- Член од
- 16 декември 2013
- Мислења
- 1.856
- Поени од реакции
- 1.202
Зошто не западно-римски или протестант, исто така објасни зошто уште од младини го отфрлил.Во потрагата отишол и во Индија(тогаш уште не биле модерни јога, источните филозофии..), ама ништо од се што пробал духовно само краткотрајна наслда .Од она што на прескок го забележав на почетокот е дека човеков бил историчар, потоа прочитал некаква книга и станал убеден православен (не католички како што би се очекувало во Франција) христијанин.
Патот му кон православието бил постепен,прочитал(и не само) многу повеќе од една книга. Моментот за ти кој што си пишал не е ’’прочитал просото една книга’’, а го прочитал - Очерк в'рху мистическото богословие на Източната ц'рква од Владимир Лоски.
Како што пишав он е французин,кога разсудува за таа тема тоталлризмот(папизмот) ја има предвид западно-римската црква. Папизмот е не типичен за православието, хиерархијата е од друг карактер иако преовладува мислењето дека вселенскиот патриарх е ’’духовен водич на православните’’, тој е primus inter pares(прв меѓу еднаквите).Во секој случај интересен е неговиот став дека кога христијанството од вера преминало во идеологија со желба да биде тоталитарна идеологија почнало да ги разочарува луѓето. Вреди да се размисли за ова.
Мој пропуст што не го постирав целиот текст, таму точно стои за генерализирањето:Инаку, пак ќе речам дека не ми се допаѓа што непотребно ги генерализира и радикализира работите. Генерализирањето се гледа во тоа што луѓето ги дели на теисти и атеисти. А фактичката вистина е дека и теистите и атеистите се многу мал процент од луѓето. За да бидеш теист или атеист треба време и желба да се истражува и да се размислува за духовните работи. На најголемиот број верници им е сосема доволно да ја одржуваат традицијата и тоа е се. Оние што почнуваат да се сомневаат во таа традиција би биле атеисти.
А зошто не ми се допаѓа радикализирањето и исклучивоста веќе реков и не добив коментар од тебе зашто веројатно не се согласуваш со тоа.
Сеедно. Секој што не прави ништо лошо има право да верува во се она што му се гледа како добро и логично.
’’Мораме да бидеме внимателни, кога зборуваме за атеизам, бидејќи е можно оној кого гледаме како атеист, всушност да не е таков. Некој може да живее многу различно од начинот на кој живееме ние, но тоа не може да се прифати приори за безбожност. Постојат теоретски, има и практични атеисти, а можеме да тврдиме дека постои и религиозна безбожност. Кон последното се вбројуваат оние луѓе чиј црковен живот е површен, тие не се здобиваат со лично чувство за Божјата благодат, лично познание за Бога. Фарисеите живееле во еден таков своевиден атеизам. Тие го предава законот, но игнорираа Законодавецот. И не само го игнорираа, а и Го распнаа на крстот. Затоа е тешко да се постави јасна линија на поделба помеѓу верата и неверување. Може некој да изгледа верник, а неговиот живот да заврши во полн атеизам и недостатокот на автентично духовно искуство, а друг однадвор да изгледа безбожен, но да е на прагот да ја најде вистинската вера.’’
Всушност еве линк од текстот во целост
http://www.pravoslavie.bg/Човек/етапите-на-атеизма/
Сметам дека точно со воведниот текст сака точно тоа што и тебе ти направило неприатен впечаток да го објасни безмислието од генерализирањето(со кое исто така сум согласнен). Со останатиот дел тој ја прави таа класификација на за да ги тура во еден кош или да ги дразни, а да ја објасни причината за таа нетрпеливост/бунтовност/омаловажение.. на атеистите кон верата.
Последно уредено: