^ и нема wc во соба.
Јас сум седел во три различни студентски дома, еве ги моите впечатоци.
Стив Наумов, ти е дива лига. Претежно седат студенти од земјоделски, пмф, економски, поради самата локација. По четворица во соба (1 и 2 зграда).Иако беше реновирано во скоро време (2 зграда), нашата соба беше катастрофално искршена.
Тогаш отворија и читална во втора зграда во кои сите ги оставаа книгите/тетратките во текот на целиот ден со цел да го зафатат местото и одеа да учат само навечер, а јас бев тој што учеше сам во читалната по сабајле и што им ги расфрлуваше книгите насекаде т.е ги учев на ред
![Кул :cool: :cool:](/styles/default/xenforo/smilies/cool.png)
. После два месеца од отварањето немаше повеќе од 10 стола во читалната бидејќи сите си ги прибраа во собите.
Кујната беше речиси празна со исклучок во 5ч кога сите чекаа стекови. Некогаш се чекаше и до 40 минути за ред, умрев за јадење во Стив.
Месечно-станарина : 3195
Пелагонија ти е поцивилизирано место од аспект на луѓе, четворица во соба, со вц. Претежно седат студенти од приватните факултети (европски, фон). Бонската продавница секој ден ја полнеа со чајни, кашкавали, благо, сокови, енергетски итн, така да боновите навистина имаа вредност и за прв пат се чувствував прекрасно да сум студент. Пелагонија е студентски со РЕД. После 1 часот забрането е забави (музика) во собите. Имате гоолема читална + тепих што е најважно за да не ти го одвлечат вниманието тропајќи по еба*ниот пархет кои речиси се распаѓа. Доколку студирате на техничките не би ви го препорачал поради проблеми со превозот (само јсп 24ка), премногу гужви. Во глобала, најдобро опремениот студенски дом.
Месечно-станарина: 3695
Гоце Делчев, имаш мир кога е во прашање учење, бидејќи сте 2ца во соба. А и Б блок се без вц во соба, В и Г се со вц. Најчесто седат студенти од техничките факултети, поради местоположбата. Храната воопшто не ми се свиѓаше, најчесто правевме храна со цимерот во соба. Проблем има со слабото затоплување во зимно време и најчесто студентите носат глеалици и слични ствари. Во Гоце понекогаш ќе имате прилика да видите и подводен свет, вклучуваќи алги, мов и слични ствари, а исто ќе заборавев, во Гоце ќе научите да бидете струјари, водоинсталатори и бравари пред се
![Палец горе (y) (y)](/styles/default/xenforo/smilies/thumbsup.png)
.
Месечно-станарина: 3445