ARCELOR-MITTAL, мојата борба за квалитет

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
..........Денес,ова подолу напишано го пратив до повеќе лица во мојата компанија,
каде работев од 1977 година, па се до пред неколку дена. А ми требаше само уште малку време па да одам во пензија, но понатаму во текстовите ќе образложам и зошто тоа се случи вака порано,поради грешки или поради желби.
--------------------------------------------------------------------------------------оригинал препис од тука...
Денес, бев до завод,еве на сликиве и картончето што ми го дадоа а и мојата состојба во каква ме оставате. Веројатно и некогаш ќе се дознае вистината за повредите или ќе се дадат снимките на увид.

Воопшто не верував во ова. Се разбира дека нема потреба повеќе да овде пишувам, а ќе си отворам тема за ова во „Кајгана форум“-денес.

Требаше да ги обавестите тие над вас дека јас не можам (и сега не можам) да се качувам и симнувам на таа клупата,ми смета поради повредата и болки во зглобот,а и не можев да ја отварам тешката врата постојано,но џабе се овој муабет сега, дали со ова се исполни реченото порано „Носи го надвор и ти да не леташ надвор со него“. Рамото многу ме загрижува,т.с. не се воопшто подобрува, а со ногата која по некој ден целосно откажува,веројатно ќе биде и полошо.

Колку можев им помогнав овој период на децата, сега сум им колега на двајцата зетовци во завод.

А верувам бар едниот ќе беше добар работник во „кули“,што му е и по занимање.

Моите реализирани и нераилизирани идеи за напредок на квалитетот на материјалот и во сверата на безбедност на работниците ви ги оставам вам, и да ја продолжите таа моја работа. Некој од нив веројатно уште долго ќе останат низ погонот и ќе ве потсеќаат на еден работник кој го испративте на ваков начин.

Ви посакувам се најдобро.
Со почит........а....-------------(пратени се и две слки, од ногата и рамото) Завршен текст
--------------------------
Се мислев и за насловот да биде АРЧЕЛОРМИТТАЛ-мој идеал и мој идеи,но се решив за ова „ Моја борба за квалитет“, кое и досега многу пати сум го пишувал до надлежните.
Инаку отказно решение добив пред три месеци,и до о2.09 бев на некаков законски одмор за кое време не отидов никаде и не прашав никого што понатаму,освен што се обраќав повеќе пати до копмпанијата, со многу малку одговори во последно време.
Боледувања никогаш не сум сакал,па скоро и да не сум зимал овие 39 години, но тука ете излезе најголемата грешка, за некој повреди на работно место благовремено не пријавував се со надеж „ај не е ништо ќе помине“... но еве деновиве и до патерици стигнав, повеќе за ова во подоцнежните обраќања,во кој ќе стане муабет и за други теми,а најповеќе за мојте идеи за напредок кој некој од нив се во употреба низ погонот и над 30 години, а пак месецот 2 и 3 оваа година поднесов нови над 20 идеи а некој и успеав од нив да реализирам и ги ставам во употреба,но за жал бев ете спречен да ја продолжам оваа моја работа со кажаното погоре-отказно решение.
---------------------------
Назнам колку се ќе можам да стасам да напишам ( а и колку е тоа дозволено) а слики ќе ставам само лично мој од Идеите за напредок,но за многу и немам документација.Некој ги пишував и цртав со примерок само до компанијата.
Може помош: Смеам ли да ставам на јавен форум вакви слики, лично мој цртежи и скици.
---------------------------
Со почит..Анчо (61)...невработен,пријавен во Завод од 07.09.2015 година.
(ако мислите дека треба во друг подфорум да биде темава,слободно префрлетеја)
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Иако ти стаив лајк, за допаѓање- воопшто не ми се допаѓа тоа што ти се случило, и од кожа ме вадат вакви неправди. Зошто не се обратиш некаде за правна помош, може и тужба да им стегнеш- но, најпрво консултирај се со неколку адвокати, побарај помош и од народниот правобранител ако треба ,за преиспитување на целата твоја ситуација. форумот ти е место-за забава или „тепај време„. и овде нема да најдеш или добиеш правен совет . Не губи време , истерај си ја правдата, фаќај адвокати....
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Здраво пријатели
Еве ги идеите кој ги поднесов во фебруари и март оваа година до надлежната комисија,а некој од нив и реализирав и се ставени во употреба.
1. Припрема на поронет ваљак од када на поцинкална, за лужење.
2. Ласер на новите крански клешти за подигање на терет.
3. Прекидач-команда за ваљакот во јама на Ножица-68.
4. Заштитна врата или ѕид,за отпад во јама на Ножица-68.
5, Огледало над јама на Ножица -68.
6. Додаток на плочата за буткање-стрипер на Пластификација.
7. Модификација на новите ( врвот и ивиците)крански клешти.
8. Ласер на кранот за обележување на површина.
9. Тежиште-маркер за подигање на „Ц“,куките на кранот.
10. Лептир за воведување на трака на последните валци на Ножица-68.
11. Маркер-перниче за безбедносно подигање на телескопични котури.
12. Прикладен безбедносен алат за обележување на пробите.
13. Џеб напред и назад на када на Поцинкална.
14. Маркер-визуелно тежиште на новите крански клешти.
15. Воздух со притисок ,како чистач на секот при обрезување на ивици на лужилница.
16. Заштитно корито на (под) кабината на кранот.
17. Магнетни перничиња на клештите за безбедносно подигање на телескопични котури.
18. Заштитно корито на рамналка помеѓу валците на ниво под нив.
19. Заштитна маса на рамналка после валците.
20. Заштитна ограда пред подвижната врата на линијата Дресирен стан.
--------------------
можеби имаше уште две-три тој период поднесени, скоро за сите овие постој и документација и лични мој скици, за дадените идеи,( но не се решаваа благовремено во последно време, не знам зошто).
Многи брзо после ова дојде - стаса отказното решение, се разбира со наведени грешки зото е така.
Но и покрај тоа што го имав тоа добиено(кога ме викнаа да го примам-подигнам,јас мислев ме викат во врска со предложениве идеи и некое решение поточно награда) јас иако бев дома со забранет пристап во компанијата,продолжив и понатаму да поднесувам-праќам нови идеи за подобрување на квалитетот на материјалот и за негова заштита од оштетувања . Сакав со тоа да докажам дека Компанијата Арчелор-Миттал ми е се што имам и дека мислите ми се само таму, тогаш тие денови а и сега откога веќе сигурно знам дека не сум таму член.
Еве една од идеите кој ги пратив откако бев „ИЗБРКАН“ од работа.
------------------
Насочник - хоринзонтален за бебедносно подигање на котурите. (има идеа и за вертикален).
При подигање на котурите истите понекогаш или често и се оштетуваа од кранската кука, со оваа поднесена идеа нема да има такво оштетување бидеиќи насочникот ја НАСОЧУВА куката во средиштето на котурот. Покрај тоа нема потреба од работник да манипулира со куката и работата е безбедна.
Придобивки со оваа идеа.
НАСОЧНИК ЗА КРАНСКАТА КУКА
- Безбедносно подигање на котурите. ( нема во близина на операцијата работни лица)
- Олеснета работа и сигурност на кранистот на кранот.
- Намалено т.с. исфрлено е оштетувањето на ивиците од котурите.
- Подобрен квалитетот на материјапот нанаредните постројки без дотогашните корекции.
- Зголемено произвоство.
--------------------------
мислам дека ова некогаш ќе се направи и примени во сите делови-погони на Митаал (во светот)
со почит.....ан....
 

Attachments

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.957
Поени од реакции
8.614
Многи брзо после ова дојде - стаса отказното решение, се разбира со наведени грешки зото е така.
И што е наведено како причина за прекратување на работниот однос?
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
...... Picture 1886.jpg .............. Picture 1887.jpg ............. Picture 1888.jpg .........ласер на кранот
---------
-Ласер, за обележување на теретот кој треба да се подигне-пренесе.
-Ласер за обележување на површина на „насока“ на движење на кранот
-Ласер за обележување на површина над која има терет што виси.
----------
Оваа напредна идеа беше и комисиски прифатена и дадена да може да се реализира,за жал не стасав во тоа од познатите наведени причини погоре во уводниот текст,но мислам дека понатаму ќе се направи и примени како се уште вика Имплементира(можеби и со име на друг подносител - иноватор,а така и ќе има повеќе шанса и самата идеа да успее) и нема да биде прв пат,друг моја идеа да пријавува(и за награда).
Незнам дали е ова некаде по светов го има или применето во пракса,кое многу би ја олеснило работата и на кранистите и на безбедноста на работниците доле на површината,но би се подобрил и квалитетот на материјалот,од оштетување и понатамошни корекции и намалување на неговата тежина.
(ако може некој нека го провери ова,мене не ме бива за барање по ...нетов поради јазикот.)
(можеби сега производителите на кранови и го имаат ова како обавезна опрема за кранот)
----------
Оваа идеа е со многу мали вложувања, колку би коштал еден ваков ласер,сличен на оние за привезок или на детскине пиштоли, но не бев и навремено разбран иако некој поединци беа и воодушевени,ама немаше разбирање и интерес во тоа време кога и ги поднесував овие идеи,тие веќе изгледа имале друг скроен план во врска со мојата работа таму во компанијата.
----------
(еве смогнав сила,нешто да напишам,по подолго отсуство поради некое лечење на некој повреди - спомен од мојата ангажираност таму во работата,но за тоа во друга тема повеќе ќе стане збор наскоро)
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Комај 40 години поминав тука.
Овде ќе пишувам само за мојот случај, иако има и повеќе такви тука.
Беше мислам(да не вртам во документи) 23 март 2014 година. Јас 3 см.
Околу 1 час по полноќ при една операција на линијата (каде во тој момент не работев)
имаше еден мал проблем и јас отидов ДА ПОМОГНАМ.Тоа е само неколку чекори од
моето работно место,но таа вечер односно неколку месеци веќе имав помлад колега.
Успешно со колегата од таа линија го решивме заедно почетно тој мал проблем таму.
Но потоа се појави и друг проблем и краток застој на линијата. Јас бев се уште таму.
Тогаш (дури ?) се појави шефот-см.работоводител на таа линија и почна да се дере.
-„ Само вие слушајтего него“... мислејќи на мене, јас се поместив понастрана.
Пеоблемот се уште постоеше,а го имало и многу пати и друг пат пред ова.
Јас бев на ратојание околу 7-8 чекори,или помало од 10м.
Јас уста не отворив,а рацете ми беа во џебови(напред се џебовите и тесни.
Јас сум низок-мал стар човек па и со мала тежина.
Шефот веќе „разлутен“ или како да го опишам,засегнат за застојот - викаше.
Шефот е многу поголем од мене-цела глава и више и потежок многу и помлад.
Незнам зошто се затрча накај мене и ме бутна.
Таа слика со раце во џебови на работа и не е така добра признавам, а изразот на мојата
фаца-лице е со затворена уста и не е причина за да бидам нападнат од шефот.
Јас немав шанси да се бранам,не ни знаев- ни осетив дека ќе бидам бутнат.
Таа дел од секунда само кога паѓав гледав да спасам глава.
Силно сум треснал-паднал директно на рамо, (лошо што рацете беа во џебови)
но имало и удар на главата во бетонот, со нозе колена не сум го допрел подот.
Потоа колегите ме кренале,ме седнале по кратко време се соблеков да се видам .
На рамото коската беше излезена како змучка како орев (се уште е така).
Се облеков и се одалечив од ова место до сабајле до крај на смена.
Не пријавив никаде,не повикав обезбедување, ај ќе помине си велам.
Ако пријавев знам дека ќе биде лошо за шефот-нема више да влезе тука.
--------------------------
Дома си легнав кога отидов,но по два часа станав и раката не можев да ја мрдам.
Не можев ни сијалица да запалам. Едвај се облеков и отодов на работа.
Се јавив кај мојте шефови заедно со менаџерот за безбедност.
Веднаш ми дадоа упат за преглед на лекар кај што одиме на систематски.
Таму ме видова, ренегнот не покажа скршеници.
Јас сам им велам дека ќе одам на работа нејќам боледување и добив потврда.
- Способен за работа.
--------------------------
Додека бев таму го повикале шефот да даде изјава а и два севедока.
Тие изјави не се совпаѓале со мојата - никогаш ги немам видено ни прочитано.
--------------------------
Добивам вест дома ,телефонски да не одам на работа неколку дена.
Си мислам тоа е вообичаено во вакви случаеви додека закрепнам.
Но по некој ден добивам и писмено обавестување дека сум казнет.
Поточно остранет од работно место до 8 дена,за да се реши случајот.
-------------------------
И по два -три дена се уште раката ми „здрвена не можам да ја кревам и вртам.
Одам на преглед во Градска и ми даваат некој лекови и да не ја движам раката.
Но беледување не барам им велам ќе одам на работа.(не сум бил никогаш скоро)
------------------------
По 5-6 дена ме викаат да се јавам на работа, но надвор од погон, внатре НЕ.
Зошто никако не ми јасно ни денес. Да не сум ги вознемирувал.
------------------------
Баш тие денови,беше и празникот за безбедност,а шефот бил повикан таму дури
и награден за една идеа,која јас ја поднесов пред 1 година. А тоа е кражба.
Е за тоа веќе ќе се отвори и друга тема.
-----------------------
Така незнам колку време месец-два одев само прва смена, но во погон НЕ.
Рамото и болките не поминуваа, па ми предложива физикална терапија и бев.
После 6-7 мрсеци бев пак на терапија, но болките и тешко движење си останаа.
-----------------------
Барав да ме пратат на целосно снимање(разбрав се викало магнетна р.)
повеќе пати но не ме пратива.
Повредна листа не ми беше направена, јас бар незнам и не видов.
Боледување земав на два пати за физикална но обично, не ми признаваа 100%.
Поточно тие месеци земав и помала плата (1 см и боледувања)
Незнам точно но имав и некоја казна изгледа првите денови,или тој месец.
------------------------
И годинава барав да се снимам,не ме пратива,барав и систематски и тоа НЕ.
Обвинет сум бил, сум напуштил работно место и сум вознемирувал.
Тоа го донеле по образложение од изјавите на сведоците.
Барав повеќе пати да одиме во МВР,сите на машината за вистина, ама НЕ.
Состојбата и денес по 1,5 година од ПОВРЕДАТА НА РАБОТНО МЕСТО не ми е
многу подобрена. Коската и сега е видливо дека не е на сове место.
Имам крајно ограничено движење со раката и тешко.
Ќе ви поставам и слика од тогаш и од денес.
------------------------
Не сум повеќе вработен таму, разговорно кажано ме „избркаа“ од 2 септемрви,
ме оставија вака како опишав, уф треба тема и за ова да отворам.
-----------------------
Јас не се повредив на нива или на керамиди,туку во погон на АрчелорМиттал.
Зашто не се водам како повреден на работа, зошто немам повредна листа.
Зошто не се точно испита вистината,неможе да има две вистини. Една.
Дали шефот има право вака да постапува со вработените таму.
Јас сум бил учесник во физичка пресметка,така ми напишале обвинение,
СО РАЦЕ ВО ЏЕБОВИ НАСПРОТИ ПОГОЛЕМ;ПОМЛАД;ПОСИЛЕН т.с. шеф.
 
Последно уредено:
Ф

Флеш

Гостин
Анчо,сте требале уште моментот после нападот да сте го пријавиле шефот кога требало со доказите за повреда и да си извршел притисок.Но си направил погрешен потег,со занемарување.Си бил повеќе пати во лош однос со него . Си преќутувал.Дебелиот крај,пак ти.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.385
Поени од реакции
38.809
Било каков потег да направил Анчо ќе го кркал. Едноставно е , зимаш пиштол и му пресудуваш на скотот. Ладен 2 метра под земја , ти во идриз со 3 оброка дневно. Инстант правда со тешка цена за плаќање , али во вакви ситуации јас не би проголтал ни грам гордост.
 

Vandal

CURVA NORD
Член од
12 август 2012
Мислења
1.051
Поени од реакции
1.095
Во Arcelor Mittal,не постои една нормална особа,нема никаков ред не се знае кој јаде кој пие,најмизерна институција каде што постои голема мера на нечовечност,лаги и подмуклост,на чело со генералниот директор Juan Pedro Jimenez Navarro,и неговата соработничка Марија Попова Мајсторова која oтпушти еден куп луѓе без причина,и си замина во друга фирма.
 
Последно уредено:

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Многу пропусти се направени и касно е за било каква реакција

Кога те бутнал шефот си требал да пријавиш во полиција и трудова кои ќе направеле записник кој не си морал да го потпишеш ако не се сложува со твојата изјава.
И да викнеле само брза помош,болницата кај што ќе те однеселе по службена должност ќе пријавеле во полицијата и трудовата па ке реагирале по пријава.
Кога би било регуларно пријавено си можел да им се закануваш и со приватна тужба........
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Многу пропусти се направени и касно е за било каква реакција

Кога те бутнал шефот си требал да пријавиш во полиција и трудова кои ќе направеле записник кој не си морал да го потпишеш ако не се сложува со твојата изјава.
И да викнеле само брза помош,болницата кај што ќе те однеселе по службена должност ќе пријавеле во полицијата и трудовата па ке реагирале по пријава.
Кога би било регуларно пријавено си можел да им се закануваш и со приватна тужба........
Вакви и слични случаеви се пријавуваат веднаш или до 24 часа по настанот.
Јас пријавив истиот ден,односно околу „пред“ 10 часот, на шефовите и менаџерот за ЗДРАВЈЕ И БЕЗБЕДНОСТ, кој веднаш ми рече..
-„ Од кај да знам кој те бутнал,можеби жена ти те бутнала“ ( за ова има и сведоци)
Погреши ЖИВОТНО(најголема грешка во цел живот),еве не можам ни да спијам салам, имам болки.
Можеби е сега све доцна,бидеиќи и не сум повеќе таму.
Молам кој може да најде адреса (мел,или како се вика) од главната дирекција во ЛОНДОН, би пишал таму или кој може целиов текст нека го прати таму.
Во Arcelor Mittal,не постои една нормална особа,нема никаков ред не се знае кој јаде кој пие,најмизерна институција каде што постои голема мера на нечовечност,лаги и подмуклост,на чело со генералниот директор Juan Pedro Jimenez Navarro,и неговата соработничка Марија Попова Мајсторова која oтпушти еден куп луѓе без причина,и си замина во друга фирма.
До скоро Г-ѓа Марија беше таму,незнам дека заминала.
Било каков потег да направил Анчо ќе го кркал. Едноставно е , зимаш пиштол и му пресудуваш на скотот. Ладен 2 метра под земја , ти во идриз со 3 оброка дневно. Инстант правда со тешка цена за плаќање , али во вакви ситуации јас не би проголтал ни грам гордост.
Инаку со шефот добро сме соработувале долги години, јас работев баш во негова смена,и тогаш тој знаеше да каже за мене пред другите-„ Да има уште еден како Анчо во погонов ....!“
Јас си го дебело окркав, а се да се спаси шефот,незнам какви изјави дале сведоците.
Анчо,сте требале уште моментот после нападот да сте го пријавиле шефот кога требало со доказите за повреда и да си извршел притисок.Но си направил погрешен потег,со занемарување.Си бил повеќе пати во лош однос со него . Си преќутувал.Дебелиот крај,пак ти.
Пишав,не бев во лоши односи со него, но мојата работа бараше точност а понекогаш тоа нему не му се допаѓаше. Јас сум крив што не пријавив,но и тој како шеф требало прв да пријави,јас не сакав бидеиќи знаев дека тој нема повеќе да влезе во погон и ќе биде избркан.
А и мислев ќе помине,ништо не ми е,како и друг пат кога сум бил повреден на работа не сум пријавувал.
 
F

Flatter

Гостин
Јас помислив за некоја болест се зборува оно фирма да било
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Picture 1411.jpg ... Picture 1558.jpg ... Picture 1462.jpg не помог(н)а
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Супер идеја, може ли да ја препратам на пријател во Германија:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom