Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Па мораше да стаи играч наместо Лихт пошто беше изгубен и уморен. Ама дека нема десен бек резерва асален па мораше амебава Исла да ја стаи гроб да му ебам...
 
Погба трчаше назад ко луд кога овие ни правеа контри а Бонучи се влечеше враќајќи се, али ајде, слабо одиграл.
 
И да Деви спомени уште еднаш дека Пирло не ни фали ич и дека лани бил катастрофа. Кажи уште еднаш за кога ќе имаме слободен удар и секогаш кога ќе имаме корнер или прекин да ми одѕвонува во главата и да си правам филмови како ќе беше со Пирло во тимот. Исто и секогаш кога Погба ќе даде долга топка во гол аут на 7373 ред на трибините или некој бисер од средината кога ќе се обиде да ми изиграва маестро се некои маалски финти.
Можевме и Џио да го чуваме и само за слободни да го клаваме, прај филмој и за него.
 
Поразов треба да биде шамар за сите. Од играчи, тренер и сите што се поврзани со клубот.

Натпреваров го изиграа како да играат пријателски натпревар, поточно, го играа како да во секој момент можат да му стават гол на Удинезе, ептен ги потценија, и им се врати. Убаво е човек да има самодоверба и се останато, ама треба да се разбудат дека не може да се победуваат така натпреварите, малце притисок, гол и толку. Вака мала грешка кон крајот на натпреварот може да значи многу.

Резултатот толку не е битен колку тоа што мора под ИТНО да го променат пристапот.
 
Исла бре, Исла... Исла.... ИСЛА, Исла, ИСЛА, Маурицио ИСЛА, ИСИЛ да го земат да бог да
 
Па и Дел Пиеро и се останато. Ако се крстиме во прекин за гол тогаш пиши пропало.
 
Имав чувство како да чекаа играчиве да се појави Тевез од никаде и да ја реши :place:
 
Јувентус 21 шут
Удинезе 5 шута

Шанси имавме, ама ептен ги потценивме Удинезе... а и овие не беа нешто послаби, посебно со Мурињо формацијата со 12 играчи во одбрана.

Сега со Рома следниот натпревар мора да се покажат во најдобро светло... ако сакаат нека изгубат пак, ама мора да се покажат во најдобро светло, а не како денес ко на одмор да беа излезени
 
Јес да средината ни е ослабена али не беше проблем тоа,овие со 10 души се бранеа на половина,ни фали некој како Тевез обично он ги решаваше на вакви утакмици,реализацијата беше слаба.
 
Јес да средината ни е ослабена али не беше проблем тоа,овие со 10 души се бранеа на половина,ни фали некој како Тевез обично он ги решаваше на вакви утакмици,реализацијата беше слаба.
Требаше Дибала да игра од прва и то е то, Маркизио фалеше пред одбраната. Лихт со Евра цело второ ги снема. Погба стандарт до 60та играше после почна со дриблинзи, проба преѓе голманот да го дрибла да пробва а чист гол моежеше да постигни. Разликата е тоа што на другите кога го немаше ќе напраеше некој потег или шут и ќе се изваеше денес ептен лошо.

Другата недела со 4-3-1-2 ќе биди поинаку :) Ова им е лекција само и уште едно предупредување до Марота за треквартиста.
 
Па и Дел Пиеро и се останато. Ако се крстиме во прекин за гол тогаш пиши пропало.
Нормално дека не може да се чека само на голови од прекин, но головите од прекин т.е. од слободен удар се од круцијално значење кога губиш во 70 минута + во Италија, кога ќе дојде некој тим со копачи и се бранат со 11 души, е тогаш токму тие голови од слободен удар може многу работи да променат. А Погба некако не е створен за таа задача.

Затоа Алегри и Марота бараат плејмејкер, така да не треба одма узбуни да се креваат.

И пак ќе речам, МОРА ДА ГО ПРОМЕНАТ ПРИСТАПОТ НА ИГРАТА.

Да почнат од 1 минута да го газат противникот, а не вака да си играат со помислата дека кога сакаат можат да им стегнат гол на Удинезе и овие ги полија со студена вода.

Дибала требаше да игра од прва минута. Коман, не дека беше толку лош, ама не беше ниту добар, и мислам дека доби шанса овој натпревар да видат дали има прогрес и како стои, и после овој настап ништо чудно да ја прифатат наводната понуда од 20 мил на Баерн.
 
Нормално дека не може да се чека само на голови од прекин, но головите од прекин т.е. од слободен удар се од круцијално значење кога губиш во 70 минута + во Италија, кога ќе дојде некој тим со копачи и се бранат со 11 души, е тогаш токму тие голови од слободен удар може многу работи да променат. А Погба некако не е створен за таа задача.

Затоа Алегри и Марота бараат плејмејкер, така да не треба одма узбуни да се креваат.

И пак ќе речам, МОРА ДА ГО ПРОМЕНАТ ПРИСТАПОТ НА ИГРАТА.

Да почнат од 1 минута да го газат противникот, а не вака да си играат со помислата дека кога сакаат можат да им стегнат гол на Удинезе и овие ги полија со студена вода.

Дибала е одличен во изведување слободни исто и Маркизио е добар. Погба не е дораснат за прекини упорно самиот се форсира во централна фигура пособено денес.

Едноставно повредите, времето и дел од играчите си го направија своето. Не Пирло, не тевез кој и да го имавме денес на терен никој немаше онај кикс на одбраната да го спречи.
 
Можевме и Џио да го чуваме и само за слободни да го клаваме, прај филмој и за него.
Од сите работи за слободните се фати. Значи јас не зборувам дека требаше Пирло да го држиме до 45 години, само ти велам тебе дека секогаш кога ќе имаме ситуација која ја менаџираше Пирло ќе ми одекнуваат во главата твоите реченици дека лани бил слаб и дека нема да ни фали. Барем тоа да не го кажуваше.
 
како што реков и порано - заминувањето на пирло,видал,тевез е ненадоместливо,али ќе најде алегри правата поставеност и формација,ќе му треба малку време 3-4 месеци да поминат да се наредат коцките..........такви мајстори и виртуози не се надоместуваат многу лесно...........главно тимот има потенцијал и прав човек на клупата,треба малку време само
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom