Костоски ок.
Војдан, Илиевски така-така.Првиов едно време имаше 17% за 2, вториот 1 од 4 или 5 за тројка.
Дамјан мала минутажа.
Трајковски полуосовина.
Хендрикс беше напушен.
Симоновски уплашен.
Пеџа - статист.Како пример да го земат дека не е секогаш физичкото предност.После пензионирање во женска кошарка.
Имавме некој влез под кош или не?Освен еден (1) на Војдан, не знам други.Илиевски бунари 3-4, Трајковски исто 2 пати.Ко ќе ми текнит дека Гечевски од пензија да го вратат би бил мајка за овие...
Центрите најслаба карика.
Статистиката ни е срање.Или паметот.Под 30% за тројки, другите за 2 и 1 беа тука негде со противникот.
И очигледно се невоиграни меѓусебно, освен ‘староседелците‘ близнаците и Илиевски.Пеџа на моменти палит сијалица, ама обично не.Хендрикс тотално исклучен.
Не ми се бендиса менталитетот, барем на првава утакмица и пристапот на тренерот.Некако не го рецкаа многу, а се откажаа многу брзо, какода беа помирени со пораз.Мислам дека и тие не покажаа нешто посебно, или па играа доволно за нас, не знам...ама тие се истите луѓе и истиот пристап кај нив, промената беше кај нас.Од почеток добро тргнаа нашиве, а очекував добра разлика за противникот и решаваање од почеток, со оглед на неколку големи промени кај нас.Добро почнавме - ама крајот го краси делото.Немаме агресивност како со Перо, смиреност како со Гечевски и дрскоста за луди влез на Бо.Хендрикс е далеку од негова замена, исто како и Трајковски/Пеџа (и двајцата заедно не се колку еден од бившите центри).
Ме изненади поддршката на крај и покрај поразот иако далеку беше од константна, на периоди цело време, немаше аниматори. Мислам дека подобро ќе играме со фаворитите, а ќе се мачиме со Холандија, ако воопшто постојат аутсајдери (стандард шема).