САКАМ САМО НА СИТЕ ВАС НА ФОРУМОВ ДА ВИ ДАДАМ МАЛКУ ПОТИК,МОТИВАЦИЈА ОСЕЧАМ КАКО СИТЕ РАЦЕ ДА КРЕНАВТЕ,ДАЈТЕ МАЛКУ НАДЕЖ И ГУРНЕТЕ (за да запали) ЕДЕН НА ДРУГ ДА ПОМОГНЕМЕ КОЛКУ ШТО МОЖЕМЕ ДАЈТЕ НЕКОИ НОВИ ИНФОРМАЦИИ НЕ ЧЕКАЈТЕ НЕКОЈ ДРУГ ДА ВИ ИЗЏВАКА СЕ
Ауфвидерзен Македонијо: Како живеела како лекар во Македонија и сега во Германија
„Четири ипол години секојдневно патував по 70 километри од дома до работа и назад… Во својот град, Скопје, не можев да најдам вработување. На дожд, снег, виулици и пеколни жештини го чекав полураспаднатиот автобус и се клацкав во него. Плачев попатно, плачев во себе, за да не ме видат другите, бидејќи нели сум лекар, треба да сум со крената глава…“
Вака 34 годишната Ана Крстевска раскажуваше за своето работно искуство како лекар по општа медицина во Македонија, за порталот Фактор.мк
„Далечината до селото воопшто немаше да ми биде проблем доколку сè друго беше подносливо. Но, работев во амбуланта до која што немаше асфалтиран пат, во која што зиме немаше греење, ќе немаше ниту сапун за раце, ако сама не купував. Згора на сè, го трпев и гневот на пациентите поради неточниот апарат за мерење притисок.
Себе си се доведував во ризик кога одредував терапија. И сето тоа за 12 илјади денари. 12 илјади денари од кои што половина ги трошев за автобуски карти, а со останатите 100 евра требаше да живеам ’угледно’ како што доликува на лекар кој шест години макотрпно учел и инвестирал во себе за да дипломира со просек над 9.
Го изгубив достоинството!“, со доза на гнев заклучува Ана.
„Но, не го изгубив сонот да бидам лекар кој, освен од љубов кон работата, ќе живее и од солидна плата“.
Следејќи го сонот, Ана заминала и работи и специјализира психијатрија во северногерманскиот град Грајфсвалд:
„На почетокот ми беше чудно што платата стигнуваше редовно на секој први во месецот. Во Македонија постојано се случуваше некој застој, или од Фондот за здравство или нешто друго.“ – вели Ана, со осетна (воочлива) радост и олеснување. Таа сега е редовно вработена како општ лекар, а болницата финансиски ѝ ја покрива специјализацијата.
„Добивам плата од 2700 евра. Месечните трошоци за кирија и сметки ми се некаде околу 600-700 евра. Со остатокот надоместувам се што пропуштив во Скопје. Растоварувањето не е само од финансиски аспект и условите и третманот се далеку подобри, европски. Владее воспоставен систем на тимска работа и меѓусебно почитување“ – со воодушевување раскажува Ана.
Во своите стремежи, Германија како крајна дестијација ја имаат уште стотина лекари и други медицински работници во Македонија. И работат на остварување на целта.
Што би рекле: „Ауфвидерзен Македонијо, алес гуте…