Nokia никогаш не пропадна, баш напротив, тие сеуште се светски бренд. Така и ќе остане.
Тие имаат извонредни телефонски уреди со убедливо најдобри камери, перфектна градба и структура на уредите.
85% од луѓето „какаат“ дека не чинеле поради тоа што имаат оперативен систем Windows, а не Android.
80% од тие што „какаат“ се деца кои сакаат телефонот да им биде играчка, а 5% се тие што се навикнати на Аndroid и IOS, па не сакаат да користат Windows затоа што го сметаат за ограничен.
Инаку, се враќаат во праисторијата затоа што луѓето се презадоволни од тој модел на телефон (исто како и јас), и знаат дека ќе им „летне“ како алва доколку го пуштат пак во продажба.
Сите знаеме дека тој телефон вреди премногу и дека може да не служи со години.
Извонредна батерија, невидена издржливост, цврста градба, прекрасен квалитет.
Сето тоа е докажано, не само кај мене, туку и кај голем дел од луѓето што го користеле тој модел на Nokia. Од таму произлегува и тој интерес за да се купи повторно уредот.
Можеби нема да го користиме како прв телефон, ама како втор, сигурно би сакал да го имам.
Поготово кога доаѓа за цена од 6 евра, што е ништо во споредба со таа цена што беше пред 15 години.
Нема екран во боја. За телефон што нема екран во боја, 900mah е повеќе од доволно. Башка збориме за уред од 90тите. Тоа е 20 години уназад
За грамажата, Nokia 3310 беше околу 130g, исто како и Galaxy s4 отприлика...
Galaxy s4 има 1000 сензори, 2 камери, 10 пати поголем дисплеј од Nokia и 300 тракатанци а тежи околу 130g.
Nokia имаше змија да играш и звучник за да ѕвони. Се останато беше цврст материјал и цврста градба.
Не можам да гледам така ограничено затоа што новата технологија гледа да ја приспособи и тежината, да има флексибилност, квалитетен лесен материјал итн. , ама никој не може да ме убеди дека било кој модерен смартфон има цврстина како 3310 кога го држиш во рака. Да фатиме да пуштиме iPhone od 3 метри висина и 3310 од истата висина и да видиме кој прв ќе настрада