Напишав -дури и да е добиено одобрение- демантот е доказ за постапка против надлежните во општината и училиштето. Ако сум јас верник (или како што ме нарекуваа традиционален, више проформе што се вели), ниту јас немам право да ги натерам децата да одат во школо да се молат. Ако сум родител, дали смеам што сакам да правам со нив само затоа што сум прост или неписмен, со нивните тела и умови?
Ќе цитирам еден наш сограѓанин -"Каде, во оваа наша држава, се загуби стекнатата цивилизациска придобивка викана СЕКУЛАРИЗАМ? Знаете ли дека тоа е одвоеност на црквата од државата со што се гарантира слободата на неверување, односно се гарантира слободен избор на верување?! Во вакви услови и со вакви настани околу нас, сосема е легитимно прашањето: Кој ни ја одзема слободата?"
може да направам споредба и со
овие држави. Дали ја знаеш одлуката на Уставен за вероисповедта во школите и врз основа на што таа е донесена?