Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Леле немојте веднаш со апокалиптични сценарија :eek:
@aleksandar09 пред се, дали брат ти често престојува во климатизирани простории? Доколку е така, постои голема веројатност да е сува слузницата на носот и поради тоа да крвари често. Нека земе некои капки за навлажнување на слузницата, како Aqua Maris или некои слични и нека проба со тоа.
За било што понатаму, ако се тие крварења чести и обилни, најдобро е пред било што друго и, секако, поскоро, да оди на ушен доктор кој ќе провери случајно да не е тенка слузницата или да не се чувствителни крвните садови па од тоа да се предизвикани крварењата. Моја препорака е Др. Цекиќ, ако некој има друг предлог слободно надоврзете се.
 
И јас милсам прво на ОРЛ да отиде еве како што вика @AlternativeF ако сте од Скопје Др. Цекиќ е добар доктор барем од тоа што го фалат. Исто може и Др. Мери што е кај Веро тафталиџе приватни се и двајцата али навистина ги фалат.
 
Веќе неколку месеци имам болки во левото колено. Не е од промена на клима, туку од движење. Ми спомнаа некои кортикостероидни инекции, ама тие не биле трајно решение. Дали некој е кросител Флостерон и Креспин инекции?
 
Прво треба да се види од што те боли. Најдобро да отидеш на матичен доктор и ќе ти ја каже целата процедура (преглед, снимка, има и некои лабораториски анализи што некогаш ако е потребно се прават) па на крај следи терапија. Инаку овие инекции ги даваат специјалисти а не матичен доктор.
 
Леле немојте веднаш со апокалиптични сценарија :eek:
@aleksandar09 пред се, дали брат ти често престојува во климатизирани простории? Доколку е така, постои голема веројатност да е сува слузницата на носот и поради тоа да крвари често. Нека земе некои капки за навлажнување на слузницата, како Aqua Maris или некои слични и нека проба со тоа.
За било што понатаму, ако се тие крварења чести и обилни, најдобро е пред било што друго и, секако, поскоро, да оди на ушен доктор кој ќе провери случајно да не е тенка слузницата или да не се чувствителни крвните садови па од тоа да се предизвикани крварењата. Моја препорака е Др. Цекиќ, ако некој има друг предлог слободно надоврзете се.
да, престојува у соба со клима шо работе скоро цел ден сеа преку летото. Фала многу

Sent from my 6036Y using Tapatalk
 
Некој да ми даде информација дали правел брис на кндида од грло, каде и колку чини.
 
здраво , имам еден проблем веќе неколку дена има болка во колкот , пред 5 дена кога лежев ме заболе ногата те. колкот секундарна болка беше и после 15 минути почнав да чувствувам тапа болка во колкот и од тогаш па се до сега секој ден по три пати и трае 1 сат таа болка , не е некоја многу голема болка алине тапа болка и ме нервир , ме заболува на сабаље кај 8 сато после во 2 и вечерта кај 10 сатот секој ден истото , од што е, и како да си помогнам , ?
 
ќе се одвлечкаш до лекар и ќе си го решиш проблемот
 
може некој да ми каже дали може да прекинам со амоксиклав 1000 (3 дена со овој денес како пијам) и да свртам на алкохол?
не газиран алкхол како пиво туку виски?
 
Не прекинувај зошто ќе го прекинеш и дејството кое сега започнува. Најдобро би било испија таблетата и после 2 саати напиј се алкохол ама не претерувај чаша до две. Нема да пречи само малку дејството ќе се намали. Сепак побитен ти е антибиотикот од вискито. Но во секој случај советувај се со својот доктор.
 
При дефицит на железо (3.3) и анемија, кој препарат е најдобро да се зема за да нема дигестивни проблеми? инекции, таблети, сируп (само не ампули ко тотема)? колкава е ефикасноста од таблетите и сирупот споредбено? имам пробано некои ама ме интересираат мислења..:)
 
Мислам дека големи се шансите да ти створат дигестивни проблеми и таблетите. Сируп немам пробано, ама таблети и ампули еден куп и ништо не помага.
И мене ми е толкаво железото и единствено нешто што ми го поткачи (ама за кратко) беше мед со тан и семе од коприва. Престанав со хемија :D
 
фероглобин сируп имам пиено, ама ми е тежок за летоска посебно, појма немам зашто. инекциите се брзо и ефикасно решение, ама многу болат потоа и остануваат траги на кожата, мораш многу облоги да ставаш...таблетите како реферум и ферсан форте многу малку покачуваат
ако некој има пробано флорадикс сируп или нешто друго ефикасно што не прави тегоби нека каже :)
 
При дефицит на железо (3.3) и анемија, кој препарат е најдобро да се зема за да нема дигестивни проблеми? инекции, таблети, сируп (само не ампули ко тотема)? колкава е ефикасноста од таблетите и сирупот споредбено? имам пробано некои ама ме интересираат мислења..:)

Пробај со ФЕРОГЛОБИН ТАБЛЕТИ, заедно со ОХБ 12 ампули (интрамускулно се даваат) и фолна киселина. Но за фероглобинот да знаеш дека треба мин. 3 месеци да го пиеш. НО ЗА СЕТО ОВА ОБАВЕЗНО КОНСуЛТАЦИЈА СО ДОКТОР ПРЕТХОДНО И ОБАВЕЗНИ КОНТРОЛИ.
 
фероглобин сируп имам пиено, ама ми е тежок за летоска посебно, појма немам зашто. инекциите се брзо и ефикасно решение, ама многу болат потоа и остануваат траги на кожата, мораш многу облоги да ставаш...таблетите како реферум и ферсан форте многу малку покачуваат
ако некој има пробано флорадикс сируп или нешто друго ефикасно што не прави тегоби нека каже :)
Било кој железен препарат да го земаш орално ќе го им истиот ефект, бидејќи резорпцијата на железо преку гастроинтестиналниот тракт оди доста бавно, така што минимум три месеца се потреби да се корегира една железодефицитна анемија и притоа да се пополнат резервите на железо.
Интравенозна апликација на железо не би препорачал бидејќи ги дразни периферните вени и прави често тромбофлебити. Трет и најбрз начин е да примиш трансфузија и со неа да примиш железо кое го има во хемоглобинот, но и овој метод не е баш идеален и крие свои ризици.

Б12 и фолиева киселина не ти требаат, бидејќи се потребни години да не внесуваш од овие два витамина додека да се развие анемија и доколку се појави нема да биде причината поради недостаток во исхраната на Б12 и фолиева киселина туку поради недоволна резорпција на истите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom