Економски факултет (reloaded)

  • Креатор на темата Креатор на темата The Mummy
  • Време на започнување Време на започнување
Некој на Мастер- МБА Менаџмент да сподели искуство?
 
Менаџмент за 1 бод не го положив утре има увид...што мислите како е Шуклев има можност да ме пушти ? ( иам испит во истиот период коа е увидот па се мислам дали да идам на увид ако има шанса да ме пушти )
 
Последно уредено:
Ај кажете збор-два за Стратегиски менаџмент,Менаџмент информациони системи и Демографија...Маркетинг си презапишав(очекувано :D )
 
Ај кажете збор-два за Стратегиски менаџмент,Менаџмент информациони системи и Демографија...Маркетинг си презапишав(очекувано :D )
Стратегиски менаџмент ти е на набројуванки ама многу е лесен. Очигледни се одговорите. За брзо време ќе го спремаш.
Демографија е најлесен предмет на факултетот ама на професорот му е чудна скалата на оценување. Инаку за овој предмет само еден ден учење ќе ти донесе прелаз.

Менаџмент на информациони системи ако е тој кај Сашо, специфичен е малку. Си бара спремање.
 
Ај кажете збор-два за Стратегиски менаџмент,Менаџмент информациони системи и Демографија...Маркетинг си презапишав(очекувано :D )
Стратегиски обавезно, прелесен е. Истото важи и за Демографија. МИС не, знам многу тежок викаа студенти од Менаџмент смерот.
 
Дали стратегиски е потребно да се прави проект или може и така да се добие висока оценка?

Опшествено богатство и национални сметки и аграрна политика дали ги препорачувате за изборни? Какви се колоквиумите и колкав е материјалот?

Може да ми препорачате и други изборни освен деловна етика и демографија. :D
 
За изборен дали го препорачувате сметководство на јавен сектор кај зоран миновски? Или ако имате предлог за некој полесен освен демографија, англиски тие секако ќе ги земам па уше еден ќе ми фали. Инаку 4та сум
 
Стратегиски бара присуство за потпис/плус поени? :)
Не бара присуство.

Дали стратегиски е потребно да се прави проект или може и така да се добие висока оценка?
Проектот е задолжителен, а и со него се добива поголема оценка колку што се сеќавам.

За изборен дали го препорачувате сметководство на јавен сектор кај зоран миновски? Или ако имате предлог за некој полесен освен демографија, англиски тие секако ќе ги земам па уше еден ќе ми фали. Инаку 4та сум
- Управување со производ
- Управување со резултати
- Управување со ризик
- Трговско право

Овие спаѓаат во полесните.
 
Менаџмент за 1 бод не го положив утре има увид...што мислите како е Шуклев има можност да ме пушти ? ( иам испит во истиот период коа е увидот па се мислам дали да идам на увид ако има шанса да ме пушти )

Ако имаш време да стигнеш на увид после испитот, оди и прашај го. За еден поен е, може ќе те пушти, секако ништо не губиш.
 
Продавам:

Трговско право (учебник,скрипти,прашања)
Меѓународни Организации и интеграции (учебник, скрипти, прашања + пример презентација за плус поени)
Методи на продажба (учебник оригинал + пример презентација за плус поени + скрипти)
Демографија (учебник+скрипти)


* Сите предмети се положени со високи оценки од скриптите, во книгите е подвлечено тоа што е најважно да се учи, за цени пишете во инбокс
 
Менаџмент информациони системи (МИС) ми е првиот предмет што го презапишувам. Бара континуирано учење, бидејќи се работи за предмет со ОТВОРЕНИ прашања. На тест се паѓаат прашањата што се на крајот од секоја глава, ама одговорите се енормно големи и треба да ги склопуваш да ги кратиш за да ти дојдат околу 3-4 реченици. Има вкупно околу 120 прашања за учење од кои 35 се паѓаат на тест, а со околу 22 се положува.
Што се однесува до стратегиски и демографија, првиот е многу лесен, со набројуванки е и тоа ги дава најбитните со не повеќе од 6 поделби, имаше и пар дефиниции за точно/неточно. Со 3 дена спремање за двата колоквиуми извадив 8ца. Демографија се спрема за еден ден, формулите нека не те плашат зошто се прелогични.
 
Не бара присуство.


Проектот е задолжителен, а и со него се добива поголема оценка колку што се сеќавам.


- Управување со производ
- Управување со резултати
- Управување со ризик
- Трговско право

Овие спаѓаат во полесните.
Некој збор повеќе за управување со производ ако сакаш да ми кажеш? Дали треба редовност, проекти, како се полагањата?
 
Семестаров ми се задолжителни ЕЕИ и Надворешна трговија. Ќе го земам Аграрна за изборен, ми треба совет за уште еден...Деловна Етика или Стратегиски менаџмент?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom