А зошто да земаме напаѓачи кои се на исто ниво со Жиру ? Додека да се прилагоди на градот, екипата итн итн. отиде сезоната.Односно сезонава би бил и полоша опција од Жиру, а за наредната или зимскиот преоден поради него не би имало место за класа напаѓач доколку стане достапен.
А и муабетот дека нема да има слободен класа напаѓач у наредни 4 години не ти држи вода.Имало и ке има комерцијални трансфери кај што Реал (или кој и да е) ке го продаде Бензема (или кој било) за да го купи д некст биг тинг од Бразил и за да продаде милијарда дресови од истиот.Доколку ние се натрупаме со просеци напред кога ке дојде шансата нема да можеме да ја искористиме.
За да имаме замена за Жиру, кога ќе згусне сега распоредот, ПЛ,ЛШ, ФА Куп, шо ќе правиме само со Жиру, точно дека е машина на физички план, ама и он се заморува и губи форма.
Истава ситуација беше и лани, само во одбрана, па видовме како испадна, се крпевме до Јануар, цела сезона си ја уништивме.Зарем заборави лани што се случи кога сезоната ја започнавме со двајца централни дефанзивци, што се случи и што може да се случи оваа сезона што ја започнуваме со само еден ЦФ.
И која ти е таа логика ние да го чекаме Реал да го стави на продажба Бензема, што е он принц на бел коњ, еве ако не решат да го продадат никогаш, шо тогаш?
Втора работа, ако Бензема е ставен на продажба тука ќе замешаат прсти и тимови како Јунајтед и ПСЖ, што правиме тогаш.
За да се натрупаме со просеци требаше летово да купиме минимум 5 просека, а не ни еден играч.Еден просечен играч да имаш колку за замена на Жиру, не е воопшто трупање, туку неопходност.Реми и Фалкао во Челзи, кои му се замена на Коста, класа играчи ли се?
Имаме и финансии, имаме и слободни места во екипата, ама немаме добра организација.