- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.364
- Поени од реакции
- 84.593
На пловило со кое мигранти тргнале од северот на Африка кон Италија, дојде до караница на верска основа.
![](http://www.kurir.mk/images/stories/2015/08/25/begalcimus.jpg)
По караница на верска основа на брод, муслимански бегалци фрлиле 12 бегалци со католичка вероисповед во море.
Италијанската полиција во Палермо уапси 15 мигранти, осомничени дека фрлиле и на тој начин убиле христијански бегалци. Меѓу 15-те уапсени бегалци се наоѓа и еден малолетник.
На пловилото со кое мигрантите од северна Африка пловеле кон Италија, дојде до караница на верска основа и муслиманите, државјани на Сенегал, Мали и Брегот на Слоновата коска, фрлиле во море други лица.
Италијанскиот министер за правда, Андреа Орландо, реши да ги уапси бидејќи немилиот инцидент се случил во меѓународни води.
- Тоа е страшно. Ако се потврди дека е точно тоа дека во теснецот покрај Сицилија е направено злосторство поради верски причини, тоа фрла ново светло на доаѓањето на мигрантите, вели Франческо Ло Вои, главен обвинител на Палермо.