Најгледана телевизија во МК?

На која телевизија најчесто гледате вести?

  • 24 Вести

    Гласови: 31 23,1%
  • Алсат - М

    Гласови: 2 1,5%
  • Алфа

    Гласови: 2 1,5%
  • Канал 5

    Гласови: 3 2,2%
  • МТВ 1

    Гласови: 4 3,0%
  • МТВ 2

    Гласови: 1 0,7%
  • Телма

    Гласови: 26 19,4%
  • Сител

    Гласови: 8 6,0%
  • Друга ТВ (наведи во дискусија)

    Гласови: 2 1,5%
  • Интернет

    Гласови: 21 15,7%
  • Воопшто не гледам вести

    Гласови: 34 25,4%

  • Вкупно гласачи
    134
Телевизија не гледам, освен цртани на СN. Присилен сум да гледам телевизија кога врвам време заедно со моите родители. Е тогаш се гледа Анал5 или Телма.
 
Вести најчесто гледам на Канал 5. Но доколку фатам и на други канали, ако има нешто интересно и тоа се гледа.
 
Во моментов мислам дека најгледана телевизија е Канал 5. Некако се издигна брзо над другите телевизии. Вестите им се супер, од сериите само една им е добра, имаат интересен квиз и најважното од се даваат Ѕвезде Гранда/Ѕвездите на Гранд. Вести не гледам нешто често, но ако гледам ги гледам на Канал 5.
:)
Се надевам дека се заебаваш :))
 
Обично не гледам телевизија, ама кога гледам - тоа е 24 вести.
Бај д веј, како можеш во анкета за гледаност на телевизии да ставиш опција „Интернет“? :)
Целта е да се види од каде најмногу се информираат форумџиите. Доколку некој не гледа тв, а гледа вести(на интернет), наместо да ја избере опцијата "Воопшто не гледам вести" или "Друга", може да избере "Интернет". :)
Ја ставил анкетата анонимна да може на раат да си гласа за Алфа :cool:
Сител! :love:
 
Се е тоа во ред, но насловот на темата не соодвестува со насловот на анкетата, а изборот на опциите во анкетата не соодвестуваат со насловот на темата и прашањето во анкетата :)
 
Тоа ти се тие спинови Acid
 
На нашиве телевизии не е ништо за гледање. Вестите на Сител, Петка, Алфа, Прва се далеку поразлични од оние на Телма и на 24 (сите знаеме која е причината ;) ). Првите прикажуваат ко да живееме во земја каде што тече мед и млеко a пак овие другите како да живееме некаде каде што луѓето умираат од глад. А ситуацијата во МК не е ни како што ја прикажва Сител ни па како Телма. Е поради овие причини не пратам вести на ТВ.
 
На нашиве телевизии не е ништо за гледање. Вестите на Сител, Петка, Алфа, Прва се далеку поразлични од оние на Телма и на 24 (сите знаеме која е причината ;) ). Првите прикажуваат ко да живееме во земја каде што тече мед и млеко a пак овие другите како да живееме некаде каде што луѓето умираат од глад. А ситуацијата во МК не е ни како што ја прикажва Сител ни па како Телма. Е поради овие причини не пратам вести на ТВ.
Па точно не умираат луѓето само од глад, умираат и од секојдневни автомобилски несреќи, ненавремена медицинска помош, атентати еве сега најново и гостиве од што ни се на посета дојдени од Сирија, Авганистан итн умираат по пруги.

Се согласувам со тебе Сител и компанија велат тече мед и млеко, овие од Телма и 24 се умерени ни фалат некои кои реално ќе прикажат колку е страшна ситуацијата во Македонија и по кој пат сме тргнале.
 
Скоро и да не гледам телевизија.
Единствен контакт со телевизорот ми е гледање на филмови.

Исклучоци од ова
- ЛШ на МТВ ако не направат некоја глупост со изборот
- Формула1 на МТВ
- 24Вести/Телма - кога има некоја гомнарија во земјава

Се друго прескокнувам
 
Најчесто на 24 Вести...Телевизија која не толкува туку информира објективно, пренесува и известува...Алтернатива ми се Телма и Алсат-М...Овие 3 телевизии покрај информативната имаат и добри дебатни емисии. За Канал 5 и куртон - вестите на Латас на Шител можам само да кажам дека се мизерија невидена...:D
 
Вести гледам на било која телевизија зависно каде ќе начекам вести. Но не гледам редовно вести.

За филмови и серии тука е HBO или Popcorn time на интернет.
Емисии најчесто гледам по балканскиве телевизии ако начекам некоја добра и интересна.
 
Спред мене, што се однесува до информативниот програм, тука ненадминлива е 24 Вести, каков Сител, каква Алфа за Канал 5 пак да не пишувам. Е што се однесува до играниот програм тука се овие што ги наведов погоре со тие нивни индиско-турко-бугарски серии. Секоја чест на Алфа и Канал 5 што почнаа да емитуваат квизови тоа барем да се релаксираш попладнечки али вестите им се катастрофа. Колку сум се смеел пред некое време кога на МРТ видов на вести сосема случајно наслов "Македонија најдобра во светот по економски раст". Алоо на која планета живеат тие? Додуша добро се знае чија телевизија е МРТ и какви се измислици може да се слушнат таму само за да се докаже "добрата работа на премиерот".
 
Од македонски канали гледам Телма, и навечер понекогаш Сител 3 кога даваат по некое филмче.
 
Едно е што гледаат пар луѓе на форум, друго е што гледа масата во Македонија. А тоа се Сител и Канал 5.
 
Едно е што гледаат пар луѓе на форум, друго е што гледа масата во Македонија. А тоа се Сител и Канал 5.
Не трескај зелени што не зреат ни во Африка.
Кој неисперен мозок ти гледа во денешно време Шител и Анал 5 те молам просветли ме?
Добро, сега ако ти сметаш дека „масата“ во Македонија се сите со исперен мозок тогаш добро, тој е твое мислење.
Моето мислење е дека има и граѓани што сакаат искрено да слушнат што точно се случува во државата која живеат, секако дека Шител и Анал тоа не го овозможуваат со нејзините розеви очила, туку Телма и 24 Вести.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom