Зошто ќе има дебела причина да се исчистат сите. За Балкан станува збор.[DOUBLEPOST=1441393799][/DOUBLEPOST]04/09/2015 - 19:59
ХАОС ВО БУДИМПЕШТА: Мигрантите се степаа со унгарски хулигани (ВИДЕО/ФОТО)
Мигрантите, како што може да се види од снимките, тргнаа во контранапад против хулиганите извикувајќи „Е.ете се Фашисти“. Полицијата која се најде таму беше немоќна да ја смири во целост ситуацијата
Мигранти во Унгарија (Фото: ЕПА)
Масовна тепачка се случи во близина на железничката станица во Будимпешта меѓу повеќе десетици мигранти и група насилни фудбалски хулигани. Навивачите ги нападнале мигрантите со солзавец и со пиротехнички средства, на што мигрантите возвратиле со пластични шишиња и со обувки.
Сепак, по кратко меѓусебно дофрлање,
мигрантите, како што може да се види од снимките што се појавија на социјалните мрежи, тргнаа во контранапад против хулиганите извикувајќи „Е.ете се Фашисти“. Полицијата која се најде таму беше немоќна да ја смири во целост ситуацијата која излезе од контрола.
Мигранти во Унгарија (Фото: ЕПА)
Во меѓувреме
илјадници мигранти одат пеш низ Унгарија во правец кон границата со Австрија. Локалните жители им делат храна и вода и ги поддржуваат во намерата да заминат на пат кон западна Европа.
Повеќе од илјада мигранти денеска попладне ја напуштиле главната железничка станица во Будимпешта, откако увиделе дека нема возови кои сообраќаат кон Виена и кон Германија.
Бегалците што тргнаа пеш кон Австрија се дел од групата 2.000 лица, кои неколку денови беа заглавени на станицата Келети во Будимпешта.
До границата со Австрија има околу 170 километри, но сепак, како што пренесуваат светски агенции, мигрантите се решени да го поминат патот пеш и да ја напуштат Унгарија. Спротивно од нивната воља, унгарските власти се обидуваат да ги вратат и да ги задржат во бегалските кампови.
Мигранти во Унгарија (Фото: ЕПА)
Околу 2.300 мигранти кои се наоѓаат во унгарскиот прифатен центар кај граничниот премин Хоргош се закануваат дека насилно ќе го пробијат кампот и ќе продолжат пеш кон Австрија. Тоа претходно го направија околу 300 мигранти.
Пробивот беше околу 11.30 часот.
Според унгарската полиција масата од мигранти се разделила на повеќе помали групи кои се упатиле кон автопатот М5. Во тек е потрага по овие групи, а со цел да бидат вратени во бегалскиот камп.
Мигранти во Унгарија (Фото: ЕПА)
Пробивање на камп имало и во централна Унгарија, кај градот Бичке, каде седумдесетина мигранти успеале да избегаат од прифатниот центар.