Се согласувам делумно со тоа што го кажуваш ама не можеш целата религија да ја окарактеризираш како зла.
И во христијанството има слични глупости, поготово стариот завет. Има делови кај што кажува ако некој легне со маж онака како што легнува со жена ќе биде погубен, ако ќерка ти не е послушна имаш право да ја продадеш во робство итн...(не цитирам од Бибилјата ама така нешто беше).
Поентата е што 99% од христијаните имаат common sense да не го прават тоа. Што значи дека проблемот е во фундаментализмот не до самата религија.
Христијаните го прифаќаат новиот завет како соодветен водич за тоа што е морално, а што не. Стариот во форма на законите кои ги добива Мојсеј им е нерелевантен заедно со обрежание, нејадење свињи и тристо други правила. Тие што не го прифаќаат само Новиот Завет или не веруваат у све што пишуе у Новиот Завет, не се по дефиниција вистински христијани исто како што по дефиниција, еманципирани муслимани, не се вистински муслимани.
Самиот Куран ко света книга, промовира фундаментализам. И кажуе дека ако не го прифатиш таков каков што е, буквално, не си прав муслиман.
Така да проблемот е у самиот ислам како доктрина. Ако утре сите консензуално се согласат дека тоа не е ислам, дека ислам е да веруеш у розеви слонови со крилца, ондак ќе се смени и дефиницијата на тоа што е ислам и дали е фундаментален или не.