Може ли Македонија да ги врати воопшто кредитите што ги зема?

  • Креатор на темата Креатор на темата Mister No
  • Време на започнување Време на започнување
eve kolku ni e SREDNO ili NISKO zadolzena zemjava kako sto tvrdea: Stavrevski, Grujo megafonite i trubite nivni medumski:
http://grid.mk/read/news/510618653/...i-drzhavi-vo-svetot-so-grcija-belize-hrvatska
ДОДЕКА СИТЕ ГЛЕДААТ КОН ГРЦИЈА

Македонија е 14-та на листата на најзадолжени држави во светот, со Грција, Белизе, Хрватска...
Со затворените банки, гневните јавни протести и радикалните политичари, Грција е на колена поради разорувачкиот долг и го привлекува вниманието на целиот свет. Сепак, една нова анализа открива дека случајот на Грција е далеку од единствен, а меѓу најзадолжените држави во светот се споменува и Македонија.

ДОДЕКА СИТЕ ГЛЕДААТ КОН ГРЦИЈА

Македонија е 14-та на листата на најзадолжени држави во светот, со Грција, Белизе, Хрватска...

Со затворените банки, гневните јавни протести и радикалните политичари, Грција е на колена поради разорувачкиот долг и го привлекува вниманието на целиот свет. Сепак, една нова анализа открива дека случајот на Грција е далеку од единствен, а меѓу најзадолжените држави во светот се споменува и Македонија.


mkd-205348.jpg

Новата анализа на коалицијата Џубили дет кампејн, организација што се фокусира на долговите на земјите во развој, открива дека уште 21 земја исто така се борат со своите сопствени должнички кризи.

На листата на организацијата има три групи земји: оние што веќе страдаат од високи исплати на државниот долг, оние што се изложени на ризик од потенцијална владина должничка криза, како и оние каде што постои ризик од должничка криза предизвикана од приватниот сектор, и покрај тоа што владиниот надворешен долг е релативно мал.

Земјите што веќе се погодени од владина должничка криза, меѓу кои е и Македонија, се карактеризираат со:

1. значителен нето-долг (повеќе од 30 отсто од БДП), и

2. високи тековни државни исплати на надворешниот долг (повеќе од 15% од владините приходи).

„Во моментов има 22 земји со високи владини должнички исплати, што предизвикува огромни суми пари секоја година да излегуваат од земјата, заедно со вкупниот нето-долг кон остатокот од светот. Областите што се особено погодени од ова се Европа (Хрватска, Грција, Ирска, Македонија,Црна Гора, Португалија, Шпанија и Украина), Централна Америка и Карибите (Белизе, Коста Рика, Доминиканската Република, Ел Салвадор, Јамајка и Сент Винсент и Гренадините) и Северна Африка и Блискиот Исток (Либан и Тунис)“, вели организацијата.
mkd-205349.jpg
 
Последно уредено:
Нека прекинат да вработуваат во јавни и државни органи без потреба и контрола. Буквално секојдневно се вработуваат нови ликови по партиска директива. Нормално е со такви тендери, непотребни и нефункционални трошоци и слабо стопанство институциите да немаат пари за тековно одржување, да должат и буџетот да пука по сите шавови. Тоа допрва ќе се осети следните години.
 
Планирани нови задолжувања на долг рок на домашниот пазар на капитал:

ВЛАДАТА ДОМА ЌЕ СЕ ЗАДОЛЖИ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ 300 МИЛИОНИ ЕВРА

Буџетот за годинава, со измените и дополнувањата за кои пратениците ќе расправаат од четврток, тежи над три милијарди евра - 3,040 милијарди евра. Со ребалансот на буџетот растат и приходите и расходите, но се зголемува и минусот на сметката на Владата. Министерот за финансии Зоран Ставрески во четвртокот попладне на прес-конференција најавувајќи го ребалансот, објасни дека не е предвидено кратење на буџетите на ни еден буџетски корисник.

Новиот план за приходи и расходи е направен со претпоставен економски раст од 3,5% што е за половина процент пониска проекција од претходно. Приходите се поголеми за 57,9 милиони евра, а трошоците за 84,6 милиони евра.
Буџетскиот дефицит се зголемува за 26,6 милиони евра и ќе изнесува 3,6% од БДП. Што значи, во 2015 буџетските корисници ќе потрошат 327,4 милиони евра повеќе отколку што ќе се соберат по сите основи. Претходно, Буџетот за 2015 беше планиран со дефицит од 300,7 милиони евра.
"Финансирањето на овој дефицит и обврските по основ на домашниот и надворешниот долг, се планира да се изврши со комбинација на домашни и странски извори на финансирање, со цел да се постигне оптимална комбинација од аспект на трошоците за финансирање", стои во образложението на Ребалансот доставан до Собранието.
Притоа, Владата го зголемува домашното задолжување со долгорочни обврзници. Беше планирано на банките и на други домашни позајмувачи, Владата да им продаде државни обврзници во износ од 83,5 милиони евра, но со Ребалансот е предвидено издавање на долгорочни обврзници на износ од 383,6 милиони евра. Колку за споредба, годинава по основ на државни обврзници Владата треба да врати вкупно 100 милиони евра.
 
Остваруваме...

Владата се задолжи за нови 12 милиони евра
Со новото задолжување, долгот на Владата што треба да го врати за 10 или 15 години изнесува 106 милиони евра. Долгот со рок на отплата од 3 години изнесува скоро 330 милини евра, а речиси 449 милиони евра од долгот е врзан за едногодишни хартии од вредност.

Најголеми кредитори на Владата се банките и осигурителните компании. Па така, за пет години внатрешниот долг на Владата е зголемен за скоро 750 милиони евра, а заклучно со јуни месец оваа година, тој достигна скоро 1,3 милијарди евра.

_____________________

Еве како фино некоја држава се раздолжува...

Počela rasprodaja Grčke: Nijemci uzeli aerodrome
Grčka vlada je danas odobrila koncesiju 14 regionalnih aerodroma njemačkom konzorcijumu Fraport-Slentel za 1,23 milijardi evra
Kreditori traže privatizaciju od 50 milijardi evra – aerodroma, luka i željeznice
 
ја мислам овој пример треба да го следиме. Сепак Хрватска е член на ЕУ.
četvrtak, 9.7.2015
HRVATSKA se kroz izdanje obveznica na domaćem tržištu ovoga tjedna zadužila za dodatnih šest milijardi kuna, čime se javni dug približio ukupnom iznosu od 300 milijardi.
Srijeda, 04. 3. 2015
Hrvatska se zadužila za još 1,5 milijardi eura,
 
Остваруваме...

Македонија во групата на земји во должничка криза (страна 13)
http://jubileedebt.org.uk/wp-content/uploads/2015/07/The-new-debt-trap_07.15.pdf

Hrvatska se zadužila za još 1,5 milijardi eura,

Заклучок: Хрватите заглавиле до даска, па ај и ние да не бидеме покуси.
 
не ама 12 милиони евра се гола вода :)[DOUBLEPOST=1440068442][/DOUBLEPOST]Ова е од февруари 2015. не знамд али е коментирано. Дали касниме со некој долг, со враќање?
Република Македонија предвреме го отплати долгот за Кредитната линија за претпазливост во износ од 312 милиони американски долари кон ММФ, со што заштеди пет милиони евра. Со вчерашната трансакција во Вашингтон во износ од 174 милиони долари е исплатен целиот долг од оваа кредитна линија.
 
за какви кредити зборите бе? па 90% и повеќе се веќе исплатени. останаа уште малку за да се доисплатат па ќе станеме земја без долгови. после ќе може и на други земји да даваме кредити.
 
ја мислам овој пример треба да го следиме. Сепак Хрватска е член на ЕУ.
četvrtak, 9.7.2015
HRVATSKA se kroz izdanje obveznica na domaćem tržištu ovoga tjedna zadužila za dodatnih šest milijardi kuna, čime se javni dug približio ukupnom iznosu od 300 milijardi.
Srijeda, 04. 3. 2015
Hrvatska se zadužila za još 1,5 milijardi eura,
pametan-se-uci-na-tud.jpg
 
И сеуште се задолжуваме за стиропор, цвеќиња, канделабри, тркала и нови буџетски вработувања

ТОП ЛИСТА НАЈЗАГРОЗЕНИ ДРЖАВИ: Македонија 14-та меѓу земјите во длабока криза!
Македонија го најде своето место во групата презадолжени земји на кои дури им се заканува банкрот.
Листата, која ја зацврсти Македонија меѓу најзагрозените земји во светот кога е во прашање економската состојба, ја формираше „Jubilee Debt Campaign“, институцијата која го состави извештајот со помош на Европската унија иако нејзините пораки не ги одразуваат ставовите на Унијата.
Македонија меѓу 22-те земји на кои им се заканува банкрот поради задолженоста
 
Леле бе уште со оваа се расправате.:facepalm:

Пак ќе кажам Македонија може да ги врати кредитите, незнам зошто тропате оваа онаа.

Еве земете ја Грција за пример, и дадоа еден куп пари, сега и ги зедоа аеродромите, потоа пристаништата, па сите острови, сите енергетски обиекти, потоа одкако ќе снема нешто такво ќе одат на земјоделската земја, шуми и сл. и на крајот еден ден ќе дојдат на нула (кога нема што да земат нема да даваат повеќе пари).:aplauz:

Значи Македонија за 15-сетина години од сега, ќе може комотно да си го зголеми долгот за 2,5-3 пати, а после тоа ќе дојде грчкото сценарио.:noze:

П.С. Нели до 2050 шипците ќе станеа мнозинство, па они нека му ја мислат како ќе платат.:icon_lol::kuracc:
[DOUBLEPOST=1440077041][/DOUBLEPOST]
И сеуште се задолжуваме за стиропор, цвеќиња, канделабри, тркала и нови буџетски вработувања

ТОП ЛИСТА НАЈЗАГРОЗЕНИ ДРЖАВИ: Македонија 14-та меѓу земјите во длабока криза!
Македонија го најде своето место во групата презадолжени земји на кои дури им се заканува банкрот.
Листата, која ја зацврсти Македонија меѓу најзагрозените земји во светот кога е во прашање економската состојба, ја формираше „Jubilee Debt Campaign“, институцијата која го состави извештајот со помош на Европската унија иако нејзините пораки не ги одразуваат ставовите на Унијата.
Македонија меѓу 22-те земји на кои им се заканува банкрот поради задолженоста

Ние сме биле најзадолжени, бегај таму:boksix:

еве ти ја листата во доларес,
Напомена на сите овие им се качени бројките
https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_countries_by_external_debt


А еве ти го во процент
https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_countries_by_public_debt

Па сега кажи ми дали Македонија е најзадолжена (или како што вие викате дека ќе пропадне за некој месец).
 
Последно уредено:
Па сега кажи ми дали Македонија е најзадолжена (или како што вие викате дека ќе пропадне за некој месец).
врати му ги очилата на шефот, ништо не читаш од нив. Цитирај кај сум рекол најзадолжена, кај сум рекол ќе пропадне за еден месец. Прво ова ти се застарени податоци од 2012 на википедија, . И препораките да се прекине со непродуктивно задолжување. Буџетот е дупка, буџетските фирми се во период на полураспаѓање, сите трошоци за нормална функција им се сведени на минимум, некои се во минус...
друго за секакви забелешки обрати се до ММФ, нивни се податоците и препораките...и прогнозата дека јавниот долг ќе расне до над 50% до 2019. И те молам да ми појасниш од каде, како ќе ги врати кредитите.
 
Последно уредено:
врати му ги очилата на шефот, ништо не читаш од нив. Цитирај кај сум рекол најзадолжена, кај сум рекол ќе пропадне за еден месец. Прво ова ти се застарени податоци од 2012 на википедија, друго за секакви забелешки обрати се до ММФ, нивни се податоците. И препораките да се прекине со непродуктивно задолжување.

Можеби не си ти тој што рекол, ама има еден куп овде што го рекле тоа, за најновите податоци ме мрзи да барам (а и нема потреба да барам знам дека на сите се зголемени бројките).

ММФ најмалку што сака е да се прекине со непродуктивно задолжување, она сака да си направи ќар (или да си окупираат држава => Грција), ако смета дека не може да си ги наплати парите ИЧ нема да дава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom