Ернанес не се погоди во Интер, да не изигра како што играше во Лацио ама па последните 10 утакмици од прошла сезона и на припремиве мислам најдобар беше после Кова, плус имавме во тим играч што знае да шутира слободни, да даде добар пас со двете нозе. Искрено криво ми е за него.
Друго, оваа сезона двете утакмици ги добивме во последните моменти од натпреварите, така неможе нон стоп да се дешава, валда ќе се поправи играта во напад со Перишиќ и Икарди кога ќе дојде, Паласио мора да се зациментира на клупа, и да влезе во добра шанса или ќе падне или ќе промаши, од клупа е доста користен дека уште ја има брзината.
Одбраната е ок, со тоа што Карпи имаа повеќе шанси од Аталанта, да имаа некој искусен ќе не искинеа, Ханда спаси 1-2 добри шанси, а примивме ептен глуп гол од нив.
И на крај од прошла сезона составот и сега, повеќе од 5-6 првотимци сменивме, од скоро цела одбрана, до цел напад.
Ајде нека дојде Љајиќ и некој од клупа како замена за Икарди, Едер нема да дојде, Сампдорија си набива цена, од 10 на 13, па на 15 милиони, а имаше некаде дека ако го продавал сега тој играч во последен ден од трансфер период ќе го продадел само за 20 милиони евра.