Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Е тука се повеќето грешка. Француската лига е многу физичка лига, дури во последно време и пофизичка од англиската.А колкава е можноста некој копач во Англија да го осакати ??
Јас мислам дека дури и ништо да не се купи, Манчестер може добро да игра оваа година. Потребни се неколку ротации во тимот. Џонс ако е здрав ќе го замени Блинд. Пред сезона две Џонс беше прв наследник за Видич, а Смолинг беше на граница да биде набркан. Не може Џонс преку ноќ да заборавил да игра фудбал. Проблемот е што психото сака да има баланс во тимот, па морал едниот стопер да игра со лева нога. Несаглам човек, тоа ти е.
Мата треба да оди на клупа, Јанг треба да игра прва постава. Мата глуми крило, Јанг е крило. Ако има продорни крила, и дебелото ќе се разигра. Јас имам верба во Руни. Ерера треба да има континуитет, да не се шета надвор внатре од тимот, туку да игра каде што играше вчера. Шнајдерлин е класа, Швајни ќе брка работа. Бековите се одлични, очекувам ова да биде сезона на Шо.
Е голманот, не знам што да речам. Ромеро е одличен на удари од дистанца и полудистанца, многу слаб на кинење зицери. Она вчера на бториот гол беше очајна реакција.
Инаку, целата сезона најмногу ќе зависи од играта на Мемфис. Доведен е како големо засилување, играта е поставена да се врти околу него, ако игра како вчера ужас ќе биде сезонава.
Кај ни фалат играчи, па и постоечките уште ги праќаат на позајмици
Сериозно за Маршал, како што кажа Ставро, дали некој воопшто го има гледано од тука па да коментираме дали е добар или јок, дали вредел за парите или не? Јас како што читам го ставаат во топ 3 таленти заедно со оние што ги наброи Игор, Фекир и Лаказете. Последнава сезона ја играл крило за Монако а инаку е напаѓач и толку. Не викам дека вреди или ќе блесне ама не знае човек што да очекува.