Мигрантите низ Македонија

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Поглупо нешто не сум видел у цел мој живот.
Во Јапонија имаш најнизок степен на криминал на сите нивоа, пример, 40-50 убиства годишно, а населението е 130 милионско. Плус Јапонците се најхомогената нација на светот и си ја чуваат културата. А да, воедно тие се и ептен јапоноцентрични, што значи дека спрема сите нејапонци се однесуваат расистички и ксенофобно. Знаеш колку странци има таму? 2-3 проценти преку сила. Знаеш колку е тешко за нејапонец таму да најде работа? Знаеш ли како се третираат туѓинците? Знаеш дека имаш повеќе шанси на Марс да слеташ отколку да добиеш право на постојан престој?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.421
@Solaire of Astora
Да се разјасниме, значи Балканскиот Калифат е замисла а не нешто што според божја воља треба и мора да се деси. Имај го тоа на ум. Кога зборам Балкански Калифат, не викам дека е тоа свршен чин кој треба да го очекуваме како неспорна идни. Туку како проект кој во одредено ќе почне да се релизира.


Мене таков проект ми изгледа невозможен, нереален и неостварлив. Од повеќе причини. Меѓу главните, таа дека на Европа најмалку би и одговарало терористичко дувло во предворјето, кое до бесконечност ќе генерира тероризам и нестабилност. ИД најмногу може да извршува поединечно терористички акти на европско тло и нешто посериозни нарушувања на безбедноста на балканските држави, слично како во Куманово. Никакви територии, никакви калифати.
Мое мислење е дека Европа моментално е во таков хаос, што не верувам може во моментов да контролира нешто што и одговара, па така јас би ја оставил на страна Европа во случајов.

Конкретно за Балканот, еве израчунај каков ефект имаше врз Македонија Кумановскиот случај, и каков би имале уште 10тина такви случаи зачинети со секојдневни бомбашки напади од типот на тие во Ирак и киднапирања и сечења на глави. За тоа се потребни да се жртвуваат 1000 искусни ИД борци, кои ќе бидат маченици со обезбедено место во историјата(Џенет). Па мене ми се чини и далеку постабилни држави ќе попуштат под тоа сценарио. Стратегијата на ИД, не е за потценување. Теророт си ја одигра својата улога. Рачунај дека ИД Мосул го освоија со 1000 Борци, а го бранеле над 10000 војници (го имаше овој податок во претходните страни).


Второ, мој впечаток е дека деновите на ИД се броени, иако можно е да грешам во врска со тоа. Мислам дека се спрема општа кланица на Блискиот Исток.
Блискиот исток е кланица веќе 4 години тоа што ќе следи допрва не е нешто невидено. Токму тоа е една од причините ИД да ја префрлат топката во Европа. Тоа е маневар кој ќе им обезбеди опстанок во критичниот момент. Балканскиот Калифат е измислен за тоа.


Трето и не помалку важно прашање - чив интерес би бил формирање на Калифат на Балканот и кој воопшто би имал капацитет да го спроведе тоа во пракса? За вторава работа го имам одговорот, но никако не ми се поклопува во контекст на првото прашање.
ИД можеби да е проект на кој било, меѓутоа е излезен од контрола во голема мера. Можеби тие што го контролирале не го гледаат тоа, но ќе дојде време да го видат. И пак ќе речам не можам да тврдам дека резултатот од сево ова ќе биде Балкански Калифат, меѓутоа тој проект ќе одземе многу животи и има потенцијал да ја смени картата на Балканот во голема мера. А кога сме веќе кај кроењето, има држави кои би влегле во сојуз со самиот ѓавол за едно парче земја, како што впрочем и ни збори минатото....[DOUBLEPOST=1441315804][/DOUBLEPOST]
Не се работи само за делумна поддршка од локалното население. Треба логистика, вооружување, силна индоктринација, спремање терен со години.

Условите во кои настана ИД се сосема различни од условите овде. Не заборавај дека Ирак е нестабилна држава веќе 12-13 години, по падот на Садам Хусеин. Впрочем и костурот на ИД ја чинат поранешните арапски националисти, Баатистите. Нека не те чуди тоа што национализмот и исламизмот наводно не одат заедно, погледни ги на пример Албанците. Многу извори го посочуваат ова.
Ај погледни ги последните 25 години во Југославија. Западна Македонија, Косово, Санџак и Босна се нивни хабитат, тие се тука одомаќинети. Голем дел од населението го чека денот на „ослободувањето“ од кафирите. И пак ќе ти кажам, тоа според мене ќе биде најголемата грешка на муслиманите на Балканот.
 
Последно уредено:
Т

Триптико

Гостин
Не заборавајте дека Балканот едвај чека некој да рчне и да почне војна. Можеби е преоптимистично, но без мешање на Европа и САД, ќе ги збришат како од шала. Проблемот е што ќе продолжат меѓу себе да се тепаат, па оди смири ги...
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.502
Поени од реакции
18.222
Водејќи се според пророштвата и влажните соништа на Муслиманите, не е само Балканот тој дел од Европа кој треба да биде во состав на Калифатот, туку баш цела Европа треба да влезе во границите на тој Калифат. Поточно, исламот треба да завладее со целиот свет. Целиот свет, буквално. Тоа се влажните исламски сонови и ќе останат само тоа (за среќа), иако ќе се наоѓа по некој безмозочен лудак кој ќе гине за такви идеали извршувајќи ги работните обврски кои му ги наложува работната позиција - бомбаш - самоубиец во ИД. Со бенефициран стаж.

Европјаните се во хаос, зашто конечно се соочуваат со идејата, т.е. реалноста дека се една дисфункционална творба, вештачки наметната врз концептот на националните држави од кои е составена и дека решението ќе им биде или распад, или промовирање на наднационалниот концепт и уште еден чекор кон соголување на сувереноста и независноста на државите, сем Германија која единствена има право на свои интереси во рамките на Унијата. Што е реалност, ако сме искрени. Не за џабе Орбан денес им кажа дека мигрантите не се европски, туку германски проблем. Сепак, јас не би ја потценил Европа, не како ЕУ, туку како збир на држави кои се наоѓаат на европско тло, соочени со опасноста од наезда на мигранти од целиот афрички континент и делови од Азија, кои драматично ќе ја сменат демографската структура на националните држави со кои се гордеат и нивните традиционални вредности. Само почекај, тоа преку ноќ не се случува, но затоа за 10-15 години можеме да бидеме сведоци кога крајната десница во некоја рандом западноевропска држава ќе го освои мнозинството и ќе има мандат за состав на Влада. Не велам дека ќе биде добро по нас или било кого оживување и јакнеење на нацизмот, но тоа е сосема нормална реакција во ваква ситуација кога некој сака Европа да ја преплави со население кои не прифаќа асимилација и кое со себе ги носи и ги наметнува своите пустински блискоисточни вредности, кои немаат допирна точка со било кој Европјанин.

@Solaire of Astora
Рачунај дека ИД Мосул го освоија со 1000 Борци, а го бранеле над 10000 војници (го имаше овој податок во претходните страни).
Почетната иницијатива на ИСИЛ во Ирак, слична на блицкригот на Германците во ВСВ, мене ми мириса на inside job. Имаше и показатели во тој правец. Ако го земеме предвид нивото на обученост и опременост на ирачката армија, бројчаната надмоќност, фактот дека се бранеа - се ова личи на едно добро оркестрирано фијаско.

Не навлегувам во заговори, говорам што ми наложува здравата логија и фактите со кои располагам.

@Solaire of Astora
Блискиот исток е кланица веќе 4 години тоа што ќе следи допрва не е нешто невидено. Токму тоа е една од причините ИД да ја префрлат топката во Европа. Тоа е маневар кој ќе им обезбеди опстанок во критичниот момент. Балканскиот Калифат е измислен за тоа.
Сакам да кажам - очекувам формирање на вистинска широка коалиција за борба против ИД. Деновиве се шушка нешто во врска со Русија и навистина очекувам да се најдат на иста линија САД и Русија по ова прашање. Сирија мора да има политичка развршница и верувам дека скоро ќе има. Доколку тоа се случи, ќе видиш како цела таа фама околу ИД ќе се сруши како кула од карти. Ќе бидат во брзо време поразени на терен, има и формации кои се доволно спремни за тоа. Потребно е само да престане финансирањето. ИД не е способна како идеја да се самогенерира и да опстојува, па да се префрли на Балкан или било каде, зашто во старт ќе биде уништена. Нејзината моќ се должи на упорното игнорирање од страна на САД и поддршката која ја добива/ше од Турција, Катар, КСА и според мене и Израел(они најмногу корист извлекоа од ова што се дешава таму-познати ми се твоите ставови во врска со Израел и знам дека се спротивни на моите).

@Solaire of Astora




ИД можеби да е проект на кој било, меѓутоа е излезен од контрола во голема мера. Можеби тие што го контролирале не го гледаат тоа, но ќе дојде време да го видат. И пак ќе речам не можам да тврдам дека резултатот од сево ова ќе биде Балкански Калифат, меѓутоа тој проект ќе одземе многу животи и има потенцијал да ја смени картата на Балканот во голема мера. А кога сме веќе кај кроењето, има држави кои би влегле во сојуз со самиот ѓавол за едно парче земја, како што впрочем и ни збори минатото....
Пак ќе кажам, ИД се неспособни за самоодржување како идеја, зашто бараат многу ресурси. Исламизмот да, идејата за ИД да, но постоење на ИД мора да биде финансирано со огромни пари за да опстојува и функционира. И Блискиот Исток им е плодно тло за тоа, зашто таму се вртат огромните пари, таму е посеана омразата, од таму нив им почнува историјата, таму се главните точки за судир на верска, поточно секташка основа. Може имаат влијание и симпатизери на Балканот, но тоа влијание е прилично послабо. И може да се контролира со малку повеќе напор од страна на полицијата.
@Solaire of Astora
Ај погледни ги последните 25 години во Југославија. Западна Македонија, Косово, Санџак и Босна се нивни хабитат, тие се тука одомаќинети. Голем дел од населението го чека денот на „ослободувањето“ од кафирите. И пак ќе ти кажам, тоа според мене ќе биде најголемата грешка на муслиманите на Балканот.
За ова си во право. Но ова може да се гледа и од друг аспект - слабеење на руското влијание на Балканот, јакнеење на турското итн. Тоа што во Босна се замеша КСА и муџахедините само ја зачини целата ситуација.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Дори да пробат,сакаш да ни кажеш,дека нема да има мигновена реакциja от државите ?
Откаде логистика? За 1 недели ке заминат.
Балканот колкото и да е во тежка состоjба, не е арапскиот свет. Овде нема и токолкова многу индоктринирани луге. Без да преселуват луге, максимо 500 джихадисти да соберат.Тоа да задржат териториja на Балканот - абсурд.
Они и во стартот кога беа создадени беа една мала комплетна неважна организација која контролираше неколку села во Сирија и не беа повеќе од 500 борци ( а беа во непријателски односи со скоро сите други бунтовнички групи ).Проблемот е кога САД ќе реши да си истера нешто а Европската курва како и секогаш ќути така и ќе биде.Олош од целата планета и платеници ќе почнат да се сливаат како река во регионов,тие земји што би биле засегнати ќе горат другите ќе гледат сеир и ќе се надеваат дека ќе можат и они нешто да соберат.Турција и Либија им се сосема блиску за логистичка подршка.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Виктор Орбан е брутално искрен политичар, кој интересите на својот народ ги става на прво место, пред се. И е еден од ретките кои го прават тоа, а сигурен сум дека не се повеќе од дузина. Во моментов, ми текнува само на чешкиот претседател и на еден носител на функција од Словачка, кои зборат реално и трезвено.

Затоа и им пречат на европските бирократи, зашто не се поклопуваат во нивната агенда. Од таму следат и епитетите - националисти, фашисти, бла бла. Не се бунеа така кога етнички беше исчистено Косово, не најдоа тогаш фашизам, национализам, шовинизам. Тоа е таа дволична Европа, Бабилонската Курва.

Јас им посакувам милиони мигранти на дволичните Европјани. Немам никакви проблеми со тоа Париз да стане европскиот Бејрут. Не разбирам зошто нам би ни пречело тоа, после сите приредби од нивна страна веќе 25 години.
Леле, сега што изјави во Брисел. Ако некој сака да живее со муслимани, повелете, ние не сакаме и тоа е наше право. И им кажа на Германциве директно, тоа е германски проблем и треба да одат директно накај Германија а не накај Унгарија.
Мигрантиве не знаат богами што ги чека во Унгарија, пишав претходно, Унгарците мама ќе им ебат не се свесни уште што ги чека. Сега мислам чека да направат некаков инцидент за да ги здроби уште повеќе.
 
Последно уредено од модератор:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.421
Само почекај, тоа преку ноќ не се случува, но затоа за 10-15 години можеме да бидеме сведоци кога крајната десница во некоја рандом западноевропска држава ќе го освои мнозинството и ќе има мандат за состав на Влада. Не велам дека ќе биде добро по нас или било кого оживување и јакнеење на нацизмот, но тоа е сосема нормална реакција во ваква ситуација кога некој сака Европа да ја преплави со население кои не прифаќа асимилација и кое со себе ги носи и ги наметнува своите пустински блискоисточни вредности, кои немаат допирна точка со било кој Европјанин.
25 проценти од Македонија изгледа малце, едвај 500.000 жители, но како изгледа 15% од германија сега, а како тек ќе изгледа за 10 години. 10-15 години е касно за реакција.




Почетната иницијатива на ИСИЛ во Ирак, слична на блицкригот на Германците во ВСВ, мене ми мириса на inside job. Имаше и показатели во тој правец. Ако го земеме предвид нивото на обученост и опременост на ирачката армија, бројчаната надмоќност, фактот дека се бранеа - се ова личи на едно добро оркестрирано фијаско.

Не навлегувам во заговори, говорам што ми наложува здравата логија и фактите со кои располагам.
Појди од Сиријската Армија, која делумно се одметна и стана бунтовничка, а голем дел и застана позади ИД. Истото ти е и во Ирак и во Египет и во Либија. Не е оркестрано фијаско туку логичен редослед на настаните. Па еве земи го и Авганистан, редовно таму има бомбаши самоубијци од редовите на полицијата тренирана од западните сили. Истото нели беше и во Ирак.


Сакам да кажам - очекувам формирање на вистинска широка коалиција за борба против ИД. Деновиве се шушка нешто во врска со Русија и навистина очекувам да се најдат на иста линија САД и Русија по ова прашање. Сирија мора да има политичка развршница и верувам дека скоро ќе има. Доколку тоа се случи, ќе видиш како цела таа фама околу ИД ќе се сруши како кула од карти. Ќе бидат во брзо време поразени на терен, има и формации кои се доволно спремни за тоа. Потребно е само да престане финансирањето. ИД не е способна како идеја да се самогенерира и да опстојува, па да се префрли на Балкан или било каде, зашто во старт ќе биде уништена. Нејзината моќ се должи на упорното игнорирање од страна на САД и поддршката која ја добива/ше од Турција, Катар, КСА и според мене и Израел(они најмногу корист извлекоа од ова што се дешава таму-познати ми се твоите ставови во врска со Израел и знам дека се спротивни на моите).
И јас очекував уште пред 1 година да падне ИД кога почна САД да ги бомбардира, ама некако не паѓаат. Јас рачунав дека САД ќе улетаат како Бетмен и ќе го спасат светот од злото, во стилот на Холивудските филмови. Ама тоа некако не се случи. После очекував дека Ердоан ќе ги бомбардира после нападот во пограничниот град, а он ги бомбардираше Курдите.

Знаеш каква е навидум ситуацијата. Сите некако си го преќутуваат ова за ситни дневни интереси и сите си викаат дека ќе помине, дај ние да го извадиме ќарот. Буквално исто како во предвечерието на Втора Светска војна, кога 3/4 од Европа влегла во сојуз со Хитлер.

Добивам впечаток дека ИД е нешто вон очекувањата на било кој. Добивам впечаток дека во споредба со ИД последните 70 години светските сили имале целосна контрола на теренот, а кога е во прашање ИД некако сите се изненадени и делуваат несмасно. И јас не сакам да навлегувам во теории на заговор, и баш затоа сметам дека нит Израел, нит САД, нит Европа не стојат позади ова чудо, иако можеби имаат замешано прсти во негово создавање или пак нивните акти се директна последица за тоа. Меѓутоа ситуацијата е излезена бајаги вон контрола според мене.



Пак ќе кажам, ИД се неспособни за самоодржување како идеја, зашто бараат многу ресурси. Исламизмот да, идејата за ИД да, но постоење на ИД мора да биде финансирано со огромни пари за да опстојува и функционира. И Блискиот Исток им е плодно тло за тоа, зашто таму се вртат огромните пари, таму е посеана омразата, од таму нив им почнува историјата, таму се главните точки за судир на верска, поточно секташка основа. Може имаат влијание и симпатизери на Балканот, но тоа влијание е прилично послабо. И може да се контролира со малку повеќе напор од страна на полицијата.
Опстојуваат 3 години. Ситуацијата ме подсеќа на црвената револуција. Истите методи ги користат. Истите методи на пропагнда. Користат интернационала на борци. Користат брутални методи за пресметка на неистомисленици (овие се дури и многу побрутални). Ако црвената интернацонала била способна да направи војна во Шпанија, зошто исламистичката интернационала не би била способна да направи војна на Балканот?


За ова си во право. Но ова може да се гледа и од друг аспект - слабеење на руското влијание на Балканот, јакнеење на турското итн. Тоа што во Босна се замеша КСА и муџахедините само ја зачини целата ситуација.
Војните на Балканот, поготово тие во Босна, Косово и Македонија беа всушност влезот на муџите на Балканот, пред големото финале. Но пак ќе кажам, балканскиот калифат ќе биде воедно и крај(буквално) на муслиманите на Балканот.[DOUBLEPOST=1441321593][/DOUBLEPOST]
В Само почекај, тоа преку ноќ не се случува, но затоа за 10-15 години можеме да бидеме сведоци кога крајната десница во некоја рандом западноевропска држава ќе го освои мнозинството и ќе има мандат за состав на Влада. Не велам дека ќе биде добро по нас или било кого оживување и јакнеење на нацизмот
Кога сме веќе кај нацизмот...
https://en.wikipedia.org/wiki/Relations_between_Nazi_Germany_and_the_Arab_world

Од каде тоа мислење дека неонацистите се браник против муслиманите? Не би ме изненадило дури и ИД да е нацистички проект.

Исто така ако најдеш литература да прочиташ за Израелско Арапските војни, можеби ќе го пронајдеш фактот дека на Арапите несебично им помагале бивши нацистички офицери.[DOUBLEPOST=1441322404][/DOUBLEPOST]Втора работа е зошто се дозволува теророт што го прават да биде толку присутен во медиумите. Сечења глави, палења, давења уништувања..... Све е тоа пропаганда која треба да шири страв меѓу населението. И во тоа успеваат со подсредтво на глобалната мрежа. Зарем неможат да им го секнат интернетот во Сирија и Ирак, зарем неможат да им ја сопрат рекламата? Видеото наменето за борците од Балканот, непречено стигна до тие што треба. Тоа мене ми личи на многу организирана маркетинг кампања.

Тоа значи дека они имаат висок степен на организација. Знаат што прават и како тоа го прават. И според тоа они ја градат стратегијата. И бегалците се дел од таа стратегија, за да се направи маневар кој ќе треба да го тргне фокусот.

Грешката на цел свет е што ИД ги гледаат како неписмени фанатици израмнувајќи ги со бомбашите самоубијци со испрани мозоци. Но тоа е организација која многу добро знае што сака и како тоа да го постигне. Очигледно е дека има моќ да делува дури и врз луѓе кои не се муслимани, кои имаат високо образование и така натака. Знае да игра на сентимент, знае да игра на страв. Русија не делува дека смета дека западот си има мака со тоа. Западот не делува дека смета дека Русија ги губи сојузниците во регионот. И така имаме статус кво ситуација. Јас не верувам дека тоа ќе се смени дури и доколку Балканот се запали.
 
Последно уредено:
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
За тие што не разбираат зошто се "секираме". Прво постои можност дел да останат тука а второ 99% ќе ја сменат сликата на Европа во која и ние како народ припаѓаме. Не зборам за ЕУ туку за Европа како географски, културен и цивилизациски простор. Овие паразити ќе ја уназадат Европа и светот. Сега се едвај 5% од Европа па човек не може во јавен транспорт да влезе без страв, кога ќе бидат 15-20% ќе биде уште позабавно рамковни и курци палци.
ХАХХАХАХАХАХАХ ние сме припаѓале на Европа како народ и ние ќе сме ја штителе Европа од лошите чичковци од Сирија. Ма немој да ме јебеш бе!
Ние ќе сме го штителе светот и Европа од уназадување, хахахах.
Добро бе со што ве ранат? Какви печурки јадете?
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.337
Поени од реакции
23.083
Војните на Балканот, поготово тие во Босна, Косово и Македонија беа всушност влезот на муџите на Балканот, пред големото финале. Но пак ќе кажам, балканскиот калифат ќе биде воедно и крај(буквално) на муслиманите на Балканот.
Зошто?
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
ХАХХАХАХАХАХАХ ние сме припаѓале на Европа како народ и ние ќе сме ја штителе Европа од лошите чичковци од Сирија. Ма немој да ме јебеш бе!
Ние ќе сме го штителе светот и Европа од уназадување, хахахах.
Добро бе со што ве ранат? Какви печурки јадете?
Не дека можеме да штитиме нешто, ама сигурно не припаѓаме на Индокина како народ и култура.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.874
Поени од реакции
36.919
ХАХХАХАХАХАХАХ ние сме припаѓале на Европа како народ и ние ќе сме ја штителе Европа од лошите чичковци од Сирија. Ма немој да ме јебеш бе!
Ние ќе сме го штителе светот и Европа од уназадување, хахахах.
Добро бе со што ве ранат? Какви печурки јадете?
Ко ќе им кажат 40 евра месечен социјалец и 150 евра минималец, има на раце да избегаат до Германија. Нема ѕид што ќе ги задржи во државава.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom