Шкорпион
Corvus oculum corvi non eruit?
Паа, се мислам дали да пишувам на македонски после се‘...Мислам дека тоа што би го напишал би вредело да биде на англиски, зашто би имало шанса да допре до повеќе луѓе... Времето ќе каже. Се уште сум во преговори со себеси. Кај нас уметноста не е ценета, напротив, исмевана. Писателите се прогласени за филозофи. Ако пишуваш, многу филозофираш. Ако објавиш еден посалам статус на фејсбук, пак филозофираш. Толку свеста работи во Мк.![]()
Ако сметаш дека имаш што да кажеш, слободно пишувај. Дали преку чисто "филозофирање" или преку фиктивни ликови не е важно. Англиски е добра алтернатива ако аспирираш да заработиш некој денар од тоа што го пишуваш, пошто тука малку тешко, помал народ, помал пазар. Бенефитот е дека 1000% повеќе изложеност ќе имаш со англискиот. Имаш за релативно ефтини цени англиски лектори кои можат да ти помогнат да го средиш тоа што го пишуваш до профи ниво, како да си роден во англиско говорно подрачје. Но таа инвестиција ќе ти вреди многу на долг план. Како и инвестирање во добра корица. Верувај, подолго време сум запознаен со светов на само-издавање, свашта искача, нема да веруваш какви се "дела" има, а башка па што заработуваат добра пара. Ако они можат, можеш и ти. Размисли си само добро околу целата ситуација, затоа што да станеш само-издаден автор бара одлучност и посветеност, инаку не пркнува кариера. Доколку одлучиш со зелено светло, пиши пп.