Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Ние како созданија и со Исус и без Исус го имаме, сме го имале и ќе го имаме тој потенцијал.
Според телема претпоставувам? Ја зборувам според христијанство.
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Св. Троица има Една Природа Која е Вечно Неспознатлива за созданијата.
Исус ја соединува создадената природа со Божјата, неслиено, неизмешано за да и обезбеди вечност.
Човечве се уфрли у моабетот како џокер и покер и ништо не објасни или даде конкретен одговор за разлика од @Мики1 кој одговори конкретно .
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Човечве се уфрли у моабетот како џокер и покер и ништо не објасни или даде конкретен одговор за разлика од @Мики1 кој одговори конкретно .
Одма искачам! Извини!:cenzura:
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Според телема претпоставувам? Ја зборувам според христијанство.
Според искуството, сознанието и увидот внатре кон сопственото себство. Бидејќи нели, "Царството Божје" е таму, и според христијанството и според телемата и според исламот и според будизмот.
Сите религии се само сенки, метафори на апсолутната Вистина, за оној што "погледнал" кон тоа "Царство" нема потреба да бира помеѓу Буда, Исус, Мухамед.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Според искуството, сознанието и увидот внатре кон сопственото себство. Бидејќи нели, "Царството Божје" е таму, и според христијанството и според телемата и според исламот и според будизмот.
Сите религии се само сенки, метафори на апсолутната Вистина, за оној што "погледнал" кон тоа "Царство" нема потреба да бира помеѓу Буда, Исус, Мухамед.
Да, но во христијанството Царството Божјо не е безлично, туку конкретно е олицетворено во Св. Троица.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Да, но во христијанството Царството Божјо не е безлично, туку конкретно е олицетворено во Св. Троица.
Тројството не е ексклузивитет на христијанството, ниту пак потекнува од него.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Тројството не е ексклузивитет на христијанството, ниту пак потекнува од него.
Да, но како Тројство, што во принцип е релативна терминологија за различни убедувања и во основа имплицира безличност.
Отецот и Синот и Светиот Дух се конкретни личности, кои делуваат конкретно во историјата на светот.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Да, но како Тројство, што во принцип е релативна терминологија за различни убедувања и во основа имплицира безличност.
Отецот и Синот и Светиот Дух се конкретни личности, кои делуваат конкретно во историјата на светот.
Ти не си спознал ништо од ова, се е ова плод на концепт кој се заснова на верување а не на спознавање. Дури кога ќе "погледнеш" внатре во твојата суштина, ќе ја осознаеш истата. Но, православната црква, таа метода ја прогласува за сатанска, за демонска, фрла анатеми на оние што ќе се решат на таков чекор.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Ти не си спознал ништо од ова, се е ова плод на концепт кој се заснова на верување а не на спознавање. Дури кога ќе "погледнеш" внатре во твојата суштина, ќе ја осознаеш истата. Но, православната црква, таа метода ја прогласува за сатанска, за демонска, фрла анатеми на оние што ќе се решат на таков чекор.
Запрашај се себеси, од каде знаеш ти што сум спознал и како? Бидејќи со ваков пристап си неблагодарен, осакатен најпрво кон себеси...
Она што прогласува Црквата за сатанско што те навредува тебе, претпоставувам мешаш Црква со црква т.е. Бог со човечки коментари, осудувања, навреди...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Запрашај се себеси, од каде знаеш ти што сум спознал и како? Бидејќи со ваков пристап си неблагодарен, осакатен најпрво кон себеси...
Она што прогласува Црквата за сатанско што те навредува тебе, претпоставувам мешаш Црква со црква т.е. Бог со човечки коментари, осудувања, навреди...
Знам, бидејќи јас за разлика од тебе, своите убедувања не ги темелам на верба, туку на спознавање, на искуство. Јас имам "погледнато" во тоа "Царство", и редовно го повторувам тоа. Ти на кој начин дозна, дека тројните аспекти на Апсолутот се засебни личности?
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Знам, бидејќи јас за разлика од тебе, своите убедувања не ги темелам на верба, туку на спознавање, на искуство. Јас имам "погледнато" во тоа "Царство", и редовно го повторувам тоа. Ти на кој начин дозна, дека тројните аспекти на Апсолутот се засебни личности?
Ај запознај не` со твоето Царство, бидејќи веруваш само на твоето искуство, а моето априори го отфрлаш. Кој има и се наоѓа во твоето Царство поконкретно?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ај запознај не` со твоето Царство, бидејќи веруваш само на твоето искуство, а моето априори го отфрлаш. Кој има и се наоѓа во твоето Царство поконкретно?
Ти никаде не наведе никакво искуство па јас истото да го отфрлам, ти поставив прашање еве пак те прашувам:
Ти на кој начин дозна, дека тројните аспекти на Апсолутот се засебни личности?
Кое е тоа искуство преку кое дозна какви се аспектите на тројството?
 
Последно уредено:

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Сега малце ми е нејасно.
Јахве има тројна природа 1+1+1=1 или Отецот, Синот и Светиот дух преставуваат еден бог.
При што Синот или Исус има двојна природа???
Малце конфузно или можда не!!!
Не е конфузно уопште...

Јахве (малку ми звучи туѓо овој израз, оти Црквата не го користи...) Е неразделна заедница од три ликови/личности: Отец и Син и Свет Дух, кои имаат и заеднички и лични атрибути. Заедничка е нивната Божествена природа/суштина, волја и енергија, што значи дека и Отецот и Синот и Светиот Дух се Богови по природа/суштина, а воедно ги запазуваат своите лични особини, кои се „непреносливи„ на другите ликови/личности.

Нивната Божествена природа и личносна релација ги чини единствени и неразделни па затоа ги именуваме како Еден Бог, а нивните поединечни особини ги одредуваат „границите„ и улогите кои секој од тие ликови ги има во таа заедница па затоа ги именуваме и како Троедин Бог/Света Троица.

Синот Божји на пример, е „поинаков„ од Отецот и од Духот по својата почетност од/во Отецот, а по Неговото воплотување/вочовечување, Синот Божји на Себе ја зема и човековата природа, која ја немаат Отецот и Духот, кои остануваат духовни „битија„, без материјални тела.

Или: Отецот промислува, Синот создава според промислата од Отецот, а Духот Свет дава живот на созданијата од Синот, едновремено и како личен и како колективен чин на делување.[DOUBLEPOST=1440276853][/DOUBLEPOST]
Сега малце ми е нејасно.
Јахве има тројна природа 1+1+1=1 или Отецот, Синот и Светиот дух преставуваат еден бог.
При што Синот или Исус има двојна природа???
Малце конфузно или можда не!!!
Не е конфузно уопште...

Јахве (малку ми звучи туѓо овој израз, оти Црквата не го користи...) Е неразделна заедница од три ликови/личности: Отец и Син и Свет Дух, кои имаат и заеднички и лични атрибути. Заедничка е нивната Божествена природа/суштина, волја и енергија, што значи дека и Отецот и Синот и Светиот Дух се Богови по природа/суштина, а воедно ги запазуваат своите лични особини, кои се „непреносливи„ на другите ликови/личности.

Нивната Божествена природа и личносна релација ги чини единствени и неразделни па затоа ги именуваме како Еден Бог, а нивните поединечни особини ги одредуваат „границите„ и улогите кои секој од тие ликови ги има во таа заедница па затоа ги именуваме и како Троедин Бог/Света Троица.

Синот Божји на пример, е „поинаков„ од Отецот и од Духот по својата почетност од/во Отецот, а по Неговото воплотување/вочовечување, Синот Божји на Себе ја зема и човековата природа, која ја немаат Отецот и Духот, кои остануваат духовни „битија„, без материјални тела.

Или: Отецот промислува, Синот создава според промислата од Отецот, а Духот Свет дава живот на созданијата од Синот, едновремено и како личен и како колективен чин на делување.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Знам, бидејќи јас за разлика од тебе, своите убедувања не ги темелам на верба, туку на спознавање, на искуство. Јас имам "погледнато" во тоа "Царство", и редовно го повторувам тоа. Ти на кој начин дозна, дека тројните аспекти на Апсолутот се засебни личности?
Целиот акцент го префрлаш на верата како неквалитет(според тебе) во човекот за спознание и се губиш во дијалогот, а немаш доблест да си призанаеш барем себеси, ако искрено се погледнеш, анализираш дека и ти се служиш во потврдувањето на спознанието и знаењето преку верата во гностичкиот човечки апарат. Но невр мајнд.

Литургискиот начин на живеење го открива, потврдува искуството како се живее во Св. Троица. Самата Литургија е општење на Трите Лица Заедно, во ова Заедно мистично, метафизички, но и физички учествува човекот со своја волја.
Ова не е теорија туку жив, искуствен опит, поцелосно, внатрешно искусување на Бог не е возможно,бидејќи на овој начин, Бог е во човекот и човекот е во Бог.:love:(смајливо ти е онтологија;))
 
Верата неможе да биде начин на спознавање, од проста причина што е пасивен начин на прифаќање одреден концепт. Кај верата недостасува клучниот - фундаментален сегмент на спознанието, а тоа е искуството. Верникот се среќава со одредена догма или концепт и истиот го прифаќа, решава да верува во него. Додека кај спознавањето, концептот е резултат, продукт на личното искуство. Кога индивидуата лично се инволвира во контеплирање на одреден правец, тогаш тоа резултира со Разбирање. Кога веруваш, тогаш Разбирањето (не е случајно напишано со голема буква) е заменето со пасивно профаќање на одреден концепт, најчесто преку наметнување од авторитет за кој се тврди дека го поседува Разбирањето кое верникот не го поседува.

Што се однеаува до литургијата, не гледам како таа ќе му овозможи на верникот увид во неговото себство, во неговото битие? Дали верникот со литургијата достигнува контемплација преку која ги осознава аспектите на апсолутот? Јас имам присуствувано на неколку, освен пасивно присуство, верниците не се вклучени на друг начин. Како тоа пасивно - физичко присуство на тој ритуал ќе му обезбеди на верникот Разбирање за тоа дали аспектите на Апсолутот се безлични или не?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom