Кафански факултет / Што пие кафаната?

  • Креатор на темата Креатор на темата RickyLFC9
  • Време на започнување Време на започнување

Кој пијалак најчесто го конзумирате?


  • Вкупно гласачи
    181
Морав :D:D .. Задолжително кој го нема гледано ! :P

Има ли кандидати за пријавување?!:angel:


Бејлис имам дома, Џејмисон ќе земам од Тобакото на враќање, ама шо к*р е тоа Гинисс?! Да не е некој енерџи дринк само. Еднаш испив пола Ред Бул, окорен бев цела вечер, со еден куп алко во мене .... За малце ќе ја решев економската криза.
Guinness го имаш во тинексите, 100че е шише пиво :) едно од најдобрите пива што сум ги пробал :D
 
Ох бреее .. Ич не сум по пивото. Али ајде, ќе падне компромис за ''коктелов'', интересно ми стои. :)
 
Ох бреее .. Ич не сум по пивото. Али ајде, ќе падне компромис за ''коктелов'', интересно ми стои. :)

Аууу ракијадава брат хахаха, хаос еј. Дај јас сум за да се пријавиме, ќе биде опасно :pos: Прво да се поздравам со мајка, тато и брат ми па после фураме... зш од ваму мали се шансите жив да се вратиш :LOL:
Guinness го имаш во тинексите, 100че е шише пиво :) едно од најдобрите пива што сум ги пробал :D

Ау многу скапо бе брат 100че.... прв пат слушам за пивово, ми напрај сега ти филм и сеа првата прилика ќе го купам да го пробам :D
 
Аууу ракијадава брат хахаха, хаос еј. Дај јас сум за да се пријавиме, ќе биде опасно :pos: Прво да се поздравам со мајка, тато и брат ми па после фураме... зш од ваму мали се шансите жив да се вратиш :LOL:


Ау многу скапо бе брат 100че.... прв пат слушам за пивово, ми напрај сега ти филм и сеа првата прилика ќе го купам да го пробам :D
паааааааа подобро 100ка во продавница него 150 во некоја рандом мејнстрим дупка со нафурани фаци и да пиеш скопско :D
 
Ладно пиво било кога, било каде. :D

Прво да си кажам дека кога е алкохолот во прашање скоро и никогаш да не сум претерувал. Шо знам, не сакам да немам контрола над мене, ваљда ради тоа најмногу.. Секогаш кога идам до фазата кога ти се мати во главата и полека почнуваш да губиш контрола прекинувам...сум повраќал неколку пати и искрено ич не ми било убаво во тие моменти, па гледам да избегнам во секој случај. Башка што е безвеза исхајпана работа, а такви работи генерално не поштувам уопште. :D

Да бидам појасен, многу мразам ќе слушнам некој како вика "ауу да знаеш како сум се опијанил вчера, се направив магаре" и сеа расправа со возбуда мислиш господ го фатил за јајцата, а уствари не направил буквално ништо значајно. Исто кога ќе каже некој "ај да пиеме вечер", одма ми се крши филм. Оти знам дека ќе седне и ќе пие првите 20 минути како будала и после ќе ми се лигави цела вечер. (посебно ако е женско :D) Далеку поарно е да си земеш нешто алкохол, да седнете со мезе, муабет, па дури и карти на пример...и полека со муабетот да се пие алкохолот, дури нема ни да приметиш колку имаш испиено.. А не "ајде бе јас веќе 5 испив ти на третата си уште". Може многу од вас правите вака, не сакам никој да навредам или нешто слично, ама кога е алкохолот во прашање мислам оти треба да се пие со ќејф, а не колку да се опијам и после да расправам 3 дена по луѓето како да сум се качил на месечината. :)


Да се навратам на темава. Пишав најгоре, ладно пиво преферирам најмногу. Оди буквално со се, со чипс, кикирики, со фудбал, со пица, со скара, со муабет, па и одлично гаси жед. :D Нормално, како дете од Валандово, крај во кој се одгледува лозје поштувам и ракија и мастика. Ама така ќејфски со салата и муабет, 3-4 чашки.. :) Исто вино со добар ручек или вечера е милина. :) У главно тоа, овие вината од тубите по 3-4 кила само мешани со сок, така чисти ми се гадни да бидам искрен. А и другиве жестоки пијалоци не ни можам да ги поднесам многу многу, ми мирисаат на разни хемикалии, нормално не сите...ама во главно. :)
 
Исто кога ќе каже некој "ај да пиеме вечер", одма ми се крши филм. Оти знам дека ќе седне и ќе пие првите 20 минути како будала и после ќе ми се лигави цела вечер.
А не "ајде бе јас веќе 5 испив ти на третата си уште". Може многу од вас правите вака, не сакам никој да навредам или нешто слично, ама кога е алкохолот во прашање мислам оти треба да се пие со ќејф, а не колку да се опијам и после да расправам 3 дена по луѓето како да сум се качил на месечината. :)

Колку годинки имет другарчињава, по муабетов не им давам појќе од 13 :D
 
Колку годинки имет другарчињава, по муабетов не им давам појќе од 13 :D
Oпшто секаде ги слушам муабетите и од повозрасни и од помали. xD


Ама нешто повеќе од "пијана" средношколка неможе да ме изнервира жими се. Путката ќе ја извади ако треба ама мора да е центар пажња цела вечер...а што е најјако од се испила чаша ипол вотка и повеќе се лигави од што е пијана.
 
Ох, ох, ох најубавата тема сте ја отвориле, обожавам алкохол. Пијам се и сешто а најмногу си обожавам шток и ракија, зимно време сакам вино но строго домашно, никако од оние ѓубрињата до 300 денари. За повраќање сум повраќал многу, многу пари, дури се научив да повраќам и со два прсти. Онака, си идам дома и знам дека ќе треба цела ноќ да се бркам во вц па си пикам 2 прсти, повраќам и си легнувам ко господин. Најмногу пијам ракија, нормално од економски причини и ја користам да го постигнам нивото на пијанство кое го сакам и после само си го одржавам со пиво.

За анегдоти и приказни имам да раскажувам 3 страни, сега само последната ќе ја споделам од пред 2 недели. Бев на свадба цел ден и по некој наш селски обичај зетот избира 3 другари кои одат да ги канат на свадба кумот, деверот, невестата. Значи ја предводат колоната со тапани и нормално цело време само пиеш. Почнав со ракија да се загреам како што напоменав погоре, 3 испив, 1 пиво попат и таман го донесовме кумот извадија Голд лабел и во рок од 20 минути го испивме цел. Нормално не ме фати одма, се си продолжи најнормално и кога излеговме од кај невестата ми се случи тотален блекаут, следно што се сеќавам е кај што се сликаме во паркот.

Дешавката е што во тие 2-3 сати открив мој нов талент, пеење. 1 сат во црквата како што пеел попот јас по него само сум викал амин и сум ги тегнел оние аааа,ееее,оооо. Првиот пат ми дал жолт карот, ми рекол Смири се не смееш да викаш амин на секое, јас сум му вратил АМИН попче. Почнале да се смејат, попот ме игнорирал и таман почнал да пее и на бога да се помолимее јас сум викнал ееее и толку било, почнале да се смејат сите и по брза постапка ме извадиле надвор. Јас за случката дознав дури вечерта на свадба, влегувам во кафана и се смејат сите и амин ми велат а јас појма немам, дури подоцна ги видов селфи фотките што сум ги правел в црква и тогаш ми кажаа.

Добрата страна е што немав никаква мака освен блекаутот, така да чим сте при пари не ги жалете за квалитетно виски, нема нешто подобро.
 
Неам стрикно еден омилен алкохол, во зависност од годишно доба и од прилика имам неколку. Вино пијам преку цела година, најчесто бело, розе а поретко црно, виното ми е увек и за домашни и за пијанки надвор во град. Ракијата отсекогаш ја пијам и сакам да ја пијам, нормално ракија се пије најчесто или во друштво у домашна седенка или у некоа кафана, у кафиќ ракија тешко дека некој пие. Од тинејџерски денови си пијам коњак и до ден денес си го пијам, он ми е како џокер, секогаш кога не знам шо да пијам или сум у дилема, коњакот ми е најсигурна опција.

Од пред две лета открив дека ми се свиѓа ептен џин-тоник, мада не со секаков џин, за лето ептен ми е погоден пијалоков. Алкохоли кои никогаш скоро не сум ги пијел и не можам да ги поднесам се узо, текила и и некои коктели или ликери.
Пивото кое е гледам најпопуларно генерално, ја послабо го пијам, обично летно време или како лек за дехидрација од ракија :) . Во последно време не пропуштам со секој алкохол да пијам и многу вода, видов дека така било многу поарно.

За пијанства ич да не кажувам, ги немам премногу, но секогаш кога јако се начукувам имам блекаути, црне рупе шо викаже Црни Бомбардер у филмот, буквално од еден момент престануваш да памтиш и утре сабајле се будиш у некој кревет (најчество својот) и појма немаш шо било, па после други ќе ти раскажуваат во разни верзии што се случувало.
 
Омилено секако дека е Пиво дури и во зима си го преферирам. Инаку пред пивцето може една ладна салата со 200-300 грама мастика и одиме после на пиво и скара, обично така правам. Зимно време црвено вино обавезно, ако се најде домашно арно ако не Витач си мскам да не е мешано со никаков сок само чисто, е обично сега ако дојде лоша дата кај шо нема пари (плата) пирмер од 20 до први се пие ефтино ама бело, ова ефтиното црвеното е многу лошо, така да удариме на бело и се прајме ќофте, за по една 50ка од сите. :) Од пивото само нејкам ДАБ, другото се ми лежи, Скопско, Јелен, Амстер итн итн, а најдобро е и кога има индиски ореви или бадеми уф.
 
Срамно или не, ама боемџиски си уживам ракија. Од дедо ми ваљда, генетски предодредено :)

Ја пијам за мезе, уз салатички, на ручек со моиве за наздравување и за заздравување. Љубам сливовка, дуњовка (другар од Србија ми ја има откриено), домашна бела... Ракија си е ракија бе!

Пијанства како кога. Најчесто сопирам за да не се претворам во аждаја и да блујам огин утрото, ама пијам многу вода додека пијам ракииче. Ме расположува и пеам. Имам искуства со емотивни ракии, скржави ракии (што те затвараат и не ти се плаче, ама у себе гориш, знојиш се), љубовни ракии (сите ги сакам и ми е сеедно истовремено), тажни ракии (тогаш пишувам интензивно после вечерта)... Мошне отровна, едноставна пијачка.

Пиво ми е за разладување и за на плажа, а благи алкохоли не упражњавам.


Црвено вино ретко пијам (ептен ако нема што друго), а бело ми е ок во сите сезони и варијанти, дали пенливо или суво, само да не е оцет.
 
Пиво и само пиво. Ако веќе цепидлачиме, Стела Артоа е перфектното пиво според мене, а сум пробал во прилично голем број. Некако совршена комбинација ми е од сите критериуми што ги имам за пиво.
Најлоши спомени од водка. Катастрофа, катаклизма. Од тогаш, не можам да помислам да помирисам никаков алкохол освен пивце. Ајт :ајнапиво:
 
Ја па мрзу гласну музику у кафану, мрзу дигнати руке у вис, драње и појање на познати српски рефрени. Абе знае се ус чашку ракију иде добар муабет, некое живели и муабет и само муабет.
Поштују например тамбураши лајф или да иде у етер ама да не е мноо гласно, за да нели ипак ми се слушамо што зборимо а да не се надвикуемо. Например Ѕвонко Богран диџеј сет : D Па и да нема никакфа музика(пример некои дебармаалски кафанчиња), уреду е, чашка муабет. Не смо на сфадбу па да урламо, на астал играње, рука у вис, изноена мишка. Може и рокче некое за у кафану, Рустикана рулз. Можда е малце офтопик, али ипак е час по музику од кафански факултет.
И глеам некои гу погрешиле поенту на тему, кажуеф што преферираф од пиење, а не што пиеф у кафану. Па кој пие бре водку,текилу, јегер у кафану бре, не сте ми јасни.
Или па рум, што смо ми, пирати.
 
Тазе полнолетници ќе одберат - пиво
Жените - бело вино
Мажите - ракија или виски

децата - узо, џин јегер, вотка, вињак итн
Ја значи у мажите да се пишам. :pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom