Евробаскет 2015 [генерална дискусија]

Која репрезентација ќе биде Европски шампион?


  • Вкупно гласачи
    63
  • Гласањето е завршено на .
Член од
14 март 2010
Мислења
17.046
Поени од реакции
16.576
eurobasket2015-logo_big.jpg

Од 5ти до 20ти септември, за прв пат пет градови во четири различни земји во Европа ќе бидат домаќини на 39то Европско првенство во кошарка под организација на ФИБА.
Сето ова е благодарејќи на повлекувањето на првичниот кандидат Украина за домаќин на Евробаскетот, пред се поради финансиски и безбедносни причини, па така Загреб, Берлин, Рига, Монпеље и Лил ќе бидат градовите домаќини на ова првенство, завршницата ќе се одигра во Лил за прв пат на фудбалски стадион, нормално среден за потребите на ова првенство.

24 репрезентации ќе се борат за титулата европски шампион, меѓу нив по петти пат ќе е и репрезентацијата на Македонија, после дебаклот на ЕП во Словенија и освоеното 21во место, нашите кошаркари за цел го имаат осмина финалето т.е поминувајќи ја групната фаза, а за тоа ќе им требаат најмалце две победи.

Дебитант на првенството ќе е Исланд.

Титулата од последното ЕП во Словенија ја брани репрезентацијата на Франција, која во финалето во Љубљана ја совлада Литванија со резултат 80-66, трета беше Шпанија победувајќи ја убедливо Хрватска со 92-66.


Да се навратиме на претставување на групите..

Група А, Монпеље
Франција
БиХ
Русија
Полска
Финска
Израел

Група Б, Берлин
Германија
Шпанија
Турција
Србија
Италија
Исланд

Група Ц, Загреб
Хрватска
Македонија
Словенија
Грција
Грузија
Холандија

Група Д, Рига
Летонија
Литванија
Естонија
Република Чешка
Украина
Белгија

Четирите најдобри репрезентации од секоја група ќе се пласираат во осминафиналето, а таму ќе вкрстат групите А со Б и Ц со Д.
Овие натпревари т.е завршницата на ЕП ќе се одигра во Лил.


Арени каде ќе се одигра првенството.

Група А - Монпеље, Park&Suites Arena
Капацитет на арената е 10.700 гледачи, отворена на 8ми септември 2008

L-Arena-de-Montpellier-devient-le-Park-Suites-Arena-218137.jpg


Група Б - Берлин, Mercedes-Benz Arena (O2 world)
Капацитет на арената 14.500 гледачи, отворена 2008 година

O2World.jpg


Група Ц, Загреб, Arena Zagreb
Капацитет на арената 16.500 гледачи

img3_big_239_Arena3_velika.jpg


Група Д, Рига, Arēna Rīga
Капацитет на арената 12.500 гледачи, отворена 15ти февруари 2006

565061.jpg


Завршница на првенството, Лил, Stade Pierre-MauroyКапацитет на арената за време на Евробаскетот 27.500 гледачи

lille.jpg




Преноси од Евробаскетот ќе врши Сител / Сител 3 телевизија, на жалост на гледачите ќе мора во тие неколку недели да ги трпиме Игорче & co
2222.jpg
 
ај прв :D мислам дека ова првенство е на Хрватите. Играт прва фаза дома, имат топ генерација: Богданович, Томич, Шарич, Хезоња(не се знај дали ќе игра), Симон... и ред други. Поискусни се за едно светско првенство каде стигнаја до 1/8 финале и несреќно изгубија од Франција(европски првак).Имаат релативно лесна група, и после вкрстват со една репрезентација од најслабата група. Најголеми противници можат да му бидат Французите кој исто дома играт, плус завршницата е кај нив на стадион.:vozbud: Тука се и Шпанците вечни фаворити и Швабите ако се соберат сите НБА ѕвезди ама Цирбес му се повреди. :facepalm:
Нашата репрезентација мислам дека максимум 1/4 финале шо ќе биди историски успех на ова екипа, со овај селектор! :D Барем квалификации за олимпијада да избориме ако ништо друго, па таму се е можно! :oeoeoe:
За мене прв фаворит Франција, а фаворит од сенка и со најголеми шанси ако знат да ги искористат Хрватска !
 
А Македонија не ти текна да ја ставиш во анкетата? (n)
 
А Македонија не ти текна да ја ставиш во анкетата? (n)
Па прашањето на анкетата не е „кој сакаш да биде шампион“, туку „кој очекуваш да стане шампион“.
 
Па прашањето на анкетата не е „кој сакаш да биде шампион“, туку „кој очекуваш да стане шампион“.
Па ете некој очекува Македонија да биди шампион ;)
 
Па прашањето на анкетата не е „кој сакаш да биде шампион“, туку „кој очекуваш да стане шампион“.


Па кога ги ставил Грција, Србија и Словенија, зошто не ја ставил и Македонија? Може Македонија ќе биде шампион, што знаеш. :toe: :oeoeoe:
Добро, како и да е, после Македонија, мој фаворит е Шпанија, гласам за Шпанија.
 
Реално гледано, целата ситуација ме потсеќа на онаа од 2011. Кошаркарите и селелторот кудени, верба во нив никаква, омаловажувани во секој поглед. :sick: Дај боже да се повтори Литванија 2011 па да затнат многу усти дечките
 
Па прашањето на анкетата не е „кој сакаш да биде шампион“, туку „кој очекуваш да стане шампион“.
Па сигуρно не очеκуваш словенија да е шампион па си ја стаил
 
Па кога ги ставил Грција, Србија и Словенија, зошто не ја ставил и Македонија? Може Македонија ќе биде шампион, што знаеш. :toe: :oeoeoe:
Добро, како и да е, после Македонија, мој фаворит е Шпанија, гласам за Шпанија.
Па сигуρно не очеκуваш словенија да е шампион па си ја стаил

Озбилни сте зошто ги ставил Србија (светски вице-шампион), Грција (двократен европски) и Словенија (увек у топ8), а не Македонија? :pos:
 
Озбилни сте зошто ги ставил Србија (светски вице-шампион), Грција (двократен европски) и Словенија (увек у топ8), а не Македонија? :pos:
Стваρно мислиш деκа Словенија има било κаκви шанси со онај состав? Не пρавиме муабет за минатото аκо е за таκа и Маκедонија беше во топ4 пρед 4-ρи години
 
Стваρно мислиш деκа Словенија има било κаκви шанси со онај состав? Не пρавиме муабет за минатото аκо е за таκа и Маκедонија беше во топ4 пρед 4-ρи години

Пак има сто пати поголеми шанси од нас, тоа е зборот. А и имате опција за Македонија. - Некоја друга, гласајте. :нинџ:
 
Франција е очигледно прв фаворит, имаат одлична петорка, играат на домашен терен и плус Шпанија е ослабена. Гоберт ако биди на пола од нивото од минатата сезона ќе си поигрува како со деца на ЕП, барем да играше Марк Гасол, ќе беше многу понеизвесно.
 
Реално гледано најсилно Европско првенство ќе биди ова во последните години. Нема некој изразит фаворит како порано на пример Шпанија шо беше, а има многу јаки репрезентации како Франција, Грција, Германија, Италија и многу фаворити од сенка како Хрватска, Србија, Русија. Литванците не ги рачунам ни на ова европско оти се покажа со нас дека се за нигде !
 
Italijancite mozhe da doguraat daleku, mn zaeban sostav imaat :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom