Вмешаноста на црквата некогаш и сега

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
Очигледно биле со родителите никој не ги фатил за гуша децата и внесол во црква како што сакаат да го престават во јавноста. Но кога ќе се помеша дезинформација, фрустрација со дежурните гладни за плукање на црквата резултира со исказов погоре. Шокирање затоа што деца биле однесени во црква, до каде ја дотеравме? можеби ако децата ги однесат во ЛГБТ центар да видат практично дека не сите принцови бакнуваат принцеза, а има и такви принцови што бакнуваат принц, тоа би било по не-шокирачки акцептирано од широката јавност, и таман ќе одговара со евро-атланските аспирации на Република Македонија.
Ако вие имавте грам етика и мозок, ќе ви беше јасно како ден дека исто како и политиката, така и религијата не е за деца! Од проста причина што за религиозна, политичка, идеолошка или филозофска определба е потребна интелектуално созреана и одговорна личност, а не дете кое е подложно на сугестии и манипулации бидејќи нема капацитет ниту спсобност за самостојно креирање на ставови, резонирање и носење одлуки! Децата се најподложни на сугестии и тоа ги прави најиедеален субјект за индоктринација! Токму од таа причина и е забрането да се инволвираат во политика, но некој изгледа не му одговара да признае дека религијата има подеднакво влијание и резултати како и политиката, па да носиш деца на религиозни проповеди е ок, а за политички цели не е ок.
 
сакаш да кажеш дека на децата им текнало да одат на ...како се вика тоа и јас не сум запознат молебен, молибден...? Овде пишува

дури и да е добиено одобрение, мешаат државни институции со верски. Секуларност, а школото е државна институција. Дали според тебе, ако добијат одобрение од родителите, утре во Зефљуш треба да очекуваме нешто слично, молење со теписи, па излагање на протести со зелени знамиња, а во 11 октомври крштелно, свеќарник и икона? Дали "утре" нашите внуци ќе учат во цркви и џамии? Доколку имаат потреба, има доволно цркви каде верниците ќе се помолат. Против сум и за мешање на државните и верски празници. Имаше други начини да се регулира таа тема.
овој демант и објаснување не се никакво оправдување ами доказ повеќе за вината на општината и школото. Од една страна лупаат пари за проекти за класови составени од различни вери и етнички заедници, од друга...
Демантот дека децата не биле однесени во црква без знаење на родителите, го игнорираш а продолжуваш да ја препостираш шпекулацијата, како сакаш.
Во однос на секуларноста направи споредба Македонија и Грција и ќе ти стане јасно.

Нема ништо погнасно од религиозни лицемери.
И што би барало дете од 7-8 години во црква?
Сите христијани да изчезнат од лицето на земјата, и Ставре најпосле ќе се смири.
Така беше некако нели?
 
Не сум јас тема на дискусија, туку твоето лицемерие. Може да објасниш што бараат деца од 7-8 години во црква?
 
Демантот дека децата не биле однесени во црква без знаење на родителите, го игнорираш а продолжуваш да ја препостираш шпекулацијата, како сакаш.
Во однос на секуларноста направи споредба Македонија и Грција и ќе ти стане јасно.
Значи ако утре група родители реши децата од школски клупи да ги однесе на некоја политичка трибина, тука ќе нема ништо погрешно? Доволно е да најдеш држава како пример каде тоа се случува, да ја посочиш и решен проблем? Ете, во Ирак и Сирија на пример имаш обука на деца од слична возраст како и оваа каде истите се тренирани како да одсечат глава, како да пукаат во некого со пиштол, како да ракуваат со калашњиков и слично. Се што треба е да се повикаме на тој пример, и етети ти аргумент да си гу учиш синот како се сече глава.
 
Демантот дека децата не биле однесени во црква без знаење на родителите, го игнорираш а продолжуваш да ја препостираш шпекулацијата, како сакаш.
Напишав -дури и да е добиено одобрение- демантот е доказ за постапка против надлежните во општината и училиштето. Ако сум јас верник (или како што ме нарекуваа традиционален, више проформе што се вели), ниту јас немам право да ги натерам децата да одат во школо да се молат. Ако сум родител, дали смеам што сакам да правам со нив само затоа што сум прост или неписмен, со нивните тела и умови?
Ќе цитирам еден наш сограѓанин -"Каде, во оваа наша држава, се загуби стекнатата цивилизациска придобивка викана СЕКУЛАРИЗАМ? Знаете ли дека тоа е одвоеност на црквата од државата со што се гарантира слободата на неверување, односно се гарантира слободен избор на верување?! Во вакви услови и со вакви настани околу нас, сосема е легитимно прашањето: Кој ни ја одзема слободата?"
Во однос на секуларноста направи споредба Македонија и Грција и ќе ти стане јасно.
може да направам споредба и со овие држави. Дали ја знаеш одлуката на Уставен за вероисповедта во школите и врз основа на што таа е донесена?
 
Не сум јас тема на дискусија, туку твоето лицемерие.
Лицемерие спомена членот кој посакуваше да исчезнат христијаните од лицето на земјата, и истовремено објавува ставови за толеранција:facepalm:.
Може да објасниш што бараат деца од 7-8 години во црква?
Ако не прочита погоре- родителите ги однесле.
Напишав -дури и да е добиено одобрение- демантот е доказ за постапка против надлежните во општината и училиштето. Ако сум јас верник (или како што ме нарекуваа традиционален, више проформе што се вели), ниту јас немам право да ги натерам децата да одат во школо да се молат. Ако сум родител, дали смеам што сакам да правам со нив само затоа што сум прост или неписмен, со нивните тела и умови?
Ќе цитирам еден наш сограѓанин -"Каде, во оваа наша држава, се загуби стекнатата цивилизациска придобивка викана СЕКУЛАРИЗАМ? Знаете ли дека тоа е одвоеност на црквата од државата со што се гарантира слободата на неверување, односно се гарантира слободен избор на верување?! Во вакви услови и со вакви настани околу нас, сосема е легитимно прашањето: Кој ни ја одзема слободата?"
може да направам споредба и со овие држави. Дали ја знаеш одлуката на Уставен за вероисповедта во школите и врз основа на што таа е донесена?
Сакаш да внесеш стандарди како родителите да ги воспитуваат децата.По твојот пример може да речам оној што не го нси детето во црква му индоктринира атеизам. Родители ги однесле децата во црква на молебен, каков секуларизам какви тракатанци.
Тоа што сограѓанинот ја смета секуларизацијата за придовивка, друг сограѓанин хомосексуалноста, тоа е само нивно гледиште.
Негативни примери колку сакаш, јас направив споредба на Македонија со православна држава, ти со ИСИС логика(y).
 
Ако вие имавте грам етика и мозок, ќе ви беше јасно како ден дека исто како и политиката, така и религијата не е за деца! Од проста причина што за религиозна, политичка, идеолошка или филозофска определба е потребна интелектуално созреана и одговорна личност, а не дете кое е подложно на сугестии и манипулации бидејќи нема капацитет ниту спсобност за самостојно креирање на ставови, резонирање и носење одлуки! Децата се најподложни на сугестии и тоа ги прави најиедеален субјект за индоктринација! Токму од таа причина и е забрането да се инволвираат во политика, но некој изгледа не му одговара да признае дека религијата има подеднакво влијание и резултати како и политиката, па да носиш деца на религиозни проповеди е ок, а за политички цели не е ок.
Како може да им биде јасно,кога не само на децата туку и на родителите им се испрани мозоците,се поради нивната библиска неукост.Па родители кои добро би ја познавале Библијата не би ги однеле своите деца да ги крштеваат,бидејќи ниту ИсусХристос,ниту Апостолите не крштевале деца.Крштевањето бил религиски симболизам,за прифаќање на христијанството,поверување во науката на Исус Христос.А додека дете односно бебе на една година,ниту може да чуе проповед за да поверува,ниту да ја исповеда својата вера пред да биде крштевано.Најжалосно е тоа што сите крштевањето го сватиле како давање на име.Детето може да си го добие своето име и без тоа.
 
Крштевање на бебиња и деца е очигледен пример за индоктринирање и регрутирање. Кога зависиш од финансирањето на верниците, тогаш приоритет ти е што поголема бројност на истите. Ако си приметил, на крштевките поповите многу често нагласуваат дека добиле уште еден член на црквата, демек бебето го разбрало христијанството и решило да го прифати.
Друго објаснување што може да се слушне е дека тоа се прави за добро на детето, т.е ако умрело а при тоа во меѓувреме не се крстело, ќе одело во пеколот.... Мене неизбежно ми се појавува прашањето - каков е тој бог што би казнил на вечни маки бебе, затоа што не било крстено?! Или еве нека не е казна, зошто би допуштил, би дозволил бебе да заврши во пекол затоа што не било крстено?! И зошто некој би обожувал таков бог воопшто?
 
Такво нешто нигде не пишува во Библијата.Така свештенството ги лажеле верниците во Средниот Век,кои не биле писмени,ниту пак имале примерок од Библијата да го проверат тоа.Но што прават сега во 21 век,таканеречените христијани кои се писмени,и слепи послушници се.Сега постои поголема затупавеност,а се тоа Мартин Лутер,Калвин и останатите ги разоткриле лагите на свештенството како на католичкиот така и на православниот свет.
 
Сакаш да внесеш стандарди како родителите да ги воспитуваат децата.По твојот пример може да речам оној што не го нси детето во црква му индоктринира атеизам..
Стандарди има, дали се почитуваат.
Тоа што сограѓанинот ја смета секуларизацијата за придовивка, друг сограѓанин хомосексуалноста, тоа е само нивно гледиште.
по дефиниција во основа секуларноста Е цивилизациска придобивка.
Негативни примери колку сакаш, јас направив споредба на Македонија со православна држава, ти со ИСИС логика(y).
ете ти поблизок пример, Турција и воведување на марамата во парламент (и други институции) по 14 години. Во основа, тоа е зачеток на верски фундаментализам, фанатизам и сите последици кои ги носи во следните генерации. Ете ти пример и за Камерон кој е многупати критикуван за неговите изјави дека Британија е христијанска земја. За отпосле да ретерира со ставови.
Туку ти не одговори зошто не се воведе веронаука во школите. Еве зошто, според одлука на Уставен суд -повикувајќи се на членот 19 од Уставот на Македонија кој вели дека Македонската православна црква и другите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата и се еднакви пред законот. „Во ситуација кога таквата уставна определба за правото на вероисповед како гаранција на граѓанинот, се поврзува со државна образовна установа, Уставниот суд оцени дека не се обезбедува одвоеност, во случајов на државата и верските заедници туку нивно поврзување, што влијае на слободата на граѓанинот на вероисповед“.

Дали знаеш кои се основите на нашата сегашна Македонија? Секуларна република
- „Сите граѓани на федерална македонска држава се еднакви и равноправни пред законите, не гледајќи нивната народност, пол, раса и вероисповеданије“
- „На секој граѓанин му е загарантирана слободата на вероисповеданието и слободата на савеста“
 
Лицемерие спомена членот кој посакуваше да исчезнат христијаните од лицето на земјата, и истовремено објавува ставови за толеранција:facepalm:.

Ако не прочита погоре- родителите ги однесле.

Се разбира дека сум за толеранција, и дека сакам рисјаните, како и сите други религиозни да исчезнат од лицето на земјата. Објаснив на кој начин сакам тоа да се случи, не се прави наудрен.

Не е важно кој ги однесол, ти кукаше дека сме се шокирале што мали деца носат во црква. По трет пат те прашувам, што бараат мали деца во црква? Да им ги полнат главите со баснословни глупости и да им внесат страв за потоа да ги контролираат?
 
- „На секој граѓанин му е загарантирана слободата на вероисповеданието и слободата на савеста“
Точно за ова зборувам, родители со деца во црква- слобода на верисповед.
Се разбира дека сум за толеранција, и дека сакам рисјаните, како и сите други религиозни да исчезнат од лицето на земјата. Објаснив на кој начин сакам тоа да се случи, не се прави наудрен.

Не е важно кој ги однесол, ти кукаше дека сме се шокирале што мали деца носат во црква. По трет пат те прашувам, што бараат мали деца во црква? Да им ги полнат главите со баснословни глупости и да им внесат страв за потоа да ги контролираат?
Ем толерантен, ем различните од тебе/различијата да изчезнат-оксиморон.
По трет пат ти пишувам родителите ги однесле.
 
Точно за ова зборувам, родители со деца во црква- слобода на верисповед..
слобода на вероисповед по устав е загарантирана вон државните институции. Најчесто во верски храмови.
По трет пат ти пишувам родителите ги однесле.
школото е под ингеренции на директорот и персоналот, а тие под општината и МОН. Не може ни тие ни родителите да одлучуваат и работат што ќе им текне. Општината и МОН се институции каде ниедна вера не треба и не смее да се меша по устав и закони.По световни закони.
Ако не прочита погоре- родителите ги однесле..
Мали деца, тоа е втор проблем, не и најмал. Третиот е неднаквост, подвоеност. Дали дете/родител припадник на друга вера мора да присуствува на молитва или ќе повика свој свештеник во друга просторија? Што ако родителот/детето е атеист или едноставно не го занима вера
 
Последно уредено:
Точно за ова зборувам, родители со деца во црква- слобода на верисповед.
Значи и ова е слобода на вероисповед:
55ac2cee2a000028007af7f3.jpeg

ISIS-Child-Soldier-Beheads-A-Man.jpg

Boy-Teddy-Bear-Smile.jpg

isis-behead-libyan-soldier-si.jpg
 
Последно уредено:
Не сум јас тема на дискусија, туку твоето лицемерие. Може да објасниш што бараат деца од 7-8 години во црква?

Ставро,

практикувањето на верата се учи од мали нозе, не во геријатрија. Ете, тоа го бараат децата на своја 7-8 годишна возраст по црковните храмови. Моето прво влегување во црква беше на претшколска возраст и се‘ уште го паметам.

Ти, што паметиш?[DOUBLEPOST=1441825791][/DOUBLEPOST]
слобода на вероисповед по устав е загарантирана вон државните институции.

А во државните институции е забранета? Со кој закон?[DOUBLEPOST=1441825941][/DOUBLEPOST]
школото е под ингеренции на директорот и персоналот, а тие под општината и МОН. Не може ни тие ни родителите да одлучуваат и работат што ќе им текне. Општината и МОН се институции каде ниедна вера не треба и не смее да се меша по устав и закони.По световни закони.

„Набадаш„ произволности.

Верните се истите луѓе кои се ем дел од Црквата, ем дел од општетвото. Кој ќе им забрани да ја изразуваат својата верска припадност само во изолирани простори?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom