулирани овие работи. А друго она што прашав претходно.
Дали дете/родител припадник на друга вера мора да присуствува на молитва или ќе повика свој свештеник во друга просторија? Што ако родителот/детето е атеист или едноставно не го занима вера
Кој бил приморан во случајов?
На оние што им одговараа шпекулациите и дезинформациите дежурните плукачи, па подобно на случајот со јогата кога беше искривена изјавата (n)
одговори конкретно што и како. Ова е нормална појава, не е "пример" или "случаи".
сведоци бевме за летната школа во бигорски.
од кого организирана и во кои простории?
 
ај ти објасни ми две работи пошто сум наивен. Прво по кој закон училиште смее да воведе молитва во своите простории, дали ги знаеш дејноста, статутот на државните училишта за кои збориме Уставот каде се регулирани овие работи.

По кој закон?...:coffee:

По законот кој е така промелнива категорија, што една власт може да донесе „ваков„ а друга власт да донесе „онаков„ закон, кога е во прашање практикувањето на верата во училиштата.

Живееме во време во кое законот, донесен од безбожничка власт, не е само закон, туку идол, на кој треба секој смртник да му се поколони!.

Мојот покоен дедо, ми посочи пракса од неговото образование „у српско„: наставата секогаш им почнувала со молитва!

Дали ти е јасно по кој закон? Дури и во откаченава Македонија, пред неколку години беше воведена веронауката како добоволно посетуван предмет. Ете по кој закон! Се чини дека Богоборците пак победија па веронауката беше укината![DOUBLEPOST=1441827856][/DOUBLEPOST]
А друго она што прашав претходно.

Практикувањето на верата во училиштата може да се уреди на верска основа, каде припаднците на различни вериоисповести би посетувале предавања согласно нивната верска припадност.
 
Што правиме тогаш со оние што имаат друга вера? Тие по кој закон да учат? Што правиме со вакви ситуации:
Замисли ситуација, одиш во маркет да си купиш сланина, риба, кондоми и слично. Одиш на првата слободна каса, ама касиерката е од католичка вероисповест и не ти ги наплатува кондомите, одиш на наредната каса, а таму касиерката е муслиманка и не ти ја наплатува сланината, одиш на следната каса а таму имаш веганка и не ти ја наплатува рибата.
 
Во црквата ваша може и снегот лански да биде пресуден, ваш проблем, овде зборуваме за нешта кои имаат врска со здравиот разум, не со телиња и волови.

Верата и тоа како има врска со здравиот разум, спротивно на безумието, кое е поврзано со неверието, наспроти очигледноста од нештата.[DOUBLEPOST=1441828032][/DOUBLEPOST]
Што правиме тогаш со оние што имаат друга вера? Тие по кој закон да учат? Што правиме со вакви ситуации:

Веќе посочив, во вториот дел од мојот пост:

http://forum.kajgana.com/threads/Вмешаноста-на-црквата-некогаш-и-сега.71042/page-3#post-7399217
 
Верата и тоа како има врска со здравиот разум, спротивно на безумието, кое е поврзано со неверието, наспроти очигледноста од нештата.
По контрадикторна реченица тешко дека може да се состави од оваа.
Во тој дел зборуваш за посетеност на настава во различни училишта за различни вери, јас те прашувам за практичен проблем! Одиш во маркет и имаш касиерки што се различни вери, ако нема секуларност, тогаш секоја може сопствените верски закони да ти ги наметне и да не ти наплати или продаде производ за кој смета дека е во спротивност со нејзината вера. Или можеби според тебе решението е да има верски маркети, верски аптеки, верски киносали, верски ресторани, верски радиостаници, верски телевизии....?
И како би изгледало едно здравство во такво општество и воопшто образованието, науката? Медицински факултет каде еволуцијата однапред се прогласува за погрешна, историја каде се прифаќа само она што и одговара на конкретната верска заедница, астрономија каде вселената е 8000 години стара.....?
 
Може: на пример, дека вистината е онаа вистинската.[DOUBLEPOST=1441828714][/DOUBLEPOST]
Во тој дел зборуваш за посетеност на настава во различни училишта за различни вери, јас те прашувам за практичен проблем! Одиш во маркет и имаш касиерки што се различни вери, ако нема секуларност, тогаш секоја може сопствените верски закони да ти ги наметне и да не ти наплати или продаде производ за кој смета дека е во спротивност со нејзината вера. Или можеби според тебе решението е да има верски маркети, верски аптеки, верски киносали, верски ресторани, верски радиостаници, верски телевизии....?

Кај забега бе чо‘ек? Какви маркети, каков бутур: зборуваме за верата и училиштето, не за кознерва со свинско во однос на касиерката од исламска вероисповест и нејзината намера да не продава свињетина.[DOUBLEPOST=1441828954][/DOUBLEPOST]
И како би изгледало едно здравство во такво општество и воопшто образованието, науката? Медицински факултет каде еволуцијата однапред се прогласува за погрешна, историја каде се прифаќа само она што и одговара на конкретната верска заедница, астрономија каде вселената е 8000 години стара.....?

Така уреденото општество би било битно поинакво од она кое го гледаме секојдневно, каде Бог би бил врвната цел и вредност, а не идолите од Светов.

А тоа што Земјава била стара 4,6миљ.г., па добро бе, кого тоа уоште го засега во секојдневното живеење? Еве ја‘ на пример, нема ден да ми помине, а да не бидам сведок на жестоки дискусии кај моите колеги од работа, кои непрекидно дискутираат за староста од Земјава...:pos:
 
Последно уредено:
По кој закон?...:coffee:
прво по Устав, второ по закон за основно образование, трето по дејност на субјектите, четврто по здрава логика. Да ти помогнам. По Устав член 19, по закон за основно член 2 и 11, за средно член 3 и 7 и за високо член 14, според дејноста -едните воспитно образовна, другите дејност на цркви, верски заедници и религиозни групи и според статутот на школите каде е точно одредена и дејноста и наставниот план и програма.
Практикувањето на верата во училиштата може да се уреди на верска основа, каде припаднците на различни вериоисповести би посетувале предавања согласно нивната верска припадност.
ај не зезај и ти сеа со одговори од типот у Београду не умираат. Добро знаеш дека све е многу поинаку отколку што овде пишуваш.
Дали ти е јасно по кој закон? Дури и во откаченава Македонија, пред неколку години беше воведена веронауката како добоволно посетуван предмет. Ете по кој закон! Се чини дека Богоборците пак победија па веронауката беше укината!
ти по кои закони се раководиш кога некој ќе ти украде нешто или ќе те повреди на било кој начин? По духовни, световни, сегашни, идни...?
 
прво по Устав, второ по закон за основно образование, трето по дејност на субјектите, четврто по здрава логика. Да ти помогнам. По Устав член 19, по закон за основно член 2 и 11, за средно член 3 и 7 и за високо член 14, според дејноста -едните воспитно образовна, другите дејност на цркви, верски заедници и религиозни групи и според статутот на школите каде е точно одредена и дејноста и наставниот план и програма.

Воспитно-образовната функција од училиштата одамна е историја: прашај ги самите учители, тие се најбољи сведок дека образованиево наше скапано, одмана не образува, туку безобразува, оти е обезбожено!

Просто е: не може едно и исто општество/власт да обликува шизматични (!!!) луѓе од мали нозе, кои дома се верници, а надвор од дома се атеисти!

А тоа што пишувало во Уставот и законите, нејќе *** да ми чуе, оти е појќе од очигледно дека самиот творец на Уставот не го почитува Уставот! Уставот не е света книга, туку е променлива категорија: различно ориентирана власт, пишува различно ориентирани устав и закони![DOUBLEPOST=1441829604][/DOUBLEPOST]
ај не зезај и ти сеа со одговори од типот у Београду не умираат.

Не зезам: верата е личен избор, не е ствар за наметнување на оние кои не ја прифаќаат или веќе имаат своја вера, поинаква од мојата.
 
Воспитно-образовната функција од училиштата одамна е историја: прашај ги самите учители, тие се најбољи сведок дека образованиево наше скапано, одмана не образува, туку безобразува, оти е обезбожено!

Просто е: не може едно и исто општество/власт да обликува шизматични (!!!) луѓе од мали нозе, кои дома се верници, а надвор од дома се атеисти!

А тоа што пишувало во Уставот и законите, нејќе *** да ми чуе, оти е појќе од очигледно дека самиот творец на Уставот не го почитува Уставот! Уставот не е света книга, туку е променлива категорија: различно ориентирана власт, пишува различно ориентирани устав и закони!
ама ти кажуваш прикаски, јас ти изнесувам реалност. Без разлика дали се слаби школите, ова она или какви биле екстерните. По закони и устав верата не смее да влезе во ниедна установа која се раководи според законите према кои е регистрирана. Инаку може да филозофираме вака до бескрај, факт е дека со ова се кршат сите тие закони. Во моментов, а за понатаму, доколку власта се обиде нешто да промени слично на новиот закон за верски заедници, ќе го јаде онака, гол.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom