Хороскоп, хороскопски знаци (општо)

Што сте во хороскоп


  • Вкупно гласачи
    1.375

osa

>>>>>>
Член од
20 јануари 2009
Мислења
816
Поени од реакции
184
za shto se glasa ?
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Каква жена му треба според хороскопскиот знак: На Бикот забавна, на Скорпијата посветена

Пред да се впуштите во нова врска или да се врзете на било кој начин, прво откријте какви жени му одговараат според хороскопскиот знак. Или пак мажи, искористете ги следниве описи за да си ја пронајдете идеалната жена.



Овен

На Овенот најважно му е партнерката да мисли дека е најубав, најдобар и најпаметен. Ако се обиде на било кој начин да му противречи и да му го сруши егото, ќе биде елиминирана. Овенот има свој распоред и живот, па ако жената успее да се вклопи - супер. Во спротивно - ништо. Важно е тој да не треба да прави компромис.


Бик

Сака девојка со која ќе може да се забавува, затоа што Бикот сака да ужива, а не некој да го попречува неговиот мир. Така што ако мислите дека може било кога да му се јавите, грешите. Покрај тоа, мора се да испланирате однапред, но во склад со неговиот распоред и желби. Ако не сте талентирани за готвење, исто така најпаметно ви е да не му се приближувате.


Близнаци

Близнаците очекуваат нивната девојка да се однесува како вечна тинејџерка. Тоа е добрата страна, но Близнаците знаат да се однесуваат многу незрело и за сериозните работи. Ако не сакате да се допишувате и слушате вечно, заобиколете го овој знак. Него не можете да го наканите да направи нешто што вие сакате, ниту е подложен на манипулации. Како еден манипулатор може да си дозволи такво нешто? Празните приказни може да ги води цел ден.



Рак

Расположението му се менува премногу брзо, а со оглед на тоа што постојано е напнат, лесно може да избувне. Имајте го тоа на ум. Него мора да му се угодува постојано. Тешко дека ќе се изборите со него за двајцата да бидете задоволни, затоа што на Ракот му смета буквално се. ќе мора да поразговарате со неговата мајка ако сакате да добиете добар совет. И да, семејството му е на прво место, затоа не се борете со тоа. Ако не сте подготвени за прилагодување, тогаш само продолжете понатаму.


Лав

Дефинитивно најгласниот и најнападен маж во Зодијакот. Ако не му обрнувате доволно внимание и го запоставите на само еден ден, веднаш ќе ви побара замена. Не може да поднесе ако не е се по негово, па дури и кога греши. Ако не сакате да слушате монолози во кои ќе се фали или не сакате да го фалите секојдневно, најдобро е да се откажете од Лавот.


Девица

Педантен, убаво облечен, испеглан и секогаш среден - вака ќе го познаете мажот во знакот на Девица. На се и сешто може да пронајде маана, но и на себе. Цинизмот го чува во малечки шишенца и не можете да го убедите дека сте во право. Можеби планира цел живот да го помине со вас, но сепак ништо нема да преземе. Овој маж никогаш нема да поднесе односи и емоции кои се помалку од совршени. Затоа, ако и вие не сте перфекционист - бегајте.

Вага

Неодлучноста и непријателскиот став се двете маани ма овој маж. Но, за среќа секогаш може да направи компромис. Во прво време ќе ви биде тешко да разграничите дали е заљубен или само добро воспитан. Овие мажи никогаш не сакаат да се сами, секогаш се со семејството или пријателите, а ако имаат време ќе се видат и со вас. Добрата страна е што знаат да се извинат, а она што никако не го сакаат се бесмислените кавги.


Скорпија

Овој маж тешко се врзува, а склон е и кон мешање на сексот со љубовта. Него му е важно да ја добие дневната доза задоволство, се друго може да почека. Љубоморен е и посесивен затоа што е често несигурен. Ако мислите дека имате вишок енергија и фантазии, тогаш посветете му се. Во спротивно, ако не сте подготвени за тотална посветеност, не влегувајте во никаква врска со него. Со Скорпијата нема компромис и каење.


Стрелец

Непостојан и променлив, овој весел маж нема долго да се задржи покрај вас ако постојано му го контролирате времето и му ги наметнувате ставовите. Тој ја сака слободата повеќе од се и не планира ништо да промени кај себе, туку очекува партнерката да го следи неговиот ритам. Никогаш не знае што сака, но знае што не сака. Својата животна филозофија нема да ја промени за ништо на светов, затоа не му кажувајте што да прави. Во спротивно, со задоволство ќе ве испрати до вратата.



Јарец

Тој може да зборува со денови, но и да чека со денови. Тоа не ви оди во прилог ако чекате Јарецот да го направи првиот чекор. Иницијатива речиси и да нема во него, затоа не очекувајте многу. Ако е веќе во врска, мора се да биде по прописи. Бавен е, но и темелен. Треба да ги издржите сите негови тестови. Ако немате трпение, подобро е да го избегнувате како партнер.


Водолија

Тешко е да го наканите да се ожени и врзе, затоа не се надевајте премногу. Тој сака да живее за друштвото, за излегувања, мажот Водолија не е за заедница која вклучува обврски. Бракот не го сфаќа сериозно, односно се однесува како воопшто да не постои, тоа е само хартија. Неговата тајна е во тоа што ќе прифати само жена која сака да му биде пред се пријател, па потоа се друго. Додека не најде таква, верноста нема да му биде силна страна.


Риби

Тешко се отвора пред било која жена, затоа прво мора да биде сигурен дека се работи за жена која ќе сака да се вклопи во неговиот живот, па потоа да тргне во акција. Важно му е партнерката да не го ограничува, затоа што таквата врска му ја црпи енергијата. Љубител е на музика и филмови, па ако не сте заинтересирани за уметност или прилагодување, тогаш тргнете се на страна. Не се заљубува лесно, затоа многу важно е да оставите добар прв впечаток.


[DOUBLEPOST=1431559584][/DOUBLEPOST]Тибетски хороскоп: Кој е вашиот пат до мудроста?

Секој знак во тибетскиот хороскоп носи одредена мудрост. Дознајте што ви порачува знакот во кој сте родени...



Тибетскиот хороскоп се базира на верување во 12 патишта до мудроста, а секој човек, според својата дата на раѓање има свој пат на мудроста, своја цел и своја карма.


Овен - реинкарнација

Овенот во животниот циклус го означува минатиот живот. Тој е херојски змеј кој се бори против внатрешните демони и надворешните искушенија. Овој знак бега од монотонија и размислувања. На припадниците во овој знак им се препорачуваат социјални активност низ кои ќе можат да се подобрат себеси.

Карма: Треба да се живее во сегашноста, да се согледа својот внатрешен живот, да се медитира, да се пронајде радоста и да се поднесе животот тогаш кога не е розов. Треба да се заборави на неуспесите и да се гледа напред. Само така Овенот ќе го открие тајниот клуч на мирот.


Бик - создавање на дух

Бикот претставува разбирање на мудроста. Создава сигурност, бидејќи има искуство од минатите животи, но создавањето на дух му овозможува да комуницира со внатрешниот живот.

Карма: Акцијата не зависи од работата, туку од психата. Бикот не го мотивира сигурноста, туку сомневањето. Тој го победува конзерватизмот со тоа што ја контролира својата енергија. Само така ја пронаоѓа својата внатрешна сигурност.


Близнаци - психичка и духовна еволуција

Близнаците се социјални, внимателни, љубопитни, интелигентни, знаат добро да лажат, имаат добра меморија, но не чувствуваат потреба за духовен развој, поради што никогаш не го наоѓаат својот мир.

Карма: Припадниците на овој знак се нестабилни и го менуваат своето расположение. Потребна им е медитација и брзо носење на одлуки, за да сфатат дека решението на проблемите е многу поблиску отколку што изгледа.


Рак - раѓањето на човекот

За да се заштити, Ракот држи сѐ во себе, но му треба многу трпение и време за да сфати каде се наоѓа. Премногу верува во надреалното и посакува никогаш да не порасне, бара внимание и верност.

Карма: Посесивен е и секогаш сака да биде во центар на вниманието. Никој не сака да биде во друштвото на Рак кој е премногу авторитативен.


Лав - универзална свест

Лавот ја претставува врската помеѓу свеста и реалноста. Тој учествува во материјалниот свет, го сака успехот и цело време бара начни да се докаже како водич.

Карма: Се чувствува како центар на светот. Ако не управува добро со својата енергија може да претера со егоизмот. Кога тоа ќе се случи, потребно е да се учи од останатите.


Девица - работа и физички свет

Девицата посакува да се врати во детството. Со текот на годините, кај припадниците на овој знак се развива критички дух, кој никогаш не е задоволен.

Карма: Ако сака да созрее духовно, Девицата треба да престане да се занимава со себе и да започне да се грижи за другите.



Вага - чувствителна експанзија

Вагата е во постојана потрага помеѓу материјалното и духот. Таа поседува мирен темперамент, активна е и никогаш не претерува.

Карма: Вагата е нестабилен знак во Зодијакот, бидејќи е премногу чувствителна. Рамнотежата се состои во: Да не дозволи да се затвори во себе, туку да ризикува и да ја вознемири својата внатрешност.


Скорпија - желба за вечен живот

Сака да ужива во земските страсти, но најмногу ја привлекуваат духовните висини. Може лесно да се изгуби во неконтролираните телесни импулси, а помислата на смртта ја застрашува.

Карма: Скорпијата треба да научи да ја штеди својата енергија и да управува со страстите. Негативните Скорпии можат да се уништат самите себе.


Стрелец - етапа на созревање

Сака да поседува материјални добра и ужива во успехот на Земјата. Стрелецот ја претставува победата помеѓу духот и материјата.

Карма: Не треба да се обидува да се дознае сѐ по било која цена. Внатрешниот мир ќе го постигне со смиреност и со штедење на енергијата.


Јарец - познавање на супериорно знаење

Успехот доаѓа од искушението. Јарецот самиот си ја знае целта на својот животен пат, тој работи во тишина и самотија.

Карма: Сака да се наметнува, а за да се развие мора да контактира со луѓето.


Водолија - свест на избор

Кај Водолијата не постои илузија и таа не може да ги затвори очите пред стварноста. Припадниците на овој знак секогаш се свртени кон другите и ја преземаат сета одговорност.

Карма: Има во себе огромно богатство од љубов, а секогаш живее во страв дека сите ќе ја напуштат. Големината на Водлијата ретко кој може да ја разбере.


Риби - враќање на светлината

Рибите ја претставуваат синтезата на повторното раѓање. 12-тиот знак е симбол на смртта, односно Рибите се деца на морето и живеат во океанот, а самата вода го симболизира крајот на физичкото дишење и почеток на нов дух.

Карма: Треба да се препуштите на морето за да стигнете на врвот од бранот. Припадниците на овој знак комплетната емоционална обнова ја добиваат само од љубовта.

 
Последно уредено:
Член од
3 јуни 2015
Мислења
10
Поени од реакции
2
На неколку места имам прочитано дека скорпија и риби си одговараат... Мене не ми иде со риби дефинитивно... Се надевам ти ке имаш повеке срека од мене...:smir:


А сега некој да ми каже скорпија и скорпија си одговараат ли? Или убиствена комбинација е...:pos2:
еве безобразна јас ќе ти кажам си одговраат скорпија со скорпија и се добар спој доколку се најдат :)
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Јарец
Да познавате Јарец е исто што и да го познавате ѓаволот лично. Дури и да ви се слоши и да се срушите на сред улица пред неговите нозе, тој едноставно ќе ве прескокне, нервирајќи се дека сте му го попречиле патот. Парите го движат неговиот свет, па токму затоа и тој е длабоко поврзан со нив. Неговите емоции кон живите суштества се ограничени, па токму затоа и на неговото ледено лице нема да можете да воочувате никакви чувства.


Риби
Со целосно нереални и луди идеи, додека тие пријатно ви се смешкаат за време на разговорот, низ главата на Рибите поминуваат мисли за тоа како би можеле да прават различни видови експерименти со вас. Можеби дури и би замислувале како ви ги вадат очите. Доколку станува збор за лична корист, тие би можеле да лажат до бескрај. Исто така лесно ги откриваат слабите точки на оние околу нив и често играат на картата за сожалување. Всушност тие толку многу се соживуваат со оваа улога на „жртва“ што можно е да си поверуваат и самите себеси. Но, сепак никогаш не забораваат на своите скриени намери. Откако ќе ја остварат својата цел, тие ќе исчезнат од вашиот живот, а вие дури тогаш ќе откриете дека нивниот идентитет бил лажен.

Скорпија
Многумина ја гледаат Скорпијата како зло кое се движи, но вистината е многу поразлична. Таа е исклучително чувствително суштество кое кога вистински љуби, во целост се предава на својот партнер. Вистината е дека Скорпијата знае да биде незгодна, но доколку се водите според нејзините правила и не ја изневерите или повредите, нема никогаш да ја запознаете нејзината темна страна. Од друга страна пак, ако си играте со оган, таа од вашиот живот ќе направи вистински пекол[DOUBLEPOST=1438887984][/DOUBLEPOST]Јарец
Да познавате Јарец е исто што и да го познавате ѓаволот лично. Дури и да ви се слоши и да се срушите на сред улица пред неговите нозе, тој едноставно ќе ве прескокне, нервирајќи се дека сте му го попречиле патот. Парите го движат неговиот свет, па токму затоа и тој е длабоко поврзан со нив. Неговите емоции кон живите суштества се ограничени, па токму затоа и на неговото ледено лице нема да можете да воочувате никакви чувства.


Риби
Со целосно нереални и луди идеи, додека тие пријатно ви се смешкаат за време на разговорот, низ главата на Рибите поминуваат мисли за тоа како би можеле да прават различни видови експерименти со вас. Можеби дури и би замислувале како ви ги вадат очите. Доколку станува збор за лична корист, тие би можеле да лажат до бескрај. Исто така лесно ги откриваат слабите точки на оние околу нив и често играат на картата за сожалување. Всушност тие толку многу се соживуваат со оваа улога на „жртва“ што можно е да си поверуваат и самите себеси. Но, сепак никогаш не забораваат на своите скриени намери. Откако ќе ја остварат својата цел, тие ќе исчезнат од вашиот живот, а вие дури тогаш ќе откриете дека нивниот идентитет бил лажен.

Скорпија
Многумина ја гледаат Скорпијата како зло кое се движи, но вистината е многу поразлична. Таа е исклучително чувствително суштество кое кога вистински љуби, во целост се предава на својот партнер. Вистината е дека Скорпијата знае да биде незгодна, но доколку се водите според нејзините правила и не ја изневерите или повредите, нема никогаш да ја запознаете нејзината темна страна. Од друга страна пак, ако си играте со оган, таа од вашиот живот ќе направи вистински пекол
 
P

Patience

Гостин
Се' е точно за скорпиите, потпишувам со две раце, такви сме си.... Зло до зло :gjavol:
Туку кажете со кој хороскопски знак одговараме најмногу, ептен ме интересира пошто сите мои бивши беа Близнаци у хороскоп.....:cautious:
I'm not doing the same mistakes again :neetaka:
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Јарец
Да познавате Јарец е исто што и да го познавате ѓаволот лично. Дури и да ви се слоши и да се срушите на сред улица пред неговите нозе, тој едноставно ќе ве прескокне, нервирајќи се дека сте му го попречиле патот. Парите го движат неговиот свет, па токму затоа и тој е длабоко поврзан со нив. Неговите емоции кон живите суштества се ограничени, па токму затоа и на неговото ледено лице нема да можете да воочувате никакви чувства.


Риби
Со целосно нереални и луди идеи, додека тие пријатно ви се смешкаат за време на разговорот, низ главата на Рибите поминуваат мисли за тоа како би можеле да прават различни видови експерименти со вас. Можеби дури и би замислувале како ви ги вадат очите. Доколку станува збор за лична корист, тие би можеле да лажат до бескрај. Исто така лесно ги откриваат слабите точки на оние околу нив и често играат на картата за сожалување. Всушност тие толку многу се соживуваат со оваа улога на „жртва“ што можно е да си поверуваат и самите себеси. Но, сепак никогаш не забораваат на своите скриени намери. Откако ќе ја остварат својата цел, тие ќе исчезнат од вашиот живот, а вие дури тогаш ќе откриете дека нивниот идентитет бил лажен.

Скорпија
Многумина ја гледаат Скорпијата како зло кое се движи, но вистината е многу поразлична. Таа е исклучително чувствително суштество кое кога вистински љуби, во целост се предава на својот партнер. Вистината е дека Скорпијата знае да биде незгодна, но доколку се водите според нејзините правила и не ја изневерите или повредите, нема никогаш да ја запознаете нејзината темна страна. Од друга страна пак, ако си играте со оган, таа од вашиот живот ќе направи вистински пекол[DOUBLEPOST=1438887984][/DOUBLEPOST]Јарец
Да познавате Јарец е исто што и да го познавате ѓаволот лично. Дури и да ви се слоши и да се срушите на сред улица пред неговите нозе, тој едноставно ќе ве прескокне, нервирајќи се дека сте му го попречиле патот. Парите го движат неговиот свет, па токму затоа и тој е длабоко поврзан со нив. Неговите емоции кон живите суштества се ограничени, па токму затоа и на неговото ледено лице нема да можете да воочувате никакви чувства.


Риби
Со целосно нереални и луди идеи, додека тие пријатно ви се смешкаат за време на разговорот, низ главата на Рибите поминуваат мисли за тоа како би можеле да прават различни видови експерименти со вас. Можеби дури и би замислувале како ви ги вадат очите. Доколку станува збор за лична корист, тие би можеле да лажат до бескрај. Исто така лесно ги откриваат слабите точки на оние околу нив и често играат на картата за сожалување. Всушност тие толку многу се соживуваат со оваа улога на „жртва“ што можно е да си поверуваат и самите себеси. Но, сепак никогаш не забораваат на своите скриени намери. Откако ќе ја остварат својата цел, тие ќе исчезнат од вашиот живот, а вие дури тогаш ќе откриете дека нивниот идентитет бил лажен.

Скорпија
Многумина ја гледаат Скорпијата како зло кое се движи, но вистината е многу поразлична. Таа е исклучително чувствително суштество кое кога вистински љуби, во целост се предава на својот партнер. Вистината е дека Скорпијата знае да биде незгодна, но доколку се водите според нејзините правила и не ја изневерите или повредите, нема никогаш да ја запознаете нејзината темна страна. Од друга страна пак, ако си играте со оган, таа од вашиот живот ќе направи вистински пекол
Mnogu povrsni gluposti!Kolku da se napiselo nesto.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Mnogu povrsni gluposti!Kolku da se napiselo nesto.
А што си ти во Хороскоп?[DOUBLEPOST=1441296833][/DOUBLEPOST]
Се' е точно за скорпиите, потпишувам со две раце, такви сме си.... Зло до зло :gjavol:
Туку кажете со кој хороскопски знак одговараме најмногу, ептен ме интересира пошто сите мои бивши беа Близнаци у хороскоп.....:cautious:
I'm not doing the same mistakes again :neetaka:
Ако си машка Скорпија тогаш најмногу одговараш со Рак, дефинитивно после тоа Риби следува.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Женско сум.
Тогаш вака нешто најмногу би ти одговарало...

За страсна врска најмногу би ти одговарало: Јарец и рак бидејќи раковите се оние кои сакаат да експериментираат а додека пак кај Јарците се многу страсни и сакаат да бидат задоволени и да задоволат пред се.


За брак најмногу со Стрелец, рак, риби. зошто Стрелец и Риби? Затоа што на Скорпијата и треба знак со кој ќе може да се поврзе духовно, емотивно и пред се да имаат знак кој ќе може да ги поднесе - разбере оние њус појави кои ги има Скорпијата како на пример: љубомората,посесивноста и таинственоста.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Нека си се мислат сега јарците и раковите :sneaky:
Јас би рекол и они нека му ја мислат :D ако дојде до некој си конфликт помеѓу вас тогаш искрено незнам кој би попуштил...
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Какви се хороскопските знаци во врска? Биковите се романтични, а Водолиите импулсивни

Овните се верни, а Рибите таинствени, Бикот често успева да освои со изгледот, но дали успеваат да ги задржат партнерите?



Откријте кој хороскопски знак каков е во љубовта и како да го освоите.

Овен

Овните обично се верни партнери. Тие сами ја преземаат иницијативата и не се срамат да го направат првиот чекор. Точно знаат што сакаат, посебно во кревет. Најчесто преферираат да играат љубовни игри. Не сакаат личности кои лесно им се предаваат и не сакаат премногу романтични настроени партнери. Ја сакаат слободата и можат многу лесно да се одлучат за прекин на врската.


Бик

Биковите се романтични, но сакаат и страсни врски и авантури, па кој ќе се одлучи на врска со нив мора да има и трпение. За сериозни врски се одлучуваат по долго размислување, а кога ќе се одлучат подготвени се максимално да му се посветат на партнерот и да направат сè што е потребно за врската да успее. По природа се љубоморни, но таквите чувства никогаш не ги покажуваат пред партнерот. Кога еднаш ќе се одлучат за прекин на врската, ништо не може да ги предомисли.


Близнаци

По природа се љубопитни, па такви се и во љубовта. Врските ги гледаат како предизвик и подготвени се да се надмудруваат со партнерот и да си играат со него. Ќе ги задржите само ако постојано им нудите нешто ново. Склони се на изневерување и флертувања, а се извлекуваат на шармот. Кога еднаш ќе се одлучат за врска, ќе направат се за својата љубов. Добро се согласуваат со Стрелците.



Рак

Емотивни и чувствителни, Раковите се подготвени на најголеми жртвувања за да ја задржат саканата личност покрај себе, дури и кога таа не се однесува добро со нив и ги исцрпува. Подготвени се на компромиси и големи жртви. Од друга страна пак, сакаат авантури и кратки врски пред да се одлучат за вистинската личност. Најмногу си одговараат со емотивните Риби. Ретко зборуваат за своите врски, а и кога споделуваат нешто тоа е секогаш во позитивна смисла.


Лав

Лавовите обожаваат да освојуваат, но и да бидат освоени. Потребна им е личност која ќе ги тера да се „мачат“, но не сакаат претерувања. Се согласуваат со слободоумните Стрелци и другите Лавови. Она што не дозволуваат во врската е да им биде повредено егото. Тогаш се подготвени за брз прекин на врската, без можност за враќање. Нема да попуштат тоа да го направат драматично и со низа сцени, бидејќи сакаат да бидат во центарот на вниманието.


Девица

Во љубовта девиците се искрени. Често остануваат со скршено срце одошто самите да преземат одлучувачка улога во врската. Девиците бараат верни партнери кои ќе бидат оптимистички настроени и ќе бидат полни со самодоверба иако и самите не се толку самоуверени околу личните способности. Потребна им е интелектуална личност и подготвени се во разумна мера да му простат на партнерот.

Вага

Вагите не сакаат да им се поставуваат ограничувања и не трпат нетолерантност, бидејќи самите се полни со разбирање за партнерот. Кога доаѓа до прекин на врската тие се прилично цивилизирани и тактични иако често ги обвинуваат за неискреност. Подготвени се да му дадат уште една шанса на партнерот, но не сакаат никој да игра со нивното трпение. Поради високите очекувања тие тешко го пронаоѓаат вистинскиот партнер.



Скорпија

Кога еднаш ќе бидат љубовно инспирирани, нив ништо не може да ги спречи се додека не „уништат“ се пред себе. Кога се заљубени тие се прилично хаотични и доживуваат низа емоции истовремено: сомнежи, љубомора, страст, несигурност... Очекуваат потполно верен и посветен партнер, а ако ги изневери подготвени се на одмазда. Физичкиот контакт им е најважен, но можете да ги освоите и со подароци, ласкања и гестови. Им одговараат Раковите и Рибите.


Стрелец

Стрелците подеднакво трагаат по голема љубов, но и по врски исполнети со авантура. Важно им е нешто да се случува. Ретко се заљубуваат, а ако се случи тоа, подготвени се да направат се за партнерот, па и да се жртвуваат на своја штета. Исто толку огнени се и при прекинот на врската. Ако еднаш се одлучат за прекин, ништо не може да ги сопре. Ако партнерот повеќе не им е доволно интригантен и не ги стимулира, многу лесно може да продолжат понатаму. Импулсивно реагираат, ги собираат своите работи и си заминуваат без објаснување.


Јарец

На припадниците на овој хороскопски знак најмногу им прилегаат стабилни врски. Во младоста се незаситни, излегуваат, запознаваат нови луѓе, а кога се подготвени да се смират подготвени да бараат партнер за цел живот. Често наидуваат на Девици и Бикови. Подготвени се целосно да го отворат срцето пред партнерот, но бараат и слобода, бидејќи често сакаат да бидат сами.



Водолија

Водолиите се прилично импулсивни. Лесно влегуваат во врска, а уште полесно знаат и да излезат од неа без било какво објаснување. Не сакаат конфликти, па и кога ја прекинуваат врската се трудат тоа да го направат на најбезболен можен начин. Ако сакате да ги освоите и задржите, потрудете се да им приредувате изненадувања. Потребна им е слобода во врската, а тоа можат да го постигнат со Близнаците и Вагите.


Риби

Рибите се романтични, но и таинствени, па тешко можете да одредите дали се заљубени или не. Сакаат стабилна врска, но се многу пребирливи при изборот на партнерот. Бараат зрели партнери. Во се влегуваат со отворено срце, па не е изненадувачки што прекинот на врската го доживуваат прилично емотивно. За прекин на врска се одлучуваат ако постои нетолеранција кон нивната склоност на сонување и фантазирање, бидејќи нејќат да се спуштат на земја по ниту една цена.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Секој хороскопски знак има свој симбол, а секој симбол има објаснување кое во оваа статија го поврзуваме со вашата личност. Проверете што значи симболот на вашиот знак и што зборува тоа за вас…

Астролози ги користат овие симболи да ги идентификуваат хороскопските знаци, или знак на планетата која поминува во одредено време. Па, што всушност претставува вашиот Хороскопски знак?

ОВЕН

Елемент: Оган
Владејачката Планета: Марс

Симбол: Овен. Знакот ги покажува роговите на овенот – агресивно, авантуристичко и неуморно животно. Енергијата и наметливоста, заедно со останатите енергетични квалитети се секогаш поврзани со овој знак.
Другото толкување на овој знак е тоа дека ги покажува веѓите и носот на човечко лице. Овенот владее со главата, и традиционално се смета за јак знак кој дејствува најпрво, а размислува подоцна.

БИК

Елемент: Земјата

Владејачката планетата: Венера

Симбол: Бик. Халдејците, Античките Египќани и Грците, се поврзани со митологијата на бикот-крал, и многу бик-симболика може да се најде во овие древни култури.

Овој знак означува тркалезно лице и кривули рогови на бикот – прекрасно животно кое е тешко, ако не и невозможно, да се промени; посесивни околу својот простор; опасни кога се разбудени, но може да биде мрзливо, бавно се движи, и е сензуално. Биковите може да бидат многу загрижени со материјална сигурност, и стекнување на богатство – стануваат посесивни за имотот и претпазливи во врска со промените.

БЛИЗНАЦИ

Елемент: Воздухот

Владејачката Планета: Меркур

Симбол: Близнаци. Знакот на близнаци е симболизиран со две исправени ‘Јас”, како римски бројки II. Близнаци е двоен знак, традиционално ги претставуваат сите форми на двојството – како што се светло и темно, позитивно и негативно, тивки и зборлести.

Традиционално, Близнаците се разноврсни и комуникативни но, склони кон брзите промени на расположението и флуктуирачко ниво на енергија. Оние блиски на Близнаците често се чувствуваат како да живеат или работат со најмалку две различни личности.

РАК

Елемент: Вода

Владејачката планета: Месечината

Симбол: Рал. Двата круга со опашки ги претставуваат или градите на жената, или алтернативно, ракот со своите моќни, кривули канџи. Градите симболизираат мајчинството и храна – клучните грижи на ракот, додека симболот рак укажува на паралелен пристап и неверојатна издржливост поврзани со овој знак – и симболичкото суштество. Цврстата школка на ракот ги штити од својата ранлива внатрешност

ЛАВ

Елемент: Оган

Владејачката планета: Сонце

Симбол: Лав. Кривата линија ја претставува гривата на лавот, симболичното животно кое припаѓа на летниот знак. Некои важни карактеристики на лавот горделивоста, потребата за одмор проследено со интензивна активност, љубовта на сетилното задоволство и игривите квалитети. Татнежот на лавот, исто така, може лесно да се замисли кога лутиот Лав ќе се изнервира.

ДЕВИЦА

Елемент: Земјата

Владејачката Планета: Меркур

Симбол: Девица. Девица е единствениот женски лик во Зодијакот, и втор човечки знак. Девојката, или девицата, обично има пченица во своите раце, поврзувајќи ја со антички божици како римската Церес и грчката божица на земјата Деметра.

Свиеното “M” на овој знак ги претставува цревата, дел од телото владеено од Девица, или јајниците, матката и вагината. Девица е традиционално поврзана со здравјето, хигиената, и сите форми на услуги и лекување. Девиците често се најмногу засегнати со диета, и страдаат од проблеми со варењето кога вознемирени или загрижени.

ВАГА

Елемент: Воздухот

Владејачката планетата: Венера

Симбол: Вага. Вага е единствениот Хороскопски знак претставен од апатичен објект, мерење на рамнотежата и хармонијата. Сонцето почнува да патува низ знакот на Вага во есенската рамноденица, крајот на септември, кога денот и ноќта се со еднаква должина.

Вагата се занимава со правда. Угледот Вага за колебање произлегува од желбата да се оцени се, така што тие може да направат совршено избалансирана пресудата.

ШКОРПИЈА

Елемент: Вода

Владејачката планети: Марс и Плутон

Симболи: Шкорпија и орел. “M” како знак со опашка со стрелка се вели дека ги претставуваат скорпија и својот смртоносен убод. Интензивни и задумани, шкорпиите имаат одреден углед за освета и одмазда. Орелот ја претставува повисоката природата на Шкорпија – загрижен за трансформацијата и повторното раѓање преку екстатично сексуална љубов, плус можност да се направи свесна одлука да се крене далеку над зависта, гневот и отровните, деструктивни нагони.

СТРЕЛЕЦ

Елемент: Оган

Владејачката планетата: Јупитер

Симбол: Кентаур (половина човек, половина коњ), со лак и стрела. Митскиот кентаур има горниот дел од телото на човек, а нозете и долниот дел од телото на коњ – секогаш немирни и сакаат да галопираат надвор во потрага по нови хоризонти, исто како и многу луѓе родени под овој знак.

Стрелките ги претставуваат амбициите, соништата и надежите кон некои мистични цели. Стрелецот е често филозофски карактер.

ЈАРЕЦ

Елемент: Земјата

Владејачката планетата: Сатурн

Симбол: Морска коза, митско суштество со горен дел од телото на коза и опашка на риба. “V” се вели дека ја претставуваат главата и роговите на козата, со свитканата на рибата зад себе.

Кога коза се качува кон земјата, тоа носи духовна мудрост на практичните задачи и потреба да гради, симболизирано со земјата. Јарец е амбициозен знак, но со можност (во неговиот највисок израз) да разбере дека едноставно задоволување на индивидуалното его никогаш не е навистина исполнувачко.

ВОДОЛИЈА

Елемент: Воздухот

Владејачката Планети: Сатурн и Уран

Симбол: Водолијата е претставена како човек кој држи голема тегла или ваза, од која излева вода врз земјиштето. Знак е два брановидни, цик-цак линии, што претставуваат вода (исто така староегипетски хиероглиф), или пак електрична енергија поврзана со вториот планетарен владетел на Водолијата, Уран.

Водолија е нестварен, интелектуален знак, кој размислува, зборува и анализира сè. Тие можат да бидат емотивно одвоени, но имаат силни чувства за правдата и човековите права. Водата која се исфрла симболизира комуникација – бескрајно излевање на ментална енергија и оригинални идеи кои често ги симболизираат Водолиите.

РИБИ

Елемент: Вода

Владејачката планети: Јупитер и Нептун

Симбол: Две риби, кои се споени заедно, но пливаат во спротивни насоки. Уште еден двоен знак, како Близнаците, двете риби ја претставување доживотната битка на рибите со нивната природа. Една риба плива кон чувствителните, мистични океани, склона кон саможртвување за доброто на другите, или за некои духовни или политички убедувања. Другата плива кон само-исполнување и остварување на лични цели.

Интуиција на рибите, симболизирана со водите во кои рибите пливаат, е она што го прави возможно тие да ја согледаат целата слика и да создадат рамнотежа со нивната внатрешна борба. Учењето како да веруваат и да ја развијат нивната интуиција е особено важно за овој комплексен, чувствителен знак.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom